Прејди на содржината

Џампаоло Карузо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џампаоло Карузо
Карузо на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеЏампаоло Карузо
Роден15 август 1980(1980-08-15)(44 г.)
Авола, Италија
Висина1,81 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2002–2006
2007
2009
2009–2010

2010–2015
ONCE
Лампре-Фондитал
ЛРП Бракес-Балан
Керамика Фламинија-Босини Доке
Катјуша
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Милано-Торино (2014)
Последна промена
24 јануари 2016

Џампаоло Карузо (италијански: Giampaolo Caruso; р. 15 август 1980) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возе за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[1]

Карузо бил обвинет во допинг скандалот Операција Пуерто, но неговиот случај набрзо бил отфрлен од шпанската федерација.[2] Италијанскиот олимписки комитет сакал да го суспендира на две години, но бил ослободен по вмешувањето на Арбитражниот суд за спорт.[3] Во 2009 потпишал договор до крајот на 2011 за ЛРП Бракес-Фарнезе Вини,[4] но се префрлил во Керамика Фламинија-Босини Доке на средина на сезоната. Имал договор со нив до 2011,[5] но на 6 април 2010, откако организаторите на Џиро д’Италија објавиле дека Керамика Фламинија не е поканета на трката, му било дозволено да го раскине договорот и да потпише со Катјуша.[6] Тим Катјуша потпишала со него со цел да стави на чело на екипата за Џиро д’Италија 2010. На крајот на 2011 го продолжил договорот за претстојната сезона.

Во август 2015 година било објавено дека Карузо имал позитивен тест на ЕПО во март 2012 година.[7]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2001
1. Европско друмско првенство под 23 години
2. Светско друмско првенство под 23 години
2003
4. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5[8]
2004
10. Амстел Голд Рејс
2005
4. Џиро ди Ломбардија
2006
8. Краен пласман Тур де Свис
2008
5. Краен пласман Трка околу Австрија
5. Џиро дел’Емилија
6. Краен пласман Еускал Бициклета
8. Копа Плаки
10. Краен пласман ГП Кореиос де Португал
10. Џиро дел’Апенино
2009
1. Краен пласман Трка Бриксија
1. Етапа 2
1. Етапа 5
3. Краен пласман Рут ду Суд
4. Гран Премио Чита ди Камаиоре
5. Трофео Мелинда
7. Краен пласман Трка околу Австрија
7. Краен пласман Џиро дел Трентино
7. Џиро дел’Апенино
9. Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
10. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
2010
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 3
10. Џиро ди Ломбардија
2012
3. Трофео Мелинда
2013
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
5. ГП Мигел Индураин
7. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато
9. Гран Премио Чита ди Камаиоре
9. Страде Бјанке
2014
1. Милано-Торино
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
2015
6. Друмска трка „Кедел Еванс“
10. Страде Бјанке

Распоред на резултатите на Гранд Тур

[уреди | уреди извор]
Гранд Тур 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Џиро 19 12 46 42 41 СО
Тур 37 90
Вуелта 72 59 36 49 137

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. „Тим Катјуша (KAT) – РУС“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 2 јануари 2014.
  2. Кени, Џон (1 август 2006). „Случајот Карузо отфрлен од шпанската федерација“. Cycling news. Посетено на 26 јануари 2010.
  3. Залевски, Марк (23 јануари 2009). „Карузо ослободен во вмешаноста во Пуерто“. Cycling news. Посетено на 26 јануари 2010.
  4. Браун, Грегор (1 јули 2009). „ЛПР Брејкс му посака добре дојде на Карузо“. Cycling news. Посетено на 26 јануари 2010.
  5. Браун, Грегор (10 ноември 2009). „Џампаоло Карузо обнови со Керамика Фламинија на две години“. Cycling news. Посетено на 26 јануари 2010.
  6. Стивен Фаранд (6 април 2010). „Катјуша потпиша со Џампаоло Карузо“. Cycling news. Посетено на 25 април 2010.
  7. „Giampaolo Caruso returns positive EPO test“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 август 2015. Посетено на 18 август 2015.
  8. Вал Милјачо (11 октомври 2012). „Cycling body in disgrace after Tour Down Under stage winner exposed as drug cheat“. heraldsun.com.au. Посетено на 11 октомври 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]