Паоло Тиралонго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паоло Тиралонго
Тиралонго на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело имеПаоло Тиралонго
Роден8 јули 1977(1977-07-08)(46 г.)
Авола,  Италија
Висина1,68 м
Маса56 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2000–2002
2003–2005
2006–2009
2010–2017
Фаса Бортоло
Керамиче Панарија-Фјордо
Лампре-Фондитал
Астана
Значајни победи
Голема трка
Џиро д’Италија
3 поединечни етапи (2011, 2012, 2015)
Вуелта а Еспања
1 етапа (ТТТ) (2013)

Паоло Тиралонго (италијански: Paolo Tiralongo; р. 8 јули 1977 во Авола) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2000-2017 година.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2009 година, додека возел за Лампре-НГЦ, Тиралонго го забележал најдобриот пласман на Гранд Тур, завршувајќи на Вуелта а Еспања на осмото место откако постојано возел добро на планинските етапи. Доцнел нешто помалку од девет минути во однос на победникот, Шпанецот Алехандро Валверде од Кес д’Епарњ.[2] Се придружил на Астана за сезоната 2010 со двегодишен договор.[3] Во 2011, Тиралонго победил на етапата 19 на Џиро д’Италија, завршница на врв. Нападнал во последните километри и јасно се одвоил од водечката група, но бил придружен од Алберто Контадор (Саксо Банк-СанГард) во последните неколку метри. Прв дошол до целта, со што ја освоил првата победа по повеќе од десет години.[4]

Во 2012 година, ја освоил седмата етапа на Џиро д’Италија, која завршувала на врвот на Рока ди Камбио. На 500 метри пред крајот, возачот на Астана нападнал по воведниот напад од Микеле Скарпони од Лампре-ИСД и го поминал Скарпони во последните 100 метри, остварувајќи ја својата втора победа во кариерата на етапа на Џиро д’Италија.[5]

На 24 април 2015 година, Тиралонго ја освоил првата победа во сезоната на последната етапа на Џиро дел Трентино. Го поминал последното искачување со мала водечка група и го освоил спринтот по спустот.[6] На 17 мај ја освоил деветтата етапа на Џиро д’Италија.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1999
1. Краен пласман Триптик Ардени
2001
2. Трофео дело Скалаторе 3
3. Краен пласман Трка околу Австрија
6. ГП Коста дели Етруки
8. Џиро Провинција ди Сиракуза
9. ГП Индустрија - Ларчано
10. Трофео дело Скалаторе 2
2002
2. Краен пласман Средоземна трка
6. Краен пласман Трка Бриксија
8. Копа Агостони
10. Трофео Панталика
2003
8. Краен пласман Сетимана Копи е Бартали
10. Краен пласман Џиро дел Трентино
2004
1. Планински пласман Тур Даун Андер
2. Трофео Мелинда
2. ГП Сита ди Реио Саличето
2. Краен пласман Трка Бриксија
5. Џиро Медио Брента
7. Тре Вали Варезине
7. Џиро дела Ромања
8. Џиро дел Венето
2005
3. Милано-Торино
3. Трофео Лагвелија
6. ГП Фред Менгони
6. Краен пласман Сетимана Копи е Бартали
8. Џиро д’Оро
2008
6. Класика Примавера
2009
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
10. Џиро дел’Емилија
2011
1. Етапа 19 Џиро д’Италија
2012
1. Етапа 7 Џиро д’Италија
2013
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2015
1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
1. Етапа 9 Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Џиро СО 32 15 26 37 СО 18 23 99 45 19 83
Тур 69 46 53 СО 74
Вуелта 96 43 СО 27 8 38 51 33 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Giro d'Italia: Tiralongo to retire at season end“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 6 мај 2017. Посетено на 1 јануари 2018.
  2. „Вуелта а Еспања 2009 - Етапа 21, Крајни резултати“. Bike World News. Disqus. 20 септември 2009. Архивирано од изворникот на 2011-03-12. Посетено на 11 декември 2012.
  3. „Тиралонго потпишува со Астана“. Посетено на 20 октомври 2009.
  4. Сајмон Мекмајкл (27 мај 2011). „Џиро д'Италија Етапа 19: Тиралонго од Астана ја освоил првата победа по 12 години како професионалец“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 11 декември 2012.
  5. Вестемајер, Сузан (12 мај 2012). „Џиро д'Италија: Тиралонго победи на Рока ди Камбио“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 мај 2012.
  6. Кирстен Фратини (24 април 2015). „Ричи Порт ја запечати победата на Џиро дел Трентино“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 25 април 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]