Прејди на содржината

Национална фашистичка партија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национална фашистичка партија
Partito Nazionale Fascista

Идеологија Фашизам
Весник Ил пополо д’Италија
Политичка ориентираност Десница
Видете уште Политика на Италија

Политички партии во Италија

Национална фашистичка партија (италијански: Partito Nazionale Fascista; PNF) — поранешна италијанска политичка партија, основана од Бенито Мусолини, како политички израз на фашизмот (претходно претставуван од групи познати како „фасции“ (Fasci)). Партијата владеела во Италија дваесет и една година, од 1922 до 1943, со тоталитаристички модел на владеење.

Моментално е единствената партија чијашто реформација е строго забранета со Уставот на Италија, „во каква било форма“. Практично постојат неколку мали фашистички партии во Италија, чиешто постоење моментално не се оспорува.

Историја

[уреди | уреди извор]

Партијата е основана во Рим, на 7 ноември 1921 година, и претставувала преобразба на паравоените групи „Fasci Italiani di Combattimento“ (Фаши италиани ди комбатименто; Италијански борбени групи) во поорганизирана политичка група (Италијанските борбени групи биле основани од Мусолини на 23 март 1919, во Милано).

Националната фашистичка партија (ПНФ) служела во претставувањето, популаризирањето и собирањето поддршка за идеологијата на Мусолини. Таа била главниот агент во обидот за државен удар на 23 октомври 1922, познат како „Марш на Рим“ (Marcia su Roma) (иако истовремено постоел и договор помеѓу Мусолини и кралот Виктор Емануел III, не се смета за толку важен).

По драстичните измени во изборните закони, ПНФ ги добиле контроверзните избори во април 1924. Во 1928 законски станала единствената легална партија во земјата, што траело до 1943.

Партијата се распаднала по апсењето на Мусолини по ударот во Големиот фашистички совет, предводен од Дино Гранди, на 24 јули 1943. Официјално била забранета од владата на Пјетро Бадољо на 27 јули.

Откако нацистичкатаОперација Даб“ (Unternehmen Eiche) го ослободила Мусолини во септември, ПНФ била оживеана како Републиканска фашистичка партија (Partito Fascista Repubblicano, PFR; ПФР) на 13 септември, како единствена партија во Северната Италијанска Социјална Република или Република Сало (Repubblica di Salò). Нејзин секретар бил Алесандро Паволини. ПФР не го надживеала погубувањето на Мусолини и исчезнувањето на државата Сало во април 1945.

Поврзано

[уреди | уреди извор]