Микеле Скарпони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Микеле Скарпони
Скарпони на Тур де Сан Луис 2014
Лични податоци
Цело име Микеле Скарпони
Прекар „Орелот на Филотрано“ (L'Aquila di Filottrano)[1]
Роден 25 септември 1979(1979-09-25)
Јези,  Италија
Починал 22 април 2017(2017-04-22) (воз. 37 г.)
Филотрано,  Италија
Висина 1,74 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Помошник
Професионални клубови
2002
2003–2004
2005–2006
2007
2008–2010
2011–2013
2014–2017
Аква & Сапоне-Кантина Толо
Домина Ваканце
ONCE
Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо
Диквиџовани-Андрони
Лампре-ИСД
Астана
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2011)
Бодовен пласман (2011)
3 индивидуални етапи (2009, 2010)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2009)
Волта а Каталуња (2011)
Џиро дел Трентино (2011)

Микеле Скарпони (италијански: Michele Scarponi; 25 септември 197922 април 2017) — италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално возел од 2002 до 2017 година, последно за UCI World Tour екипата Астана.[2]

Бил прогласен за победник на Џиро д’Италија 2011 по дисквалификацијата на Алберто Контадор. Други поголеми резултати во неговата кариера биле победите на етапните трки Тирено-Адријатико 2009, Волта а Каталуња 2011 и Џиро дел Трентино 2011.

Ран живот и аматерска кариера[уреди | уреди извор]

Скарпоно е роден на 25 септември 1979 година во градот Јези, во средишната италијанска област Марке во семејството на Џакомо и Флавија. Го поминал детството во Филотрано, Марке, со неговиот брат Марко и сестра му Силвија. Неговиот прв велосипедст му бил даден на неговата прва причесна. Се приклучил на локалниот велосипедски клуб Пјерализи на осум години и започнал да освојува трки. Во 1997 година на 17 години станал национален друмски првак; својот победнички потег го имал на искачувањето Кастело ди Канева. Бил додаден во репрезентацијата на Светското друмско првенство 1997 во Сан Себастијан, Шпанија; имал учество на јуниорската друмска трка, завршувајќи на 104. место.[3]

Во април 2001 година возејќи за аматерската екипа Сите-Фреца, Скарпони завршил втор зад Јарослав Попович на еднодневната трка Џиро дел Белведере.[4] Во април-мај 2001 година ја освоил петтата етапа и завршил втор на Џиро деле Реџони, повторно зад Јарослав Попович.[5] Во октомври учествувал на хронометарот за возачи под 23 години на Светското првенство, завршувајќи на осмо место со 1 минута и 32,40 секунди зад победникот, Американецот Дени Пејт.[6]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

2002–2004[уреди | уреди извор]

Скарпони станал професионалец во 2002 година со екипата Шаблон:Cycling data ACQ, но се распаднала на крајот на сезоната. Со екипата ја освоил својата прва професионална победа, освојувајќи етапа на Сетимана Чиклистика Ломбарда,[7] завршувајќи на второто место на трката и го имал својот прв настап на некоја голема трка, завршувајќи на осумнаесеттото место на Џиро д’Италија 2002.[8] Скарпони се преместил во екипата Домина Ваканце-Елитрон за сезоната 2003; освоил етапа на Џиро д’Абруцо, завршил трет на крај и завршил меѓу првите десет на Амстел Голд Рејс (седми) и Лиеж-Бастоњ-Лиеж (четврти) - обете трки дел од Светскиот куп 2003.[9][10] Повторно завршил меѓу првите дваесет на Џиро д’Италија (16. место),[11] и завршил тринаесетти на Вуелта а Еспања.[12]

Скарпони ја започнал сезоната 2004 со силен настап на пролетните италијански етапни трки; завршил трет на крај и освоил една етапа на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали,[13] пред да ја освоил Сетимана Чиклистика Ломбарда неколку недели подоцна заедно со три етапи, бодовниот и планинскиот пласман. Повторно возел на сите три арденски класици, завршувајќи четврти на Флеш Валон,[14] и седми на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[15] Пред Џиро д’Италија 2004, Скарпони настапил на Мировната трка; ја освоил четвртата етапа во Германија откако се приклучил на потег кон крајот на етапата и го освоил спринтот на крај.[16] Го одржал водството на трката до крајот во Прага.[17] По второто место на Трката околу Австрија во јуни, Скарпони настапил на Тур де Франс по прв пат; завршил на 32. место.[18]

2005–2006[уреди | уреди извор]

Во 2006, Скарпони бил вмешан во допинг-скандалот Операција Пуерто. И покрај ова и заминувањето на Скарпони од екипата ONCE, тој можел да склучи договор со Аква & Сапоне.

