Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 - хронометар за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кругот Понтал
Велосипедизам на
Летните олимписки игри 2016
Друмски велосипедизам
Cycling (road) pictogram.svg
Друмска трка   мажи   жени
Хронометар мажи жени
Велодромски велосипедизам
Cycling (track) pictogram.svg
Спринт мажи жени
Екипен спринт мажи жени
Кеирин мажи жени
Екипна потера мажи жени
Омниум мажи жени
Планински велосипедизам
Cycling (mountain biking) pictogram.svg
Крос-кантри мажи жени
BMX
Cycling (BMX) pictogram.svg
BMX мажи жени

Индивидуалниот хронометар за мажи бил една од осумнаесетте велосипедски дисциплини на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Трката започнала и завршила на 10 август на Понтал, мал полуостров во западниот дел на Рио. Трката била освоена од Фабијан Канчелара од Швајцарија.

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

По етапната победа на завршниот хронометар на Тур де Франс 2016, Крис Фрум од Велика Британија бил фаворит за златниот медал.[1] Специјалистите за хронометар, како Швајцарецот Фабијан Канчелара, Германецот Тони Мартин, Том Димулен од Холандија и моменталниот светски хронометарски првак Васил Кириенка од Белорусија биле можни победници.

Патека[уреди | уреди извор]

Патеката за машкиот хронометар изнесувала два круга околу полуостровот Понтал во должина од 29,8 километри, со вкупно растојание од 54,5 километри. Почетокот и крајот на трката на патеката бил плоштадот Тим Маја, потоа продолжувал кон кругот Понтал (надесно) стигнувајќи до првото искачување по 9,7 километри и второто искачување на 19,2 километри.[2]

Учесници и резултати[уреди | уреди извор]

Ричи Порт од Австралија, Винченцо Нибали од Италија и Ваут Пулс од Холандија требало да настапат, но морале да се повлечат поради повреди како последица на нивните падови на машката друмска трка. Алжир, Венецуела, Колумбија и Нов Зеланд, исто така, не ги искористиле местата за кои се квалификувале. Ден Крејвен од Намибија и Герајнт Томас од Велика Британија биле поканети да ги поканат испразнетите места.[3][4]

Бр.[5] Возач Држава Место Време[6]
5 Фабијан Канчелара Швајцарија 1 1:12:15,42
2 Том Димулен Холандија 2nd 1:13:02,83
1 Крис Фрум Велика Британија 3rd 1:13:17,54
13 Џонатан Кастровјехо Шпанија 4 1:13:21,50
8 Роан Денис Австралија 5 1:13:25,66
11 Мачеј Боднар Полска 6 1:14:05,89
9 Нелсон Оливеира Португалија 7 1:14:15,27
7 Јон Изагире Шпанија 8 1:14:21,59
16 Герајнт Томас Велика Британија 9 1:14:52,85
14 Примож Роглич Словенија 10 1:14:55,16
21 Леополд Кениг Чешка 11 1:15:23,64
4 Тони Мартин Германија 12 1:15:33,75
25 Зимон Гешке Германија 13 1:15:49,88
20 Михал Квјатковски Полска 14 1:15:55,49
10 Јан Барта Чешка 15 1:15:56,91
28 Георг Прајдлер Австрија 16 1:16:02,36
3 Васил Кириенка Белорусија 17 1:16:05,70
26 Андриј Гривко Украина 18 1:16:33,24
29 Кристофер Јул-Јенсен Данска 19 1:16:49,62
19 Тим Веленс Белгија 20 1:16:49,71
17 Иго Уле Канада 21 1:17:02,04
6 Тејлор Фини САД 22 1:17:25,31
24 Брент Букволтер САД 23 1:17:57,61
23 Андреј Зајтс Казахстан 24 1:18:47,63
12 Канстанцин Сивцов Белорусија 25 1:18:58,75
30 Едвардо Сепулведа Аргентина 26 1:19:07,84
22 Дамијано Карузо Италија 27 1:19:46,53
31 Павел Кочетков Русија 28 1:20:07,59
27 Алекси Вијермоз Франција 29 1:20:43,87
18 Едвалд Боасон Хаген Норвешка 30 1:21:12,35
34 Гадер Мизбани Иран 31 1:21:39,45
15 Жилијан Алафилип Франција 32 1:24:39,99
33 Мухсин Лахсаини Мароко 33 1:25:11,72
35 Ахмет Еркен Турција 34 1:27:37,41
37 Ден Крејвен Намибија 35 1:27:47,93
32 Џонатан Монсалве Венецуела ДНС
36 Јусеф Региги Алжир ДНС

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вестби, Мет (9 август 2016). „Olympic Cycling: Men's and women's time trials preview“. Sky Sports. конс. 10 август 2016. 
  2. „Rio 2016 Road Cycling - Men's Time Trial“ (PDF). UCI.ch. конс. 21 април 2016. 
  3. Абрахам, Ричард. „Geraint Thomas confirmed for Olympic Games time trial“, „Cycling Weekly“, 9 август 2016 (посет. 9 август 2016 г).
  4. Thomas, Craven confirmed for Olympic Games time trial“, „Cycling News“, 9 август 2016 (посет. 10 август 2016 г).
  5. Rio Olympics time trial start lists“, „Velonews“, 9 август 2016 (посет. 9 август 2016 г).
  6. Men's Individual Time Trial - Standings“, „Rio2016“, 11 август 2016 (посет. 11 август 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 23°1′49.70″S 43°28′25.21″W / 23.0304722° ЈГШ; 43.4736694° ЗГД / -23.0304722; -43.4736694