Максимилијано Ричезе
![]() Ричезе на Трката околу Британија 2016 | ||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Ариел Максимилијано Ричезе | |||||||||||
Роден | 7 март 1983 Буенос Аирес, ![]() | |||||||||||
Висина | 1,75 м | |||||||||||
Маса | 68 кг | |||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||
Мом. клуб | Квик-Степ Алфа Винил Тим | |||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||
Улога | возач | |||||||||||
Вид на возач | спринтер | |||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||
2006–2009 2011–2012 2013–2015 2016- | Керамика Панарија-Навигаре Д’Анџело & Антеники-Нипо Лампре-Мерида Етикс-Квик Степ | |||||||||||
| ||||||||||||
Последна промена 15 декември 2018 |
Ариел Максимилијано Ричезе (шпански: Ariel Maximiliano Richeze; р. 7 март 1983 во Буенос Аирес) — аргентински професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour Квик-Степ Алфа Винил Тим.
Максимилијано го освоил сребрениот медал на Панамериканските игри 2015 во Торонто (екипна потера).
Животопис[уреди | уреди извор]
Во првата сезона како професионалец завршил втор на последната етапа на Џиро д’Италија 2006, само неколку сантиметри зад Роберт Ферстер. Се смета за аргентински возач со најдобар резултат на некоја од трите големи трки, не сметајќи ги асимилираниот Лисје Пети Бретон кој возел за Франција, Хуан Антонио Флеча, роден во Аргентина, но возел за Шпанија и Алехандро Борахо, кој завршил како трет, исто така на Џиро.
На Џиро д’Италија 2007, Ричезе завршил трет на третата етапа и втор на етапите 18 и 21, сите освоени од Алесандро Петаки. Но, по дисквалификацијата на Петаки во мај 2008 година за допинг, Ричезе бил прогласен за победник на етапите 18 и 21 на Џиро.
Помеѓу неговите други достигнувања се првото место на првата етапа и други втори места на Тур де Лангкави 2006 и Трофео Арведи 2005. Исто така, во 2005 година го освоил Панамериканското друмско првенство под 23 години, а во 2003 година станал аргентински друмски првак под 23 години.
Во октомври 2015 година, по поминати 11 сезони со италијански екипи, белгиската екипа Етикс-Квик Степ објавила дека Ричезе ќе им се приклучи од 2016 година на двегодишен договор со улога за водечки помошник за Марсел Кител и Фернандо Гавирија.[1] По четири години без победи, ја освоил четвртата етапа на Тур де Свис 2016, како и бодовниот пласман за новата екипа.
Допинг[уреди | уреди извор]
Пред почетокот на Џиро д’Италија 2008, Ричезе излегол позитивен на тестот за стероид станозолол, што предизвикало да биде исфрлен од трката. Иако бил прогласен за невин од Аргентинската велосипедска федерација, добил суспензија од две години од Арбитражниот суд за спорт.[2]
Достигнувања[уреди | уреди извор]
- 2003
- 1. Национално велодромско првенство - кило
- 2. Краен пласман Класика дел Оесте-Добле Брагадо
- 1. Етапа 6
- 2004
- 1. Етапа 2 Класика дел Оесте-Добле Брагадо
- 1. Етапа 2а Вуелта Сиклиста Водач ал Сур
- 2005
- 1.
Панамериканско друмско првенство под 23 години
- 2. Национално друмско првенство под 23 години
- 1. Етапа 9 Вуелта а Сан Хуан
- Класика дел Оесте-Добле Брагадо
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6б
- 1. Етапа 2 Џиро дел Венето
- 2. Пикола Копа Агостони
- 2006
- 1. Етапа 1 Тур де Лангкави
- 2007
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 18
- 1. Етапа 21
- 1. Етапа 4 Вуелта а Сан Хуан
- 1. Етапа 2 Тур де Лангкави
- 1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
- 2008
- 1. Етапа 2 Тур де Сан Луис
- 1. Етапа 7 Трка околу Турција
- 2011
- 1. Пролог Тур де Кумано
- 2012
- 1.
Панамериканско друмско првенство
- 1.
Краен пласман Тур де Хокаидо
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- Вуелта а Венецуела
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 8
- 1. Етапа 10
- Трка околу Србија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 1 Трка околу Јапонија
- 2016
- Тур де Свис
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Сан Луис
- 2. Трка околу Франкфурт
- 3. ГП Импанис-Ван Петегем
- 2017
- Вуелта а Сан Хуан
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 7
- 5. Париз-Тур
- 6. Јуроајс Класик
- 8. Трка околу Франкфурт
- 2018
- 1. Етапа 1 Трка околу Турција
- 1. Етапа 4 Вуелта а Сан Хуан
Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]
Големи трки | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() |
138 | 92 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 148 | — |
![]() |
— | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 144 | — | 135 |
![]() |
— | — | — | — | — | — | — | 141 | 138 | 152 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Etixx-QuickStep sign Richeze to lead out Kittel“. cyclingnews.com. 7 октомври 2015. Посетено на 7 октомври 2015.
- ↑ CQ Ranking
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Максимилијано Ричезе“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Максимилијано Ричезе“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Максимилијано Ричезе“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Максимилијано Ричезе“. ProCycling.