Естебан Чавес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Естебан Чавес
Лични податоци
Цело имеХоан Естебан Чавес Рубио
ПрекарЧавито[1]
Роден17 јануари 1990 (1990-01-17) (29 г.)
Богота,  Колумбија
Висина1,64 м
Маса54 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМичелтон-Скот
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Аматерски клубови
2009–2011 Колумбија ес Пасион-Колдепортес
Професионални клубови
2012–2013
2014–
Колумбија-Колдепортес
Орика-ГринЕЏ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2016, 2018)
1 ТТТ етапа (2015)
Вуелта а Еспања
2 индивидуални етапи (2015)

Етапни трки

Трка Абу Даби (2015)
Тур де л’Авенир (2011)

Еднодневни трки и класици

Џиро ди Ломбардија (2016)
Џиро дел’Емилија (2016)
Гран Премио Чита ди Камаиоре (2012)
Последна промена
9 април 2019

Хоан Естебан Чавес Рубио (шпански: Jhoan Esteban Chaves Rubio; р. 17 јануари 1990 во Богота) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мичелтон-Скот.[2] Чавес настапувал како професионалец од почетокот на сезоната 2012, потпишувајќи за екипата Колумбија-Колдепортес,[3] откако три сезони поминал како аматер со екипата Колумбија ес Пасион-Колдепортес.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Чавес вози за екипата Колумбија во 2012 година

Како аматер, Чавес победил на француската трка Тур де л’Авенир во 2011. Чавес бил дел од бегството на првата друмска трка на етапата, преземајќи ја маичката за планинскиот пласман по етапата.[4] Го препуштил водството на Гарикоиц Браво следниот ден, но повторно го преземал на третата етапа.[5] Браво повторно го преземал водството по четвртата етапа до крајот на трката, но Чавес имал за цел за победа на целата трка со неколку последователни завршници во првите десет,[6] и доцнел зад предводникот на трката Давид Боали седум секунди пред последната етапа. Чавес бил дел од четиричленото бегство кое се одвоило по претпоследното искачување и иако бил поразен на целта од Варан Баргиј и Матија Катанео, третото место на Чавес и разликата од 24 секунди на групата, му овозможила да победи на трката за 17 секунди.[7]

Колумбија Колдепортес (2012-2013)[уреди | уреди извор]

Чавес ја носи водечката црвена маичка на Вуелта а Еспања 2015

Чавес станал професионалец со новосоздадената екипа Колумбија-Колдепортес во сезоната 2012,[8] откако неговата поранешна екипа Колумбија ес Пасион-Кафе де Колумбија се вратила на домашните трки во Колумбија. Настапувал на неколку од предсезонските италијански трки, вклучувајќи го Тирено-Адријатико, но се повлекол од трката на претпоследниот ден. Откако завршил 18. на неговата домашна трка, Вуелта а Колумбија, Чавес се вратил во Европа за Пруеба Вилјафранка де Ордизија. Чавес направил напад на 10 километри пред целта, но возачот на Еускалтел-Еускади Горка Изагире го поразил Чавес на целта.[9] Чавес продолжил на Вуелта а Бургос, каде ја освоил последната етапа на трката. Колегите од Тим Скај Ригоберто Уран и Серхио Енао се одвоиле од групата на последното искачување и единствено Чавес можел да ги следи; на крајот Чавес ги победил неговите поранешни колеги доаѓајќи до својата прва професионална победа на целта и завршувајќи на трката на третото место.[10] Следниот викенд, Чавес ја однел победата на ГП Чита ди Камаиоре.[11]

Чавес се здобил со сериозни повреди при пад на Трофео Лаигвелја во февруари 2013.[12]

Орика-ГринЕЏ (2014-)[уреди | уреди извор]

Чавес се префрлил во екипата Орика-ГринЕЏ за сезоната 2014 на двегодишен договор.[2]

На Вуелта а Еспања 2015, Чавес ја освоил втората етапа претекнувајќи ги Том Димулен(Џајант-Алпецин) и Николас Роуш (Тим Скај) на врвот на искачувањето од трета категорија. Со тоа го преземал водството во трката.[13] Чавес го изгубил водството на трката на петтата етапа, кога групата се поделила при целта и доцнел 6 секунди зад Димулен.[14] Меѓутоа, на шестата етапа, Чавес нападнал на 2 километри од врвот на завршното искачување и се одржал пред Даниел Мартин и Димулен со пет секунди за негова втора етапна победа и повторно преземање на водството.[15] Во текот на Вуелта, Чавес го продолжил договорот за дополнителни три сезони.[16] На крај завршил на Вуелта на петтото место.[17]

Сезоната 2016 била одлична за него откако завршил втор во генералниот пласман на Џиро д’Италија и трет на Вуелта а Еспања. На 1 октомври 2016 година, Чавес ја освоил Џиро ди Ломбардија, негова прва победа на еден од петте велосипедски „монументи“.[18]

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[19] Се мачел на трката, на крајот завршувајќи на 62. место, скоро два и пол часа зад победникот Крис Фрум.[20] Се вратил на Вуелта а Еспања подоцна во сезоната. Покажал добра форма на воведните етапи,[21] но подоцна завршил само како единаесетти.[22]

