Адријано Малори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Адријано Малори
Малори во 2013 година
Лични податоци
Цело име Адријано Малори
Роден 28 јануари 1988 (1988-01-28) (30 г.)
Парма,  Италија
Висина 1,82 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри
Аматерски клубови
2007–2009
2009
С.К. Филмоп
Лампре-НГЦ (стажант)
Професионални клубови
2010–2013
2014–2017
Лампре-Фарнезе Вини
Мовистар Тим
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2014)

Етапни трки

Трка околу Баварија (2013)

Еднодневни трки и класици

MaillotItalia.svg Национален хронометарски првак (2011, 2014, 2015)

Адријано Малори (италијански: Adriano Malori; р. 28 јануари 1988 во Парма) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2010-2017.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Тој бил последен возач на Тур де Франс 2010, завршувајќи скоро четири и пол часови зад победникот Енди Шлек (Леопард Трек).

Возејќи за екипата Лампре-Мерида од август 2009, Малори ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013[2] и му се приклучил на Мовистар Тим.[3] Го освоил завршниот индивидуален хронометар на Вуелта а Еспања 2014.[4]

На 23 јануари 2016 година, на Тур де Сан Луис, Малори доживеал тежок пад предводејќи ја групата. Неговото предно тркало зафатило во пукнатина на патот и прелетал преку неговиот велосипед, паѓајќи на глава. Бил ставен во вештачка кома.[5] Три дена подоцна бил преместен во специјална клиника во Буенос Аирес. Извештаите наведувале дека докторите пронашле дека повредата на главата не била последица, туку причина за падот, наведувајќи можна аневризма.[6] Меѓутоа, екипата ги демантирала тие извештаи, велејќи дека оштетувањето на патот биле причина за падот.[7] Во август, Малори објавил дека ќе се врати на трките следниот месец на ГП Квебек и Монтреал.[8]

Малори го најавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам на 10 јули 2017 година поради повреда.[1]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. MaillotItalia.svg Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Светско хронометарско првенство под 23 години
2008
1. MaillotMundial.PNG Светско хронометарско првенство
1. Gold medal.svg Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Хроно Шампеноа
2009
1. Хроно Шампеноа
1. Етапа 1 (ITT) Џиро дела Вале д’Аоста
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
4. Светско хронометарско првенство
2010
2. Краен пласман Трка околу Баварија
3. Национални хронометарско првенство
2011
1. MaillotItalia.svg Национално хронометарско првенство
5. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 4 (ITT)
2012
2. Национално хронометарско првенство
10. Светско хронометарско првенство
2013
1. Краен пласман Jersey yellow.svg Трка околу Баварија
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 4 (ITT) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
3. Национално хронометарско првенство
8. Светско хронометарско првенство
2014
1. MaillotItalia.svg Национално хронометарско првенство
1. Етапа 5 (ITT) Тур де Сан Луис
1. Етапа 7 (ITT) Тирено-Адријатико
1. Етапа 3 Рут ду Суд
Вуелта а Еспања
1. Етапа 21 (ITT)
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 21 (ITT)
7. Краен пласман Дубаи Тур
2015
1. MaillotItalia.svg Национално хронометарско првенство
1. Етапа 5 (ITT) Тур де Сан Луис
1. Етапа 1 (ITT) Тирено-Адријатико
1. Етапа 2б (ITT) Сиркут де ла Сарт
2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
1. Етапа 4 (ITT)
2. Silver medal blank.svg Светско хронометарско првенство
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
7. Хроно де Насионс
1. Jersey yellow number.svg Екипен пласман Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро 68 121
Jersey yellow.svg Тур 169 90 СО 107
Jersey red.svg Вуелта 114

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Malori starts new chapter in life“. 10 јули 2017. http://movistarteam.com/news/2017-7-10/malori-starts-new-chapter-in-life. посет. 10 јули 2017 г. 
  2. „Лампре-Мерида (LAM) – ITA“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTU&RefDate=06.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. посет. 6 јануари 2013 г. 
  3. Malori, rumbo al Movistar Team“, „Biciciclismo“, Cycling Total comunicación y servicios S.L., 7 август 2013 (посет. 9 август 2013 г). (на шпански)
  4. Контадор ја запечати победата на Вуелта а Еспања 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 септември 2014 (посет. 14 септември 2014 г).
  5. Malori showing signs of improvement after Tour de San Luis crash“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 23 јануари 2016 (посет. 23 јануари 2016 г).
  6. Флечер, Патрик (26 јануари 2016). „Malori transferred to specialised clinic in Buenos Aires“. Immediate Media Company. архивирано од изворникот на 26 јануари 2016 г.. https://web.archive.org/web/20160126215250/http://www.cyclingnews.com/news/malori-transferred-to-specialised-clinic-in-buenos-aires/. посет. 26 јануари 2016 г. 
  7. Флечер, Патрик. „Malori transferred to specialised clinic in Buenos Aires“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 26 јануари 2016 (посет. 5 февруари 2016 г).
  8. Фаранд, Стивен (30 август 2016). „Malori makes emotional journey from wheelchair to start line“. http://www.cyclingnews.com/news/malori-makes-emotional-journey-from-wheelchair-to-start-line/. посет. 31 август 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]