Прејди на содржината

Пјетро Бадољо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пјетро Бадољо
Роден септември 28, 1871(1871-09-28)
Грацано Монферато Кралство Италија
Починал 1 ноември 1956(1956-11-01) (возр. 85)
Грацано Бадољо Италија

Пјетро Бадољо (италијански: Pietro Badoglio) Грацано Монферато, 28 септември 1871Грацано Бадољо 1 ноември 1956 бил италијански војсководец и политичар. Завршил воена академија во Торино. Во италијанската војска служел од 1892 и како артилериски поручник учествувал во колонијалните војни: етиопскиот воен поход во 1892 година како и во либијската офанзива против Турција од 1911 до 1912. Учесник во Првата светска војна. Во 1919 година избран е за сенатор, а подоцна работел и во дипломатијата, меѓу другото бил амбасадор на Италија во Бразил. По Првата светска војна го добил чинот маршал и помеѓу 1929 и 1933 година вршел должност на генерален гувернер на Либија. Од кралот Викторио Емануел III ја добил титулата кнез на Адис Абеба и именован е за гувернер и вицекрал на Етиопија.

Од 1940 година бил началник на генералштабот. Спротивставувајќи се на учеството на Италија во Втората светска војна, по агресијата на Грција поднесува оставка. Бадољо на 26 јули 1943 година именуван е за премиер откако кралот го сменил Мусолини од таа функција. Го потпишал актот за безусловна капитулација на Италија, а подоцна објавил војна на Германија. Останал премиер сè до ослободувањето на Рим 1944 година.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]