И покрај ветувачкиот почеток на сезоната 2008, Скарпони уште еднаш бил замешан во случајот Пуерто. На 8 мај 2008, Скарпони сведочел за неговата улога во случајот.[19] На 15 мај, Скарпони бил првично суспендиран.[20]

Со завршувањето на неговата забрана, Диквиџовани-Андрони објавиле на 13 јуни, дека потпишале со Скарпони за наредните две сезони. Во 2009, Скарпони победи на Тирено-Адријатико и исто така две етапи на Џиро д’Италија.

Во 2010 го освоил второто место на Тирено-Адријатико. Исто така завршил четврти во генералниот пласман на Џиро д’Италија. На таа трка ја освоил престижната победа на етапата 19, каде јасно се одвоил од групата на преминот Мортироло со двајца свои колеги од Ликвигас-Доимо, Винченцо Нибали и Иван Басо. Басо се обидувал да го преземе водството во генералниот пласман, па така Нибали и тој ја одработиле етапата во најголем дел преку опасниот спуст и постојаниот променлив терен до Априка, оставајќи го Скарпони доволно свеж за спринтање на крајот.[21] Скарпони исто така победил на Сетимана Сиклистика Ломбарда.

Во 2011, Скарпони се преселил во Лампре-ИСД, каде го освоил Џиро дел Трентино и Волта а Каталуња. Потоа на Џиро д’Италија завршил втор во генералниот пласман зад Алберто Контадор. На Контадор подоцна му била одземена титулата,[22] која подоцна му била доделена на Скарпони. Потоа се обидел да ја одбрани неговата победа на Џиро во 2012, но завршил само како 4. во генералниот пласман, а Канаѓанецот Рајдер Хесједал ја освоил победата. По Џиро, Скарпони потоа одлучил да се насочи кон Тур. Меѓутоа, Скарпони можел само да заврши како 24. во генералниот пласман.

Во 2013,[23] Скарпони ја започнал неговата сезона завршувајќи трет на Волта а Каталуња. Целел на победа на Џиро д’Италија, каде завршил четврти во генералниот пласман, на истото место како во 2010 и 2012.

За сезоната 2014, Скарпони се преселил во екипата Астана.[2]

Допинг[уреди | уреди извор]

Скарпони бил привремено суспендиран од неговата екипа во ноември 2012, откако признал дека изведувал тестови со Микеле Ферари, доктор чие име е поврзувано со бројни случаи на допинг во велосипедизмот.[24] Неговата плата била замрзната за тоа време, што изнесува 700.000 евра годишно.[25]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2002
1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
2. Краен пласман Сетимана Сиклиста Ломбард
1. Етапа 3b
8. Сетимана Сиклистика Интернационале
2003
1. ГП Фред Менгони
3. Краен пласман Џиро д’Абруцо
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
6. Краен пласман Сетимана Сиклистика Копи-Бартали
7. Амстел Голд Рејс
9. Првенство Цирих
2004
1. Краен пласман Мировна трка
1. Етапа 4
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Бодовен пласман
1. Планински пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 2
3. Краен пласман Сетимана Сиклистика Интернационале
4. Флеш Валон
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
2005
7. Вуелта а Бургос
1. Етапа 3 (ITT)
2006
6. Вуелта а Кастилја и Леон
2007
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Интернационале
Етапа 2
Етапа 5
2. Краен пласман Џиро дел Трентино
Етапа 2
4. Џиро д’Оро
5. Вуелта а Мурсија
9. Тирено-Адријатико
2009
1. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 6
Џиро д’Италија
1. Етапа 6
1. Етапа 18
2010
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Пролог
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 4
4. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 19
2. Џиро ди Ломбардија
2011
1. Краен пласман Jersey pink.svg Џиро д’Италија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Краен пласман Џиро дел Трентино
2. Краен пласман Волта а Каталуња
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 4
4. Краен пласман Џиро де Сардења
1. Етапа 5
6. Милано-Сан Ремо
2012
4. Краен пласман Џиро д’Италија
7. Тирено-Адријатико
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
2013
1. Гран Премио дела Коста Етруски
2. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Волта а Каталуња
4. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Лиеж-Бастон-Лиеж
8. Џиро дел’Емилија
10. Гран Премио Чита ди Камаиоре
2014
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Краен пласман Вуелта а Андалусија
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
2015
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 2 (ТТТ)
6. Краен пласман Трка околу Баскија
2016
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
1. Етапа 2 (ТТТ) Вуелта а Бургос

