Алекси Вијермоз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алекси Вијермоз
Alexis Vuillermoz
Вијермоз на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеАлекси Вијермоз
Роден1 јуни 1988 (1988-06-01) (31 г.)
Сен Клод,  Франција
Висина1,74 м
Маса60 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р-Ла Мондијал
ДисциплинаДрумски и планински велосипедизам
УлогаВозач
Аматерски клубови
2006–2008
2009–2012
2012
Скот-Ле 2 Алп
Лапјер Интернасионал
Сор-Сожасен (стажант)
Професионални клубови
2013
2014–
Сожасен
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2015)
Последна промена
2 јануари 2019

Алекси Вијермоз (француски: Alexis Vuillermoz; р. 1 јуни 1988) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р-Ла Мондијал.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Првично бил планински велосипедист пред да се префрли на друмски велосипедизам, освојувајќи го два пати националното првенство во планински велосипедизам под 23 години и возејќи како дел од француската репрезентација на Светското првенство во планински велосипедизам 2008.[2] Бил член на екипата Сожасен кога настапил на Тур де Франс 2013,[3] завршувајќи на трката на 46. место.

Вијермоз се приклучил на Аг2р-Ла Мондијал за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа  – Сожасен – се распаднала на крајот на сезоната 2013.[1] На осмата етапа, Вијермоз ја нападнал водечката група на Мур де Бретања и ја поминал сам целта на врвот.[4] „По победата помислив на мојот татко кој утре пред три години. Беше првиот кој ме заинтересира за Тур де Франс, ги носеше моите братучеди и мене на патот за да го гледаме Тур“, изјавил Вијермоз. „Денес, се надевам дека е горд на мене“.[5]

Во 2016 година, Вијермоз завршил на 23. место на друмската трка и на 29. место на хронометарот на Летните олимписки игри 2016.

Започнал на Тур де Франс 2018, но бил принуден да се откаже поради фрактура на лопатката, поради повреди здобиени при судир со гледач покрај патот, кој се обидувал да фотографира еден од секторите со калдрма на деветтата етапа.[6]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Планински велосипедизам
2005
3. Национално јуниорско првенство во планински велосипедизам
2006
1. MaillotFra.PNG Национално јуниорско првенство во планински велосипедизам
2. Европско јуниорско првенство во планински велосипедизам
2008
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство во планински велосипедизам
2009
1. MaillotFra.PNG Национално првенство во планински велосипедизам под 23 години
2. Светско првенство во планински велосипедизам под 23 години
2010
1. MaillotFra.PNG Национално првенство во планински велосипедизам под 23 години
Друмски велосипедизам
2012
5. Краен пласман Тур де По де Савоја
2013
5. Краен пласман Тур Рона-Алпи Изер
2014
3. Краен пласман Тур ду Жеводан
1. Етапа 2
8. Краен пласман Критериум Интернасионал
2015
1. Гран при де Плимелек-Морбијан
1. Етапа 8 Тур де Франс
1. Меѓународен велосипедски друмски предизвик
6. Флеш Валон
6. Краен пласман Тур ди Геводан Лангедок-Русијон
1. Етапа 2
9. Краен пласман Тур ду От Вар
9. Краен пласман Критериум Интернасионал
2016
2. Гран при де Плимелек-Морбијан
3. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Критериум Интернационал
2017
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур ди Лимузен
1. Етапа 2
1. Гран при де Плимелек-Морбијан
4. Џиро ди Ломбардија
4. ГП Квебек
6. Џиро дел’Емилија
2018
2. Краен пласман Тур ди О Вар
4. Класик Сид Ардеш
5. Гран при де Плимелек-Морбијан
5. Копа Сабатини
8. Краен пласман Париз-Ница

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 11
Jersey yellow.svg Тур 46 26 20 13 СО
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Vuillermoz chez AG2R“, „L'Équipe“, Éditions Philippe Amaury, 21 октомври 2013 (посет. 19 декември 2013 г). (на француски)
  2. Decaluwé, Brecht (11 јули 2015). „Tour de France: Vuillermoz rises to stardom after stage win on the Mûr-de-Bretagne“. Сyclingnews.com. конс. 11 јули 2015. 
  3. „Профил“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. конс. 10 јули 2013. 
  4. Етапа 8: Вијермоз ја освои првата француска победа на Тур 2015“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 11 јули 2015 (посет. 11 јули 2015 г).
  5. Етапа 8: Вијермоз ја освои првата француска победа на Тур 2015“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 11 јули 2015 (посет. 13 јули 2015 г).
  6. http://www.cyclingnews.com/news/tour-shorts-moscon-questions-rapid-returns-after-cobbled-crashes-groenewegen-hopes-to-continue/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]