Алекс Циле
Циле на Тур де Франс 1993 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Алекс Циле | ||||||||||||||
Прекар | „Перо Локо“ (Perro Loco) | ||||||||||||||
Роден | 5 јули 1968 Вилм, Швајцарија | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
1991–1997 1998 1999–2000 2001–2002 2003-2004 | ONCE Фестина Банесто Тим Кост Фонак | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
|
Алекс Циле (германски: Alex Zülle; р. 5 јули 1968) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедизам. Во текот на 1990-тите години бил еден од најдобрите велосипедисти во светот, освојувајќи две изданија на Вуелта а Еспања во 1996 и во 1997 година, потоа второ место на Тур де Франс 1995 и на Тур де Франс 1999. Бил светски хронометарски првак во Лугано во 1996 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рана кариера
[уреди | уреди извор]Циле е роден е израснат во Вил, кантон Санкт Гален, син на Швајцарец, Валтер Циле и Вилхелмине, од Холандија. Како дете сакал да скија, но на 18 години се повредил при несреќа. Започнал со велосипедизам во Холандија за рехабилитациски цели, пред да се откаже поради преветровитото време.[1]
Неговиот татко, купувајќи велосипедска опрема, го натерал да му даде уште една шанса на велосипедизмот, кога се вратил во Швајцарија. По неколку години како успешен аматер, Циле станал професионалец во 1991 година. Му пришол на поранешниот спортски директор на швајцарската репрезентација, Хелветија, Пол Кехли, но Кехли наместо тоа потпишал со Лорен Дифо.[1]
Потоа, Циле му пришол на Маноло Зајц, но бил повторно одбиен, од причина што тој не потпишал со возачи кои носеле обетки. На крајот, Зајц попуштил и Циле возел за ONCE како стажант на Волта а Каталуња. Напаѓал често и завршил на третото место. Зајц целосно попуштил и Циле го потпишал првиот професионален договор во септември 1991.[2] Останал со ONCE до 1997 година.[3] Повеќето од неговите возачи биле Шпанци. Циле зборувал само швајцарски-германски кога се приклучил, но на крајот на Вуелта а Еспања им одговорал на новинарите на шпански.[4]
Афера „Фестина“
[уреди | уреди извор]Во 1998 година, Циле се приклучиле на Фестина. Екипата била исфрлена од Тур де Франс 1998 по обвинувањата за допинг, кои подоцна станале познати како афера „Фестина“. Пет возачи на Фестина вклучувајќи го Циле признале дека земале EPO.[5] Циле изјавил дека земал за да ги задоволи неговите спонзори. Исто така, изјавил дека бил лишен од неговите очила во текот на полициското интервју.[6] На 28 ноември 1998, хематокритот на Циле бил 52,3%, 2,3% над границата.
1999–2004
[уреди | уреди извор]Неговата кариера се совпаднала со онаа на Мигел Индураин, петкратен победник на Тур де Франс. Циле бил втор на Тур во 1999 година. Исто така победил на Вуелта и на Тур де Франс, како и етапи на Џиро д’Италија.
Циле се повлекол во 2004 година и одржал забава за неговите обожаватели во Вил во октомври истата година.[7]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 1992
- 1. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
- 1. Краен пласман Вуелта а Астурија
- 1. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 1. Ескалада а Монжуик
- 1993
- Париз-Ница
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 8
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 21
- 2. Краен пласман
- Хур-Ароза
- Јозеф Фегели Меморијал
- 3. Краен пласман Трка околу Баскија
- 1994
- 4. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1995
- 1. Краен пласман Трка околу Баскија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5(b)
- 1. Краен пласман Вуелта а Валенсија
- 1. Етапа 2(b)
- Челинг Мајорка
- 2. Краен пласман Тур де Франс
- 1. Етапа 9
- 2. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
- 1. Етапа 5(b)
- 2. Краен пласман Еускал Бициклета
- 1. Етапа 4(b)
- 2. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Бодовен пласман
- 3. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
- 1996
- Светско хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 15
- 1. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5(b)
- 1. Краен пласман Волта а Каталуња
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- ГП Мигел Индураин
- Еускал Бициклета
- 1. Етапа 4(b)
- 2. Краен пласман Тур де Франс
- 1. Пролог
- 1997
- 1. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 21
- 1. Краен пласман Трка околу Баскија
- 1. Етапа 5(b)
- 2. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
- 2. Милано-Торино
- 3. Флеш Валон
- 1998
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 4(b)
- Џиро д’Италија
- 1. Пролог
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 15
- 3. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
- 3. Краен пласман Трка околу Баскија
- 1. Етапа 21 Вуелта а Еспања
- 1999
- А траверс Лозана
- 1. Етапа 13 Вуелта а Еспања
- 2. Краен пласман Тур де Франс
- 2000
- Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 1 Вуелта а Еспања
- 2001
- 1. Етапа а Париз-Ница
- 2002
- 1. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 1
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5
- 1. Бодовен пласман
Распоред на резултатите на Гранд Тур
[уреди | уреди извор]1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Тур де Франс | ||||||||||||
Генерален пласман | ДНФ | 41. | 8. | 2. | 26. | ДНФ | ДНФ | 2. | ДНФ | — | — | — |
Планински пласман | — | — | — | 3. | — | — | — | — | — | — | — | — |
Бодовен пласман | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Пласман за млад возач | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Освоени етапи | — | — | — | 1 | 1 | — | — | — | — | — | — | — |
Џиро д’Италија | ||||||||||||
Генерален пласман | — | — | — | — | — | — | 14. | ДНФ | — | — | — | — |
Планински пласман | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Бодовен пласман | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Пласман за млад возач | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Освоени етапи | — | — | — | — | — | — | 3 | — | — | — | — | — |
Вуелта а Еспања | ||||||||||||
Генерален пласман | ДНФ | 2. | 4. | 20. | 1. | 1. | 8. | 37. | 49. | 109. | — | ДНФ |
Планински пласман | — | 2. | — | 3. | — | 2. | — | — | — | — | — | — |
Бодовен пласман | — | 2. | 3. | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Комбиниран пласман | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Освоени етапи | — | 3 | — | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | — | — | — |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Портрет: Како сè започна“. alex-zuelle.com. Архивирано од изворникот на 2012-02-20. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ „Интервју со Алекс Циле“. cyclingnews.com. 1 јануари 1998.
- ↑ „Портрет“ (германски). alex-zuelle.com. Архивирано од изворникот на 2007-12-12. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ „Портрет: Швајцарец во Шпанија“ (германски). alex-zuelle.com. Архивирано од изворникот на 2007-12-12. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ „Тур де Франс“. Sports Betting. Архивирано од изворникот на 2008-10-06. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ „Drugs scandal update“. Cyclingnews.com. Посетено на 25 мај 2008.
- ↑ „Zulle parties out“. Cyclingnews.com. 21 октомври 2004.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Алекс Циле на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
- Алекс Циле собрани вести и коментари на The New York Times
- Дела од или за Алекс Циле во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Родени во 1968 година
- Швајцарски велосипедисти
- Победници на Вуелта а Еспања
- Олимписки велосипедисти на Швајцарија
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 1996
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2000
- Победници на пролози на Тур де Франс
- Швајцарски етапни победници на Џиро д’Италија
- Швајцарски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Етапни победници на Тур де Свис