Алфредо Бинда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алфредо Бинда
Бинда во 1930-тите години
Лични податоци
Цело имеАлфредо Бинда
Роден11 август 1902(1902-08-11)
Читилјо,  Италија
Починал19 јули 1986(1986-07-19) (воз. 83 г.)
Читилјо,  Италија
Податоци за клубот
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување и класици
Професионални клубови
1922
1923-1924
1925-1927
1928
1929-1936
Ница Спорт
Ла Франсес
Лењано
Лењано/Мифа
Лењано
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (1925, 1927, 1928, 1929, 1933)
Планински пласман (1933)
41 индивидуална етапа (19251933)
Тур де Франс
2 индивидуални етапи (1930)

Еднодневни три и класици

Светски друмски првак (1927, 1930, 1932)
Национален друмски првак (1926, 1927, 1928, 1929)
Милано-Сан Ремо (1929, 1931)
Џиро ди Ломбардија (1925, 1926, 1927, 1931)
Џиро дел Пиемонт (1926, 1927)

Алфредо Бинда (италијански: Alfredo Binda; 11 август 190219 јули 1986)[1][2]италијански професионален друмски велосипедист. Бил прв кој освоил пет изданија на Џиро д’Италија и трикратен светски првак. Исто така, победил двапати на Милано-Сан Ремо и четирипати на Џиро ди Ломбардија.

Подоцна бил селектор на италијанската репрезентација. Со него, Фаусто Копи, Џино Бартали и Гастоне Ненчини победиле на Тур де Франс.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Бинда се родил во Читилјо близу Варезе, но се преселил во Ница, јужна Франција, како младинец. Нашол работа со неговиот вујко како малтерисувач, додека во слободно време возел велосипед. Започнал со трки во септември 1921 година, на 19 години. Ја освоил својата прва трка (иако подоцна бил дисквалификуван) и уште тогаш се гледало дека бил надарен за хронометри и искачувања.

Бинда бил трубач, поради што го добил прекарот „Трубачот од Читилјо“ (Trombettiere di Cittiglio).[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Поттикнат од наградата од 500 лири за планинскиот пласман на искачувањето Гизало, Бинда возел од Ница до Милано со цел да настапи на Џиро ди Ломбардија 1924. Ја освоил наградата, завршил четврти на трката и ведна му бил понуден професионален договор со екипата Лењано.

Џиро д’Италија 1925 било последното за легендарниот „кампионисимо“ Костанте Џирарденго. Цела Италија се надевале дека ќе победи и поразот од Бинда, 23 годишен дебитант било многу непосакувано. Поради тоа, Џирарденго продолжил да вози и двајцата развиле остро и длабоко лично ривалство. Како силата на Џирарденго слабеела, Италијанците се надевале на Доменико Пјемонтези да го сруши Бинда, но како и повеќето не успеал.

Во 1929 година, Џирарденго „открил“ неверојатно талентиран велодромски возач од Венето, Леарко Гуера. Го назначил за негов наследник, новиот „анти-Бинда“. Гуера го заменил Џирарденго и бил омилен помеѓу публиката. Ја уживал поддршката од Националната фашистичка партија, како и од печатот и пошироката спортска јавност. Бинда, од друга страна, јавно објавил дека не е заинтересиран да биде „спетаколо“. Бил едноставен и освојувал трки. Секој пат кога ќе ги поразел Гуера, антипатијата кон него растела. Додека Гуера бил отворен, Бинда бил сметан за ладен, оддалечен, па дури и надуен.

Толку бил доминантен што Газета дело Спорт му понудила 22.500 лири да го пропушти Џиро д’Италија 1930. Наместо тоа, настапил на Тур де Франс 1930, каде освоил две етапи. До 1932 година, кога го освоил Светското друмско првенство во Рим, публиката не го сакал.

Победил на Џиро вкупно пет пати во 1925, 1927, 1928, 1929 и 1933 година. Во 1933 по прв пат бил вклучен и планинскиот пласман, кој Бинда го освоил исто така. Покрај овие победи, освоил 41 индивидуална етапа (рекорд срушен дури во 2003 година од Марио Чиполини). Во 1927 година освоил 12 од 15 етапи, а во 1929 година освоил 8 последователни етапи.

На Светските првенства, Бинда бил исто така многу успешен. Победил три пати во 1927, 1930 и 1932 година (рекорд изедначен од Рик ван Стенберген, Еди Меркс и Оскар Фреире). Дополнително завршил трет во 1929 година. Додека се повлекол освоил над 120 трки, вклучувајќи ги четирите победи на националните првенства.

Постои велосипедски клуб со неговото име.[4]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1925
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 6
1. Џиро ди Ломбардија
1926
1. Џиро ди Ломбардија
1. Џиро дел Пиемонте
Џиро д’Италија
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 9
1. Етапа 11
1. Етапа 12
1. Италија Национално друмско првенство
1927
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 10
1. Етапа 12
1. Етапа 14
1. Етапа 15
1. Светско друмско првенство
1. Џиро ди Ломбардија
1. Џиро дел Пиемонте
1. Италија Национално друмско првенство
1928
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 10
1. Етапа 11
1. Џиро дел Венето
1. Италија Национално друмско првенство
1929
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Милано-Сан Ремо
1. Италија Национално друмско првенство
1930
1. Светско друмско првенство
Тур де Франс
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1931
1. Милано-Сан Ремо
1. Џиро ди Ломбардија
Џиро д’Италија
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1932
1. Светско друмско првенство
1933
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey green.svg Планински пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 10
1. Етапа 13
1. Етапа 17

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. l'Unita. 20 јули 1986. p. 22
  2. l'Unita. 22 јули 1986. p. 18
  3. Alfredo Binda Photo Gallery. bikeraceinfo.com
  4. "Tre Valli Varesine". Società Ciclistica Alfredo Binda Varese. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]