Тирено-Адријатико 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тирено-Адријатико 2015
Светска турнеја UCI 2015, трка 3 од 28
Tirreno-Adriatico 2015 logo.jpg
Детали за трката
Датум(и) 11–17 март 2015
Етапи 7
Растојание 1.004,3 км
Време 25ч 11' 16" (39,9 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Наиро Кинтана (КОЛ) (Мовистар Тим)
Втор  Бауке Молема (ХОЛ) (Трек Фактори Рејсинг)
Трет  Ригоберто Уран (КОЛ) (Етикс-Квик Степ)

Бодовен  Петер Саган (СВК) (Тинкоф-Саксо)
Планински  Карлос Кинтеро (КОЛ) (Колумбија)
Младински  Наиро Кинтана (КОЛ) (Мовистар Тим)
2014
2016

Тирено-Адријатико 2015 — 50. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико. Се одржала од 11 до 17 март и била трета трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Трката била една од најважните трки во првиот дел на велосипедската сезона и била користена од возачите за подготовка на големите трки и на класиците.

Рутата на изданието во 2015 година започнувала и завршувала со индивидуален хронометар, еден од нив пренаменет, откако првично бил замислен како екипен хронометар, но изменето пред започнување на трката. Помеѓу нив, трката се состоела од две етапи погодни за спринтерите, една за експлозивните возачи и две за искачувачите. Клучната етапа на трката била петтата етапа, која завршувала на врвот МОнте Терминило. Бранителот на титулата од 2014 година бил Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо), кој се очекувало да биде предизвикан од најсилните етапни возачи, Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Астана) и Крис Фрум (Тим Скај). Меѓутоа, Фрум се повлекол кратко пред трката.

Првиот индивидуален хронометар бил освоен од Адријано Малори (Мовистар Тим), кој го одржувал водството на првите две етапи. Грег ван Авермет (БМЦ Рејсинг Тим) и Ваут Пулс (Тим Скај) ги освоиле следните две етапи, секој преземајќи го водството на трката на еден ден. Кралската етапа до Монте Терминило била освоена од Кинтана, кој го преземал водството и успеал да го зачува до крајот на трката. Бауке Молема (Трек Фактори Рејсинг) завршил втор, 18 секунди зад Кинтана, а Ригоберто Уран (Етикс-Квик Степ) на третото место.

Петер Саган (Тинкоф-Саксо) го освоил бодовниот пласман, откако победил на една етапа и завршил помеѓу првите десет на три други. Планинскиот пласман бил освоен од Карлос Кинтеро (Колумбија), додека Наиро Кинтана го освоил и пласманот и млад возач, покрај генералниот пласман.

Распоред[уреди | уреди извор]

Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 11 март Камаиоре 22,7 км
5,4 км
Time Trial.svg екипен хронометар
индивидуален хронометар
 Адријано Малори (ИТА)
2 12 март Камаиоре до Кашина 153 км Plainstage.svg рамна етапа  Јенс Дебишер (БЕЛ)
3 13 март Кашина до Арецо 203 км Hillystage.svg ридеста етапа  Грег ван Авермет (БЕЛ)
4 14 март Арецо до Кастелраимондо 226 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Ваут Пулс (ХОЛ)
5 15 март Езанатолја до Монте Терминило 196,9 км Mountainstage.svg планинска етапа  Наиро Кинтана (КОЛ)
6 16 март Риети до Порто Сант’Елпидио 210 км Hillystage.svg ридеста етапа  Петер Саган (СВК)
7 17 март Сан Бенедето дел Тронто 10 км Time Trial.svg индивидуален хронометар  Фабијан Канчелара (ШВА)

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На пет професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[3]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

11 март 2015 — Камаиоре, 5,4 км (ITT)
Резултат од етапа 1 и генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Адријано Малори (ИТА) Сина маичка Црвена маичка Мовистар Тим 6' 04"
2  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг + 1"
3  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 2"
4  Мачеј Боднар (ПОЛ) Тинкоф-Саксо + 2"
5  Матијас Брендле (ПОЛ) ИАМ Сајклинг + 2"
6  Даниел Ос (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 4"
7  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Канондејл-Гармин + 5"
8  Стив Камингс (ВБР) МТН Кубека + 6"
9  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо + 6"
10  Жоан Ле Бон (ФРА) ФДЖ + 8"

Етапа 2[уреди | уреди извор]

