Тони Ромингер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Ромингер
Ромингер на Париз-Ница 1993
Лични податоци
Цело имеТони Ромингер
Роден27 март 1961(1961-03-27)(62 г.)
Вајле, Данска
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
1986
1987
1988–1990
1991
1992–1993
1994
1995–1996
1997
Чило-Ауфина
Супермеркати Бријанцоли-Шато д’О
Шато д’О
Тошиба
КЛАС-Кахастур
Мапеи-КЛАС
Мапеи-ГБ
Кофидис
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Планински пласман (Тур де Франс)
3 етапи
Џиро д’Италија
Генерален пласман (1995)
Бодовен пласман (1995)
Интерџиро пласман (1995)
5 етапи
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (1992, 1993, 1994)
13 етапи

Еднодневни трки и класици

Џиро ди Ломбардија (1989, 1992)

Други

Светски друмски куп UCI (1994)
Часовен рекорд (1994)
Златен велосипед (1994)
Последна промена
8 септември 2014

Тони Ромингер (германски: Tony Rominger; р. 27 март 1961 во Вајле, Данска) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој освоил три последователни изданија на Вуелта а Еспања од 1992 до 1994 година и едно издание на Џиро д’Италија во 1995 година.

Доцна започнал со велосипедизам, наводно попречен од конкуренцијата со неговите браќа. Јаки страни на Ромингер биле хронометрите, искачувањето и заздравувањето.

Му бил соперник на Мигел Индураин на Тур де Франс, завршувајќи втор во 1993 година и освојувајќи ја точкастата маичка. Трите негови победи на Вуелта претставуваат рекорд. Во 2005 година, Роберто Ерас го срушил тој рекорд, но два месеци подоцна се покажал позитивен на тестирање на ЕПО и бил дисквалификуван.

Во 1994 година, Ромингер го срушил светскиот часовен рекорд на двапати во неколку дена. Го користел велодромот во Бордо за да извози 53,832 км, а потоа и 55,291 км, иако на нова патека.

Се повлекол во 1997 година, откако ја скршил клучната коска на тогашниот Тур де Франс.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Вуелта а Еспања[уреди | уреди извор]

Џиро д’Италија[уреди | уреди извор]

Тур де Франс[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 1986 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997
Џиро 97 СО 44 СО 1
Тур 68 57 2 СО 8 10 СО
Вуелта 16 1 1 1 3 38

СО = се откажал

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Credit Suisse Sports Awards“. Посетено на 8 септември 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Награди
Претходник
Хиполит Кемпф
Швајцарски спортист на годината
1989
Наследник
Даниел Џубелини
Претходник
Вернер Гинтер
Швајцарски спортист на годината
1992–1994
Наследник
Донгхуа Ли