Томас де Гент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Томас де Гент
Де Гент на Тур де Франс 2017
Лични податоци
Цело име Томас де Гент
Роден 6 ноември 1986 (1986-11-06) (воз. 30 г.)
Синт Никлас,  Белгија
Висина 1,79 м
Маса 67 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Лото-Судал
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2006-2008 Унибет-Даво
Професионални клубови
2009–2010

2011–2013
2014
2015-
Топспорт Вландерен-Меркатор
Вакансолел-ДКМ
Омега Парма-Квик Степ
Лото-Судал
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2012)
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2016)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2017)
Последна промена
29 септември 2017

Томас де Гент (холандски: Thomas De Gendt; р. 6 ноември 1986 во Синт Никлас) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Судал. Претходно возел за Омега Парма-Квик Степ, Топспорт Вландерен-Меркатор[1] и Вакансолел-ДКМ[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Де Гент на превојот Мортироло на Џиро д’Италија 2012

Де Гент ја имал неговата најдобра сезона во 2011. Тој победил на првата етапа на Париз-Ница и исто така ја освоил етапата 7 на Тур де Свис. На Тур де Франс, и покрај тоа што имал мала фрактура на клучната коска, Де Гент имал силна завршна недела, завршувајќи шести на етапата 19 до Алп д‘Ез и четврти на хронометарот следниот ден.

Во 2012, Де Гент ја освоил етапата 7 на Париз-Ница, откако се нашол во бегство со Реин Тарамае. На Џиро д’Италија ја освоил кралската етапа на Пасо дело Стелвио, со соло бегство, кој го донел на четвртото место во генералниот пласман.[3] Следниот ден на индивидуалниот хронометар успеал да дојде до третото место во крајниот пласман, со што го зазел првиот негов подиум на некоја Гранд Тур трка.

Во октомври 2013, Омега Парма-Квик Степ објавила дека потпишале со Де Гент за сезоната 2014.[4] По една година со нив, Де Гент се преселил во Лото-Белисол во 2015 година со двегодишен договор.[5] На Тур де Франс 2016 ја освоил дванаесеттата етапа, која завршувала на Мон Венту.[6] На Вуелта а Еспања 2017, Де Гент ја освоил деветнаесеттата етапа од бегство, заокружувајќи го неговиот комплет на етапни победи на сите три големи трки.[7]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Етапа 3 Трка околу Тирингија
2008
1. ГП Варегем
1. Краен пласман Ле Триптик де Монт ет Шато
1. Етапа 1
1. Етапа 4 Трка околу Навара
2009
1. Интернационален Вилертрофи Јонг Мар Медиг
1. Етапа 4 Тур де Валони
1. Планински пласман Трка околу Британија
1. Бодовен пласман Трка околу Британија
2010
1. Бодовен пласман Волта ао Алгарве
2. Брабант Пејл
3. Краен пласан Стер Електротур
2011
1. Етапа 7 Тур де Свис
1. Етапа 1 Париз-Ница
2. Краен пласман Сиркут де Лорен
1. Етапа 3
2012
1. Етапа 7 Париз-Ница
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 20
3. Амстел Курасао
2013
1. Етапа 7 Волта а Каталуња
2015
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Париз-Ница
Тур де Франс
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 13
2016
Волта а Каталуња
1. Етапа 4
1. Jersey red.svg Планински пласман
1. Jersey white.svg Спринтерски пласман
Тур де Франс
1. Етапа 12
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапите 5 и 12
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 4 на Вуелта а Еспања
2017
Вуелта а Еспања
1. Етапа 19
Jersey green number.svg Награда за борбеност на етапа 13
1. Jersey blackdots.png Планински пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 1 Критериум ди Дофине
4. Национално хронометарско првенство
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 14 на Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 3 65
Jersey yellow.svg Тур 62 96 67 40 во тек
Jersey red.svg Вуелта 62 СО СО 65 57

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Достигнувања на 25237“. Cycling Archives. http://www.cyclingarchives.com/coureurfiche.php?coureurid=25237. 
  2. „Vacansoleil-DCM Pro Cycling Team (VCD) – NED“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MjgxOA&RefDate=18.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 18 јануари 2013 г. 
  3. Фотерингем, Аласдер. „Де Гент однесе спектакуларна соло победа на Џиро“. Reuters. http://www.euronews.com/sport/1530790-de-gendt-takes-spectacular-solo-win-in-giro/. конс. 26 мај 2012 г. 
  4. Томас де Гент потпиша едногодишен договор со Омега Парма-Квик Степ“, „Sky Sports“, BSkyB, 4 октомври 2013 (конс. 6 октомври 2013 г).
  5. Де Генет потпиша двегодишен договор со Лото-Белисол“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 септември 2014 (конс. 25 септември 2014 г).
  6. Вајсло, Лаура. „Froome knocked from bike on Mont Ventoux, keeps yellow“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 14 јули 2016.
  7. О’Ши, Садб (8 септември 2017). „Vuelta a Espana: De Gendt takes Grand Tour stage triptych“. http://www.cyclingnews.com/news/vuelta-a-espana-de-gendt-takes-grand-tour-stage-triptych/. конс. 10 септември 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]