12 март 2015 — Камаиоре до Кашина, 153 км
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Јенс Дебишер (БЕЛ) Лото-Судал 3ч 30' 18"
2  Петер Саган (СВК) Бела маичка Тинкоф-Саксо и.в.
3  Сем Бенет (ИРС) Бора-Аргон 18 и.в.
4  Александар Порсев (РУС) Катјуша и.в.
5  Тајлер Фарар (САД) МТН Кубека и.в.
6  Магнус Корт Нилсен (ДАН) Орика-ГринЕЏ и.в.
7  Рогер Клуге (ГЕР) ИАМ Сајклинг и.в.
8  Никола Руфони (ИТА) Бардијани-ЦСФ и.в.
9  Зак Демпстер (АВС) Бора-Аргон 18 и.в.
10  Марк Реншо (АВС) Етикс-Квик Степ и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Адријано Малори (ИТА) Сина маичка Мовистар Тим 3ч 36' 22"
2  Петер Саган (СВК) Бела маичка Тинкоф-Саксо + 0"
3  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг + 1"
4  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 2"
5  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 2"
6  Мачеј Боднар (ПОЛ) Тинкоф-Саксо + 2"
7  Даниел Ос (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 4"
8  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Канондејл-Гармин + 5"
9  Стив Камингс (ВБР) МТН Кубека + 6"
10  Мартејн Кејзер (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 7"

Етапа 3[уреди | уреди извор]

13 март 2015 — Кашина до Арецо, 203 км
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 4ч 58' 17"
2  Петер Саган (СВК) Бела маичка Тинкоф-Саксо и.в.
3  Здењек Штибар (ЧЕШ) Етикс-Квик Степ и.в.
4  Филипо Поцато (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
5  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг и.в.
6  Зимон Гешке (ГЕР) Џајант-Алпецин и.в.
7  Паул Мартенс (ГЕР) Лото НЛ-Џамбо и.в.
8  Андриј Гривко (УКР) Астана и.в.
9  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ и.в.
10  Ваут Пулс (ХОЛ) Тим Скај и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Грег ван Авермет (БЕЛ) Сина маичка БМЦ Рејсинг Тим 8ч 34' 31"
2  Петер Саган (СВК) Црвена маичка Бела маичка Тинкоф-Саксо + 2"
3  Адријано Малори (ИТА) Мовистар Тим + 8"
4  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг + 9"
5  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 10"
6  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Канондејл-Гармин + 13"
7  Стив Камингс (ВБР) МТН Кубека + 14"
8  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Мовистар Тим + 16"
7  Едвалд Боасон Хаген (НОР) МТН Кубека + 16"
10  Андриј Гривко (УКР) Астана + 17"

Етапа 4[уреди | уреди извор]

14 март 2015 — Арецо до Кастелраимондо, 226 км
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Ваут Пулс (ХОЛ) Тим Скај 5ч 53' 38"
2  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 14"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 14"
4  Алекси Вијермоз (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 14"
5  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 14"
6  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тинкоф-Саксо + 14"
7  Џампаоло Карузо (ИТА) Катјуша + 14"
8  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 14"
9  Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Судал + 14"
10  Адам Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 14"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Ваут Пулс (ХОЛ) Сина маичка Тим Скај 14ч 28' 18"
2  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 17"
3  Стив Камингс (ВБР) МТН Кубека + 26"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 26"
5  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тинкоф-Саксо + 27"
6  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Мовистар Тим + 28"
7  Бауке Молема (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 28"
8  Петер Саган (СВК) Црвена маичка Тинкоф-Саксо + 30"
9  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 31"
10  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 32"

Етапа 5[уреди | уреди извор]

15 март 2015 — Езанатолја до Монте Терминило, 199 км
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 5ч 26' 03"
2  Бауке Молема (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 41"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 55"
4  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 55"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 55"
6  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 55"
7  Адам Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 55"
8  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 55"
9  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 1' 05"
10  Дамијано Карузо (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 10"
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Наиро Кинтана (КОЛ) Сина маичка Бела маичка Мовистар Тим 19ч 54' 45"
2  Бауке Молема (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 39"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 48"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 57"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 1' 03"
6  Адам Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 1' 04"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 06"
8  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 1' 07"
9  Стив Камингс (ВБР) МТН Кубека + 1' 12"
10  Ваут Пулс (ХОЛ) Тим Скај + 1' 13"

Етапа 6[уреди | уреди извор]

16 март 2015 — Риети до Порто Сант’Елпидио, 210 км
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Петер Саган (СВК) Црвена маичка Тинкоф-Саксо 5ч 04' 13"
2  Гералд Чолек (ГЕР) МТН Кубека и.в.
3  Јенс Дебишер (БЕЛ) Лото НЛ-Џамбо и.в.
4  Магнус Корт Нилсен (ДАН) Орика-ГринЕЏ и.в.
5  Максимилијано Ричезе (АРГ) Лампре-Мерида и.в.
6  Едвалд Боасон Хаген (НОР) МТН Кубека и.в.
7  Никијас Арнт (ГЕР) Џајант-Алпецин и.в.
8  Сем Бенет (ИРС) Бора-Аргон 18 и.в.
9  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Канондејл-Гармин и.в.
10  Алексеј Луценко (КАЗ) Астана и.в.
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Наиро Кинтана (КОЛ) Сина маичка Бела маичка Мовистар Тим 24ч 58' 58"
2  Бауке Молема (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 39"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 48"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 57"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 1' 03"
6  Адам Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 1' 04"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 06"
8  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 1' 07"
9  Стив Камингс (ВБР) МТН Кубека + 1' 12"
10  Ваут Пулс (ХОЛ) Тим Скај + 1' 13"

