Гаетано Белони
Гаетано Белони | |||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Цело име | Гаетано Белони | ||
| Роден | 26 август 1892 Пицигетоне, | ||
| Починал | 9 јануари 1980 | ||
| Податоци за клубот | |||
| Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
| Улога | возач | ||
| Професионални клубови | |||
| 1916–1922 1923-1924 1925 1926-1927 1928 1929-1931 1932 | Бјанки Лењано Волсит Опел Волсит Бјанки Олимпија | ||
| Значајни победи | |||
| |||
Гаетано Белони (италијански: Gaetano Belloni; 26 август 1892 — 9 јануари 1980 ) — италијански професионален друмски велосипедист.
Најзначајни моменти од неговата кариера биле победата во 1920 година на Џиро д’Италија, двете победи на трката Милано-Санремо (1917 и 1920) и три победи на Џиро ди Ломбардија (1915, 1918 и 1928).
Белони е роден во Пицигетоне, во близина на Кремона и го имал своето деби во светот на друмскиот велосипедизам во пресрет на неговиот постар брат Амлето. Како аматерски велосипедист, во 1914 година ја освоил „Малата“ Џиро ди Ломбардија и Купот дел Ре, како и италијанското првенство.
Избегнувајќи да биде повикан во Првата светска војна, Белони ја освоил изненадувачки Џиро ди Ломбардија во 1915 година (подвиг кој тој го повторил во 1918 и 1928 година) и Милано-Санремо од 1917 година.
Во 1920 година ја освоил својата најголема победа, Џиро д’Италија. Во 1920 година на Белони постојано му конкурирал неговиот пријател Костанте Гирарденго, кој секогаш го поразувал и со тоа го стекнал прекарот „Вечно втор“ (Eterno Secondo).
Освоил вкупно 43 трки, како професионалец, вклучувајќи и 12 етапи на Џиро д’Италија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Достигнувања на Гаетано Белони“. Cycling Archives.
- Достигнувања на Гаетано Белони на Cycling Quotient
- „Достигнувања на Гаетано Белони“. ProCycling.
| Оваа биографска статија поврзана со италијанскиот велосипедизам е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |