Сем Бенет (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сем Бенет
Бенет на Трка околу Келн 2018
Лични податоци
Цело имеСем Бенет
Роден16 октомври 1990 (1990-10-16) (29 г.)
Вервик,  Белгија
Висина1,78 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Аматерски клубови
2007–2010
2010
Вело-Клуб Ла Пом Марсеј
Франсес де же (стажант)
Професионални клубови
2011–2013
2014–
Ан Пост-Шон Кели
Тим НетАп-Ендура
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
3 индивидуални етапи (2018)
Вуелта а Еспања
2 индивидуални етапи (2019)

Еднодневни трки и класици

MaillotIrlanda.PNG Национален друмски првак (2019)
Минстерланд Џиро (2017)
Класика де Алмерија (2014)
Трка околу Келн (2014, 2018)
Париз-Бурж (2015, 2016)
Последна промена
29 ноември 2019

Сем Бенет (англиски: Sam Bennett; р. 16 октомври 1990) — ирски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]

Го освоил европското јуниорско првенство во бодовна трка во 2008 година и ја претставувал Ирска на Трката околу Ирска во 2009 година.

Станал професионален возач во 2011 година. Негов најголем успех досега се трите освоени етапи на Џиро д’Италија 2018.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Бенет е роден во Вервик, Белгија, каде неговиот татко Мајкл играл фудбал за локалниот клуб Ендрехт Вервик. Се преселил со своите родители во родната Ирска на четири години, каде раните години ги поминал во Карик на Шур, родниот град на велосипедистот Шон Кели.[2][3] Бенет ја завршил сезоната 2011 на 293. место на Европската турнеја со 55 бода. Во 2012 година,[4] имал повеќе добри резултати, вклучувајќи три завршници во првите десет на Трката околу Британија и трето место на Ронде ван Норд.

2013[уреди | уреди извор]

По неколку позитивни резултати кон крајот на летото, бил избран да ја претставува Ирска на Светското друмско првенство, заедно со Даниел Мартин, Николас Роуш и Метју Брамајер. Пред Светското првенство, настапувал на Трката околу Британија со екипата Ан Пост-Чејн Реакшн. Завршил втор зад Гералд Чолек од МТН Кубека на втората етапа, напаѓајќи на искачување од 15% на околу 400 метри пред целта, пред да биде претекнат од Чолек на последната рамнина. Подоцна, Бенет ја освоил петтата етапа, освојувајќи ја спринтерската завршница. Ја завршил трката со второ место на осмата етапа, губејќи од Марк Кевендиш.

2015[уреди | уреди извор]

Бенет бил вклучен во масовен пад на крајот на изданието 2015 на Схелдепрејс.[5] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[6]

2016[уреди | уреди извор]

На Тур де Франс 2016, Бенет завршил како последен, на 174. место во генералниот пласман со 5 часа, 17 минути и 14 секунди зад победникот.

2017[уреди | уреди извор]

На 7 март, Бенет ја освоил третата етапа на Париз-Ница 2017, пред Александер Кристоф, Џон Дегенколб, Марсел Кител, Мајкл Метјус, Арно Демар и Андре Грајпел во спринтерска завршница.[7][8][9] Бенет освоил две етапи на Трката околу Словенија и бодовниот пласман.

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[10]

Во октомври, Бенет освоил четири од шест етапи на Трката околу Турција 2017.[11]

2018[уреди | уреди извор]

Сезоната 2018 ја започнал со настап на Тур Даун Андер 2018[12] и покрај својата болест.[13] Бенет завршил последен на првата етапа.[14] Бенет исто така започнал на Париз-Ница, но морал да ја напушти на третата етапа поради болест.[15]

На Волта а Каталуња, Бенет завршил втор на втората етапа. На 11 мај ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка во спринт на седмата етапа на Џиро д’Италија.[16] На 17 мај ја освоил својата втора етапа на Џиро д’Италија станувајќи прв Ирец кој успеал во тоа во последните 30 години. Ја фатил главната група неподготвена и се одвоил на 400 метри пред целта на дванаесеттата етапа на патеката Имола.[17] Исто така, ја освоил и завршната етапа во Рим.