Етапа 7[уреди | уреди извор]

17 март 2015 — Сан Бенедето дел Тронто до Сан Бенедето дел Тронто, 10,05 км, (ITT)
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг 11' 23"
2  Адријано Малори (ИТА) Мовистар Тим + 4"
3  Васил Кириенка (БЛР) Тим Скај + 9"
4  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Мовистар Тим + 12"
5  Мачеј Боднар (ПОЛ) Тинкоф-Саксо + 16"
6  Мајкл Хепберн (АВС) Орика-ГринЕЏ + 16"
7  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Канондејл-Гармин + 17"
8  Стив Камингс (ВБР) МТН Кубека + 23"
9  Андреј Амадор (КРИ) Мовистар Тим + 25"
10  Едвалд Боасон Хаген (НОР) МТН Кубека + 26"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Наиро Кинтана (КОЛ) Сина маичка Бела маичка Мовистар Тим 25ч 11' 16"
2  Бауке Молема (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 18"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 31"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 35"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 39"
6  Стив Камингс (ВБР) МТН Кубека + 40"
7  Ваут Пулс (ХОЛ) Тим Скај + 56"
8  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 59"
9  Адам Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 1' 09"
10  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Тинкоф-Саксо + 1' 11"

Поредок[уреди | уреди извор]

Имало четири главни пласмани на Тирено-Адтијатико 2015. Првиот и најважниот од сите бил генералниот пласман. Бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Временските бонуси биле доделувани на првите тројца на целта на друмските етапи (етапите од 2 до 6): етапниот победник добивал десет секунди, вториот шест и третиот четири секунди. Овие секунди биле доделувани и на првите тројца возачи на средните спринтови (три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот возач и една секунда за третиот). Предводникот на генералниот пласман ја добивал сината маичка, а победникот на пласманот бил сметан за победник на целата трка.[4]

Вториот пласман бил бодовниот. На секоја етапа на трката, бодовите биле доделувани на првите десет возачи. Победникот добивал 12 бода, вториот возач добивал 10 бода, третиот 8 бода и по еден бод помалку до еден бод за десеттиот возач. Бодовите биле доделувани и за првите четворица возачи на средните спринтови, пет бода за победникот на спринтот и три, два и еден бод за возачите на второто, третото и четвртото место, соодветно. Првично било планирано дека нема да има бодови на првата етапа, бидејќи ќе била екипен хронометар. Меѓутоа, откако била променета во индивидуален хронометар биле доделени бодови на етапата во ист сооднос како за средниот спринт. Победникот на бодовниот пласман ја добивал црвената маичка.[5][6]

Третиот пласман бил планинскиот пласман. На секоја од друмските етапи имало категоризирани искачувања. Првите возачи на врвот на искачувањето добивале бодови во планинскиот пласман. На повеќето искачувања, првите четворица возачи освојувале бодови, по пет, три, два и еден бод соодветно. Повеќе бодови се добивале на двете најтешки искачувања на трката. Ова биле на врвот Монте Терминило на петтата етапа и Поџо Сан Ромуалдо на четвртата етапа. На овие искачувања, победникот добил 15 бода во пласманот, а дополнително уште шест возачи добиле бодови. Возачот со најмногу бодови ја добивал зелената маичка.[7]

Последен пласман бил пласманот за млад возач. Овој бил заснован на пресметката на генералниот пласман: највисокиот пласиран возач роден на и по 1 јануари 1990 година бил предводник на пласманот и ја добивал белата маичка.[7]

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey blue.svg
Бодовен пласман
Jersey red.svg
Планински пласман
Jersey green.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
1 Адријано Малори Адријано Малори Адријано Малори недоделена Петер Саган
2 Јенс Дебишер Јенс Дебишер Данило Вис
3 Грег ван Авермет Грег ван Авермет Петер Саган
4 Ваут Пулс Ваут Пулс Карлос Кинтеро Тибо Пино
5 Наиро Кинтана Наиро Кинтана Наиро Кинтана
6 Петер Саган
7 Фабијан Канчелара
На крај Наиро Кинтана Петер Саган Карлос Кинтеро Наиро Кинтана

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "UCI го потврди календарот на Светската турнеја 2015". Cycling News. конс. 4 јануари 2015. 
  2. "Календар на UCI 2015". UCI. конс. 4 јануари 2015. 
  3. Објавени специјалните покани за Џиро д’Италија 2015: ЦЦЦ ин, Колумбија аут“, „Cycling Weekly“, 19 јануари 2015 (посет. 17 март 2015 г).
  4. RCS 2015, стр. 124–126.
  5. RCS 2015, стр. 124.
  6. "Classifica Punti di Tappa + Generale" (PDF). gazzetta.it. RCS. 11 март 2015. конс. 19 март 2015. 
  7. 7,0 7,1 RCS 2015, стр. 125.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]