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро 18 16 47 СО 31 4 1 4 4 СО 16
Jersey yellow.svg Тур 32 24 49 41
Jersey red.svg Вуелта 13 11 СО 15 11

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tragico incidente stradale: muore il ciclista Scarponi durante un allenamento“, „La Stampa“, Editrice La Stampa, 22 април 2017 (конс. 22 април 2017 г). (на италијански)
  2. 2,0 2,1 Браун, Грегор. „Скарпони му се приклучува на Нибали во Астана, ќе ја предводи екипата на Џиро 2014“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 1 ноември 2013 (конс. 22 декември 2013 г).
  3. World Road Cycling Championships, San Sebastian – Junior Women's and Men's Road Race“, „Cyclingnews.com“, 10 октомври 1997 (конс. 23 април 2017 г).
  4. Вигано, Данило. „Popovych soloes in“, „Cyclingnews.com“, 16 април 2001 (конс. 23 април 2017 г).
  5. 26th Giro delle Regioni - 2.7.1“, „Cyclingnews.com“, април-мај 2001 (конс. 23 април 2017 г).
  6. Џонс, Џеф. „Pate wins Espoirs world title“, „Cyclingnews.com“, 9 октомври 2001 (конс. 23 април 2017 г).
  7. Scarponi assume liderança na Semana Lombarda“, „Record“, Cofina, 20 април 2002 (конс. 22 април 2017 г). (на португалски)
  8. Џонс, Џеф. „Cipollini leads them home in Milan“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 јуни 2002 (конс. 22 април 2017 г).
  9. Џонс, Џеф. „Gutsy Vinokourov beats the odds“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 20 април 2003 (конс. 22 април 2017 г).
  10. Џонс, Џеф. „Hamilton first American to win La Doyenne“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 27 април 2003 (конс. 22 април 2017 г).
  11. Хенри, Крис. „Gontchar takes finale; Simoni home in pink“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 1 јуни 2003 (конс. 22 април 2017 г).
  12. Алварез Масијас, Ернан. „Heras comfortable in gold on final day“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 28 септември 2003 (конс. 22 април 2017 г).
  13. Pastonesi, Marco (2004) (на италијански). Il diario del gregario ovvero Scarponi, Bruseghin e Noè al Giro d'Italia. Ediciclo Editore. ISBN 9788888829142. 
  14. Џонс, Џеф. „Huy high for Rebellin“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 21 април 2004 (конс. 22 април 2017 г).
  15. Џонс, Џеф. „The cards fall to Rebellin again“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 април 2004 (конс. 22 април 2017 г).
  16. Худ, Ендру. „Tuesday's EuroFile: Mayo wins at Subida al Naranca; Scarponi leads at Peace Race; $10 million for Postal; New world rankings“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 11 мај 2004 (конс. 22 април 2017 г).
  17. Худ, Ендру. „Sunday's EuroFile: Mayo wins at Asturias; Scarponi scores in Prague“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 16 мај 2004 (конс. 22 април 2017 г).
  18. Малони, Тим. „Armstrong atop Tour pantheon with sixth straight win“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 јули 2004 (конс. 22 април 2017 г).
  19. Скарпони: „Јас сум Запатеро““, „Cyclingnews.com“, 7 мај 2007 (конс. 20 мај 2007 г).
  20. Басо и Скарпони суспендирани“, „Cyclingnews.com“, 16 мај 2007 (конс. 20 мај 2007 г).
  21. Скарпони победи на 19. етапа на Џиро, Басо во розово“, „Bicycle.net“, BICYCLE.NET, 28 мај 2010 (конс. 25 септември 2012 г).
  22. CAS го казни Контадор со двегодишна забрана за случајот кленбутерол“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 6 февруари 2012 (конс. 6 февруари 2012 г).
  23. „Лампре-Мерида (LAM) – ITA“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTU&RefDate=06.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 6 јануари 2013 г. 
  24. УСАДА изрече доживотни забрани за Дел Морал, Ферари и Марти“.
  25. Стивен Фаранд. „Скарпони суспендиран од Лампре-ИСД по врските со д-р Ферари“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 ноември 2012 (конс. 8 ноември г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]