Клучна коска
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Положба | Изглед од горе и долу |
|---|---|
Кај човекот, клучната коска (односно clavicula) претставува долга коска вметната меѓу лопатката и градната коска. Таа наликува на положена латинска буква (S). Конкавитетот од медијалната кривина е свртен напред. На клучната коска се разликува дел или тело и два краја, еден медијален или стернален, а другиот латерален или акромијален. Стерналниот крај се зглобува со градната коска, а акромијалниот се зглобува со еден коскен израсток на скапулата наречен acromion. На телото од клавикулата се разликуваат две страни, горна и долна. Горната е поткожна и лесно се палпира.
| Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
