Васил Кириенка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Кириенка
Кириенка на Џиро д’Италија 2011
Лични податоци
Цело имеВасил Василевич Кириенка
ПрекарРобокап[1]
Роден28 јуни 1981 (1981-06-28) (41 г.)
Речица, Белоруска ССР, СССР СССР
Висина1,82 м
Маса75 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБелАЗ
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улога
  • возач (пензиониран)
  • спортски директор
Вид на возачспецијалист за хронометри
Професионални клубови
2006
2006
2007–2008
2009–2012
2013–2020
ОТЦ Дорс
Риетуму Банка-Рига
Тинкоф Кредит Системс
Кес д’Епарњ
Тим Скај
Менаџер на клубови
2021–БелАЗ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
3 поединечни етапи (2008, 2011, 2015)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2013)

Етапни трки

Рут ду Суд (2011)

Еднодневни трки и класици

Светски хронометарски првак (2015)
Белоруски национален хронометарски првак (2002, 2005, 2006, 2015, 2018)
Поединечен хронометар на Европските игри (2015, 2019)

Васил Василевич Кириенка (белоруски: Васіль Васілевіч Кірыенка; р. 28 јуни 1981 во Речица) — поранешен белоруски професионален друмски велосипедист,[2] кој возел професионално во периодот 2006-2020 за екипите ОТЦ Дорс, Риетуму Банка-Рига, Тинкоф Кредит Системс, Мовистар Тим и Тим Инеос. Моментално работи како спортски директор за континенталната екипа БелАЗ.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Васил Кириенка ја започнал својата кариера во екипата на Радспорт-Тим Група ПСБ во 2004 година. Следната 2005 година, тој победил на еднодневната трка Копа дела Паче и станал државен првак во хронометар. Во 2006 година, Кириенка настапувал за латвиско-швајцарската континентална екипа Риетуму Банк-Рига-Идеал. Меѓудругото, тој завршил на четвртото место на гран при трката во Талин и победил на една етапа од трката Корс де ла Солидарите во Полска. На светското првенство во друмски велосипедизам во Салцбург, Кириенка бил изненадувачки шести на хронометарската трка. Во 2007 и 2008 година, тој возел за руско-италијанската професионална континентална екипа Тинкоф Кредит Системс.

Кириенка ја освоил првата национална титула во хронометар во 2002 година. Првично бил насочен кон велодромските дисциплини, каде ја освоил бодовната трка на Светското првенство во 2008 година. Подоцна во сезоната, Кириенка ја освоил етапата 19 на Џиро д’Италија, планинска етапа до Презолана, откако го поминал денот во напад и забележувајќи над шест и пол часа на седиште. Ги нападнал останатите шест члена на бегството на подножјето на искачувањето Монте Пара за победа со разлика од над четири минути.[4]

Кејс д’Епарњ (2009–2012)[уреди | уреди извор]

Кириенка настапувајќи на олимпискиот хронометар 2012 во Лондон

Кириенка преминал во шпанската екипа Кејс д’Епарњ за сезоната 2009.

На 23 мај 2011 година, во текот на Џиро д’Италија 2011, колегата на Кириенка Хавиер Тондо починал во бизарна случка во неговиот дом додека се подготвувал да тренира со колегите. Бил згмечен помеѓу неговиот автомобил и вратата од гаражата.[5] Пет дена подоцна, Кириенка возел за победа во солонапад на дваесеттата етапа, планинска завршница до Сестриере, каде ја посветил етапната победа на Тондо, покажувајќи кон небото кога поминал на целта.[6] Екипата разгледувала опција да се повлече од трката по смртта на Тондо, но возачите едногласно гласале да продолжат.[7] Кириенка изјавил дека екипата на Џиро се надевала да добие уште една етапна победа (бидејќи победата на Франсиско Вентосо била пред смртта на Тондо) во негова чест.[8]

Во септември 2012 година, Кириенка завршил трет на индицидуалниот хронометар на Светското првенство.[9]

Тим Скај (2013–2020)[уреди | уреди извор]

Кириенка на Тур де Франс 2014

Кириенка го напуштил Мовистар Тим на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Тим Скај со тригодишен договор од сезоната 2013.[10]

Во мај 2015 година, Кириенка го освоил поединечниот хронометар]] на Џиро д’Италија, кој бил долг 59,5 километри.[11] Во јуни 2015 година го освоил поединечниот хронометар на воведните Европски игри во Баку.[12] На 23 септември 2015 година, Кириенка победил на поединечниот хронометар на Светското првенство во Ричмонд.[13]

Кириенка бил знаменосец на родната Белорусија на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, каде што настапил на хронометарската трка; завршил на 17. место. Во октомври настапил на истата дисциплина на Светското првенство во ДОха, каде го освоил сребрениот медал – со што се стекнал со еден медал од сите бои во неговата кариера.[14]

