Жоан Ле Бон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жоан Ле Бон
Лични податоци
Цело име Жоан Ле Бон
Роден 3 октомври 1990 (1990-10-03) (27 г.)
Лањон,  Франција
Висина 1,80 м
Маса 71 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Витал Консепт
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2009–2012
2013-2017
2018-
Бретањ-Шулер
ФДЖ
Витал Консепт
Значајни победи
Светски јуниорски друмски првак (2008)
Европски јуниорски друмски првак (2008)
Последна промена
25 март 2018

Жоан Ле Бон (француски: Johan Le Bon; р. 3 октомври 1990 во Лањон) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Витал Консепт.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Возејќи како јуниор во 2008 година, Жоан Ле Бон станал европски првак[2] и светски првак за само еден месец.[3] Исто така, го освоил бронзениот медал на европското хронометарско првенство истата година.

Една година подоцна се приклучил на професионалната велосипедска екипа Бретањ-Шулер.[4] На Бретонската трка 2010 ја остварил својата прва професионална победа. Исто така ја освоил третата етапа на Куп де насионс Вил Сагене, трка која ја освоил претходната година како аматер и третата етапа на Кројц Брајц, станувајќи целосен победник на трката.[5]

Во 2011 и 2012 година, Жоан Ле Бон бил национален хронометарски првак под 23 години.[6]

Во 2013 година, Ле Бон се приклучил на екипата ФДЖ. На важните тридневни етапни трки Западна Фландрија и Де Пане, Ле Бон завршил петти и четврти, соодветно. Го освоил својот прв подиум со ФДЖ, завршувајќи втор на Тро-Бро Леон.[7] Подоцна истата година, Ле Бон прв пат настапил на некоја голема трка со учество на Џиро д’Италија.

Во 2014 година учествувал на велосипедските класици Париз-Рубе и Омлоп Хет Ниувсблад. Повторно бил дел од Џиро д’Италија, но настапил и на Вуелта а Еспања.

Неговата најголема победа ја остварил во 2015 година, кога ја освоил петтата етапа на Енеко Тур.[8]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Етапа 2 Ронд де вале
2008
1. Класик де Алп
1. UEC Champion Jersey.svg Европско јуниорско друмско првенство
1. MaillotMundial.PNG Светско јуниорско друмско првенство
1. Краен пласман Ронд де вале
1. Пролог
1. Тур ди Морбијан
2009
1. Етапа 2 Класик Лоар Атлантик
1. Етоал де Тресињо
1. Краен пласман Вил де насионс Вил Сагене
2010
1. Рут бретон
1. Етапа 3 Куп де насионс Вил Сагене
1. Краен пласман Крајц Брајц
1. Етапа 3
3. Краен пласман Париз-Корез
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
2011
2. Париз-Мант ан Ивлин
1. MaillotFra.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Планински пласман Тур де Пикарди
2012
1. MaillotFra.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
1. Етапа 2
4. Краен пласман Крајц Брајц
6. Краен пласман Тур де Норманди
2013
2. Тро-Бро Леон
3. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Три дена Де Пане
5. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
5. Хроно де Насионс
2014
3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
7. Национално хронометарско првенство
2015
1. Етапа 5 Енеко Тур
3. Хроно де Насионс
8. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
9. Краен пласман Букл де ла Мајен
1. Пролог
9. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
10. Национално хронометарско првенство
2016
3. Дуо Норман (со Марк Фурнје)
5. Тро-Бро Леон
5. Хроно Насионс
10. Краен пласман Три дена Де Пане
2017
Букл де ла Мајен
1. Пролог
1. Етапа 1
1. Пролог Тур де л’Ен
2. Полинорман

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 115 89
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 79 СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vital Concept Club unveil 2018 team kit“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 23 декември 2017 (посет. 2 јануари 2018 г).
  2. „European U23-Junior Road Championships - CC“. Immediate Media Company Ltd.. http://autobus.cyclingnews.com/road.php?id=road/2008/jul08/eurochamps08/eurochamps084. посет. 14 август 2015 г. 
  3. „Junior World Championships - CM Jr“. Immediate Media Company Ltd.. http://autobus.cyclingnews.com/road.php?id=road/2008/jul08/jrroadworlds08/jrroadworlds082. посет. 14 август 2015 г. 
  4. Johan Le Bon néo-pro le 1er juillet“, Association Le Peloton, 15 јуни 2009 (посет. 14 август 2015 г).
  5. „Жоан Ле Бон“. Cycling Archives. http://www.cyclingarchives.com/coureurfiche.php?coureurid=38722. посет. 11 мај 2014 г. 
  6. Pour la 2ème année consécutive, le professionnel Johan Le Bon est devenu champion de France Espoirs de contre-la-montre, chez lui en Bretagne“, Sport 101, 17 август 2012 (посет. 14 август 2015 г).
  7. Le Bon, pavé de bonnes intentions“, Velochrono, 26 март 2014 (посет. 14 август 2015 г).
  8. Johan Le Bon (FDJ) remporte la 5e étape de l'Eneco Tour“, Éditions Philippe Amaury, 14 август 2015 (посет. 14 август 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]