2019[уреди | уреди извор]

Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019, прв настап на оваа голема трка.[18] На 26 август ја освоил третата етапа на Вуелта, негова прва победа на трката.[19]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Европско јуниорско првенство - бодовна трка
1. Јуниорска трка Мартин Донели
2009
1. Алејнс ГП
1. Етапа 7 Ан Пост Рас
5. Национално друмско првенство под 23 години
2010
1. MaillotIrlanda.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. Етапа 4 Трка Рона-Изерски Алпи
7. Гран при де Вужи
8. Национално друмско првенство
8. Дижон-Оксон-Дижон
2011
1. MaillotIrlanda.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. ГП ван де стад Гел
5. Национално друмско првенство
2012
3. Трка околу Северна Холандија
8. ГП Стад Зотегем
9. Европско друмско првенство под 23 години
2013
1. Етапа 5 Трка околу Британија
Ан Пост Рас
1. Етапа 3
1. Етапа 8
1. Краен пласман Суир Вали 3 Ден
4. Схал Селс-Мерксем
4. Кернен Омлоп Ехт-Сустерен
6. Пејвелде Курсе
7. Дач Фуд Вали Класик
10. Омлоп ван хет Васланд
2014
1. Класика де Алмерија
1. Трка околу Келн
Трка околу Баварија
1. Jersey blue.svg Спринтерски пласман
1. Етапа 5
2. ПроРејс Берлин
5. Схелдепрејс
6. Класик Лондон-Сари
2015
1. Париз-Бурж
1. Етапа 6 Трка околу Катар
Трка околу Баварија
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 2 Арктичка трка на Норвешка
4. Трофео Плаја де Палма
10. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
2016
1. Париз-Бурж
1. Етапа 1 Критериум Интернационал
2. Трка околу Франкфурт
2. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
4. Трофео Плаја де Палма
5. Краен пласман Џиро ди Тоскана
1. Етапа 2
7. Краен пласман Трка околу Катар
8. Гран при де Фурмје
2017
1. Минстерланд Џиро
Трка околу Турција
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Трка околу Словенија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Трка околу Чешка
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 3 Париз-Ница
2. Пиплс Чојс Класик
8. Класик Лондон-Сари
10. ГП Кантон Аргау
2018
1. Трка околу Келн
Џиро д’Италија
1. Етапа 7
1. Етапа 12
1. Етапа 21
Трка околу Турција
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6
7. Трка околу Франкфурт
2019
1. MaillotIrlanda.PNG Национално друмско првенство
Трка БинкБенк
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Трка околу Турција
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
Вуелта а Еспања
1. Етапа 3
1. Етапа 14
Париз-Ница
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 3 Критериум ди Дофине
1. Етапа 7 Трка ОАЕ
1. Етапа 7 Вуелта а Сан Хуан
2. Класик Лондон-Сари
6. Европско друмско првенство
10. Трка околу Келн

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 158 112
Jersey yellow.svg Тур СО 174
Jersey red.svg Вуелта 134

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бин, Хосе. „Bennett and Machado sign for NetApp-Endura“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 октомври 2013 (посет. 16 декември 2013 г).
  2. Трејси, Сајан (8 октомври 2014). „I almost gave up on my pro cycling dream - Bennett“. independent.ie. конс. 25 февруари 2015. 
  3. Кели, Силијан (28 јануари 2015). „Bennett aims to start with a bang at Qatar and Oman“. cyclingnews.com. конс. 25 февруари 2015. 
  4. „An Post-Sean Kelly (SKT) – BEL“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 16 јануари 2012. 
  5. http://www.cyclingnews.com/news/scheldeprijs-finale-marred-by-mass-crash
  6. „2015 Tour de France start list“. Velo News. конс. 2 јули 2015. 
  7. „A first Irish stage win at Paris-Nice for 28 years as Sam Bennett delivers career-high performance“. The 42. 7 март 2017. конс. 8 март 2017. 
  8. „Ireland's Sam Bennett secures biggest win of his career in France“. Irish Independent. 7 март 2017. конс. 8 март 2017. 
  9. „Nicolas Roche: 'Sam Bennett's won lots of pro races but today was the best by far'. Irish Independent. 7 март 2017. конс. 8 март 2017. 
  10. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 2 мај 2017. 
  11. „2017 Tour of Turkey“. Cycling News. 15 октомври 2017. конс. 17 октомври 2017. 
  12. Tour down under startlist“, Cycling Weekly, 8 јануари 2018 (посет. 8 јануари 2018 г).
  13. Sam Bennett struck down with before Tour Down Under“, Cycling Weekly, 8 јануари 2018 (посет. 8 јануари 2018 г).
  14. Tour Down Under Stage 1 results“, Cyclingnews.com, 16 јануари 2018 (посет. 16 јануари 2018 г).
  15. http://www.stickybottle.com/latest-news/sam-bennett-abandons-paris-nice/
  16. 'I just went for it' - Sam Bennett on becoming the first Irishman in 30 years to win two Grand Tour stages“. The 42. 11 мај 2018. конс. 10 мај 2018. 
  17. „Ireland's Sam Bennett wins final stage of Giro d'Italia in thrilling sprint finish“. The 42. 27 мај 2018. конс. 31 мај 2018. 
  18. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. конс. 23 август 2019. 
  19. „Double Irish celebration at Vuelta as Sam Bennett wins Stage 3 while Nicolas Roche keeps leader's jersey“. Irish Independent. 26 август 2019. конс. 27 август 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]