2018[уреди | уреди извор]

Чавес ја започнал својата сезона со Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, пред да настапи на Хералд Сан Тур. Се одвоил од главната група на последното искачување на претпоследната етапа, освојувајќи ја победата и преземајќи го водството во генералниот пласман.[23] Го одржал водството и ја освоил трката следниот ден, негова втора победа на етапна трка. Чавес настапил на Џиро д’Италија 2018,[24] каде ја освоил шестата етапа

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
2. Национално младинско друмско првенство
2009
1. Етапа 1 Вуелта а Кундинамарка
2010
5. Краен пласман Сиркуито де Комбита
2011
1. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 1 Класика Клуб Депортиво Бојака
3. Краен пласман Сиркуито де Комбита
2012
1. ГП Чита ди Камаиоре
1. Пласман за млад возач Вуелта а Колумбија
2. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
3. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 5
1. Пласман за млад возач
5. Меморијал Марко Пантани
6. Светско друмско првенство под 23 години
2014
1. Етапа 8 Тур де Свис
3. Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Тур де Лангкави
7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 6
2015
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка Абу Даби
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 3
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
1. Етапа 6
8. Џиро ди Ломбардија
2016
1. Џиро ди Ломбардија
1. Џиро дел’Емилија
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 14
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
2017
2. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Краен пласман Хералд Сан Тур
2018
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Големи трки 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 55 2 72
Jersey yellow.svg Тур 62
Jersey red.svg Вуелта 41 5 3 11

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Chavito" getting to like it!“, „Колумбија-Колдепортес“, Libero, 11 август 2012 (посет. 11 август 2012 г).
  2. 2,0 2,1 Орика ГринЕЏ потпиша со Естебан Чавес“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 18 октомври 2013 (посет. 16 декември 2013 г).
  3. Стоукс, Шејн. „Complete Colombia-Coldeportes 2012 roster finalized, team to push for big invites“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 6 декември 2011 (посет. 11 август 2012 г).
  4. Хофланд победи од бегство во Линевил“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2011 (посет. 11 август 2012 г).
  5. Хепбурн ја освои втората етапа на Тур де л’Авенир“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 септември 2011 (посет. 11 август 2012 г).
  6. Колумбија ја одбрани титулата на Тур де л’Авенир“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 септември 2011 (посет. 11 август 2012 г).
  7. Стоукс, Шејн. „Чавес ја запечати победата на Тур де л’Авенир за Колумбија“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 12 септември 2011 (посет. 11 август 2012 г).
  8. Заокружен составот на Колумбија-Колдепортес 2012“, „Колумбија-Колдепортес“, Libero, 9 јануари 2012 (посет. 11 август 2012 г).
  9. Изагире триумфирал во Шпанија“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 25 јули 2012 (посет. 11 август 2012 г).
  10. Outstanding Chaves’ premiere at Vuelta a Burgos“, „Колумбија-Колдепортес“, Libero, 5 август 2012 (посет. 11 август 2012 г).
  11. Camaiore, festa Chaves; Bravo Pellizotti: è terzo“, „La Gazzetta dello Sport“, RCS MediaGroup, 11 август 2012 (посет. 11 август 2012 г). (на италијански)
  12. Мур, Кајл. „Colombia's Johan Esteban Chaves recovering after Trofeo Laigueglia crash“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 18 февруари 2013 (посет. 18 февруари 2013 г).
  13. Мекви, Најал (23 август 2015). „Esteban Chaves wins second stage to take overall Vuelta a España lead“ – преку The Guardian. 
  14. „Caleb Ewan takes maiden Grand Tour victory on Vuelta a España stage five“. 26 август 2015. 
  15. „Esteban Chaves regains Vuelta a España lead from Tom Dumoulin“. 27 август 2015 – преку The Guardian. 
  16. Виндзор, Ричард. „Esteban Chaves earns extended contract with Orica-GreenEdge after Grand Tour breakthrough“, „Cycling Weekly“, Time Inc. (UK) Ltd, 8 септември 2015 (посет. 8 септември 2015 г).
  17. „Fifth place overall for Chaves at the Vuelta a Espana“. 
  18. „Giro di Lombardia: Esteban Chaves beats tearful Diego Rosa“. BBC. 1 октомври 2017. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2018. конс. 26 февруари 2018. 
  19. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 28 јуни 2017. 
  20. Флечер, Патрик (23 јули 2017). „Chaves fights through setbacks to make Paris in Tour de France debut“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2018. конс. 26 февруари 2018. 
  21. „Esteban Chaves impresses on challenging Vuelta a Espana stage into Gruissan“. Еurosport. 21 август 2017. Архивирано од изворникот на 26 February 2018. конс. 26 февруари 2018. 
  22. „Chris Froome completes Tour de France - Vuelta a Espana double“. cyclingnews.com. 11 септември 2017. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2018. конс. 26 февруари 2018. 
  23. „Chaves moves into Herald Sun Tour lead with Lake Mountain stage win“. cyclingnews.com. 4 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2018. конс. 26 февруари 2018. 
  24. „Chaves seals Herald Sun Tour overall victory“. Cycling Weekly. 8 февруари 2018. стр. 14. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]