Во јануари 2020 година, Кириенка се повлекол од спортот поради повторливи „срцеви проблеми“.[2]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1999
3. Национално хронометарско првенство
2000
2. Национално хронометарско првенство
2001
2. Национално хронометарско првенство
2002
1. MaillotBielorrusia.PNG Национално хронометарско првенство
2003
Светски велодромски куп Акваскалиентес
1. Gold medal blank.svg Поединечна потера
3. Bronze medal blank.svg Екипна потера
Европско првенство под 23 години
3. Bronze medal europe.svg Поединечна потера
3. Bronze medal europe.svg Екипна потера
2004
Национални друмски првенства
2. Хронометар
3. Друмска трка
3. Bronze medal blank.svg Светски велодромски куп Акваскалиентес - поединечна потера
6. Краен пласман Трка околу Турција
2005
1. MaillotBielorrusia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Gold medal blank.svg Светски велодромски куп Манчестер - бодовна трка
1. Копа дела Паче
1. Џиро дел Касентино
1. Копа Комуне Кастелфранко ди Сопра
1. Копа Мобилио Понсако - хронометар
1. Етапа 3 Џиро дела Тоскана под 23 години
2006
1. MaillotBielorrusia.PNG Национално хронометарско првенство
Светски велодромски куп
1. Gold medal blank.svg Скреч, Сиднеј
2. Silver medal blank.svg Бодовна трка, Москва
3. Bronze medal blank.svg Бодовна трка, Сиднеј
2. Краен пласман Скандинавска недела
1. Етапа 3
2. Скандинавијан Опен
3. Bronze medal blank.svg Светско велодромско првенство - Бодовна трка
3. Рига ГП
4. ЕОС Талин ГП
4. Шлаким
5. Краен пласман Пет прстена околу Москва
6. Светско хронометарско првенство
8. Краен пласман Курс де ла Солидарите Олимпик
1. Етапа 6
2007
1. Етапа 3 Стер Електротур
1. Етапа 5 Вуелта а Бургос
2. Краен пласман Етоал де Бесеж
2. Екипен хронометар Ајндховен
3. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
8. Краен пласман Трка околу Австрија
9. Светско хронометарско првенство
9. Тур ди О Вар
9. Гран при де Фурмје
2008
1. Jersey rainbow.svg Светско велодромско првенство - бодовна трка
1. Етапа 19 Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Сиклистика Ломбарда
2. Краен пласман Стер Електротур
2. Национално хронометарско првенство
2. ГП Чита ди Камаиоре
7. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2011
1. Jersey orange.svg Краен пласман Рут ди Суд
1. Етапа 20 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
9. Краен пласман Вуелта а Мурсија
10. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 2
2012
3. Bronze medal blank.svg Светско хронометарско првенство
6. Краен пласман Критериум ди Дофине
2013
1. Етапа 18 Вуелта а Еспања
Светско друмско првенство
3. Bronze medal blank.svg Екипен хронометар
4. Поединечен хронометар
2014
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
3. Краен пласман Трка околу Баварија
4. Светско хронометарско првенство
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 11 на Вуелта а Еспања
2015
1. Податотека:Jersey rainbow chrono.PNG Светско хронометарско првенство
1. MaillotBielorrusia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Gold medal blank.svg Хронометар на Европските игри
1. Етапа 14 (ITT) Џиро д’Италија
1. Хроно де Насионс
2016
1. Хроно де Насионс
2. Silver medal blank.svg Светско хронометарско првенство
2017
Светско хронометарско првенство
3. Bronze medal blank.svg Екипен хронометар
5. Хронометар
6. ГП Мигел Индураин
2018
1. MaillotBielorrusia.PNG Национално хронометарско првенство
9. Светско хронометарско првенство
2019
1. Gold medal blank.svg Европски игри - хронометар

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 35 73 37 25  —  —  — 84  — 102 СО  —
Jersey yellow.svg Тур  —  — 60 СО 77 СО 86  — 103 112  —
Jersey red.svg Вуелта 34 16  —  —  — 73 110 83  — СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Милс, Бенџамин. „Фотогалерија на Тим Скај“. Cyclist. Team Sky. Архивирано од изворникот на 2013-07-07. Посетено на 7 ноември 2012.
  2. 2,0 2,1 Malach, Pat (30 January 2020). „Kiryienka retires due to recurring 'cardiac issues'. Cyclingnews.com. Посетено на 30 January 2020.
  3. „BelAZ“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 9 March 2021. Посетено на 9 March 2021.
  4. Gregor Brown (2008-05-30). „Contador proves tough under Di Luca's pressure“. Cycling News. Посетено на 2009-11-28.
  5. „Хавиер Тондо умрел во инцидент во неговиот дом“. Cyclingnews.com. Future plc. 23 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2014-04-08. Посетено на 17 август 2011.
  6. Феликс Лоу (28 мај 2011). „Кириенка му оддава почит на Тондо со победа“. Eurosport. Yahoo! News Network. Архивирано од изворникот на 2012-09-28. Посетено на 17 август 2011.
  7. „Мувистар продолжува на Џиро по смртта на Тондо“. Cyclingnews.com. Future plc. 23 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2014-04-09. Посетено на 24 мај 2011.
  8. Жан Франсоа Кене (28 мај 2011). „Кириенка оддаде почит на Хавиер Тондо“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот 2013-06-05. Посетено на 31 мај 2011.
  9. „Светски друмски првенства: Тони Мартин ја задржа титулата во поединечен хронометар“. BBC Sport. BBC. 19 септември 2012. Посетено на 23 септември 2015.
  10. „Kiryienka to Sky for three years“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 August 2012. Посетено на 20 August 2012.
  11. „Контадор се врати во водство на Џиро на етапата 14, поединечен хронометар, освоена од Кириенка“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 23 мај 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-09. Посетено на 1 јуни 2015.
  12. „Кириенка и Ван Дејк ги освоил хронометарските титули на Европските игри“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 јуни 2015. Посетено на 23 септември 2015.
  13. „Кириенка го освои златото на хронометарот на Светското првенство“. BBC Sport. BBC. 23 септември 2015. Посетено на 23 септември 2015.
  14. „Vasil Kiryienka calls time on his career“. Белоруски олимписки комитет. National Olympic Committee of the Republic of Belarus. 30 January 2020. Посетено на 17 December 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]