Бауке Молема

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бауке Молема
Молема на Трката околу Алберта 2016
Лични податоци
Цело име Бауке Молема
Роден 26 ноември 1986 (1986-11-26) (воз. 30 г.)
Гронинген,  Холандија
Висина 1,81 м[1]
Маса 64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Трек-Сегафредо
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2007 Рабобанк Континентал Тим
Професионални клубови
2008–2014
2015-
Рабобанк
Трек Фактори Рејсинг
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2017)
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2011)
1 индивидуална етапа (2013)

Етапни трки

Трка околу Алберта (2015)
Тур де л’Авенир (2007)

Еднодневни трки и класици

Класика де Сан Себастијан (2016)
Јапонски куп (2015)
Последна промена
11 август 2017

Бауке Молема (холандски: Bauke Mollema; р. 26 ноември 1986 во Гронинген) — холандски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Трек-Сегафредо.[2] Молема е искусен искачувач.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Во 2007, Молема ги освоил престижните етапни трки за таленти, кои допрва доаѓаат, Тур де л‘Авенир и Сиркуито Монтањес. Се придружил на Рабобанк ПроТим во 2008, потпишувајќи го својот прв договор како професионалец. Неговиот прв голем резултат бил шестото место на крајниот пласман на Вуелта а Кастилја и Леон 2008. Го направил неговото деби во ProTour на Тур де Романди 2008, но не ја завршил трката, поради пад, што довело до фрактура на клучната коска. Тој потполно се вратил во врвна форма на Трката околу Германија, во која започнал како водач на екипата Рабобанк, на крајот завршувајќи на седмото место во генералниот пласман. По разочарувачката пролет во 2009, сезоната била готова за Молема поради болест.

2010[уреди | уреди извор]

Молема првпат настапил на една од големите трки на Џиро д‘Италија 2010, во која оставил добар впечаток, но излегол од првите 10 возачи во генералниот пласман, освојувајќи го пласманот за млад возач, делумно поради пропуштањето на бегството од 50 возачи, каде многу негови ривали направиле разлики до 12 минути. Молема продолжил да вози силно во сезоната со планинската етапна победа на Трка околу Полска и трето место во генералниот пласман зад победникот Даниел Мартин и второпласираниот Грега Боле.

2011[уреди | уреди извор]

Во пролетта 2011 веќе ја покажал неговата добра форма со деветтото место во генералниот пласман на Париз-Ница и десеттото место во крајниот пласман на Волта а Каталуња. Но сепак на Арденските класици, тој не покажал многу, па така постигнал и разочарувачки резултати. Главната цел на Молема за сезоната 2011 било првото учество на Тур де Франс. Како подготовка за Трката, возел заедно со колегата Стевен Краусвејк, на Тур де Свис. Двајцата возачи се покажале многу добри на трката; со освоен подиум за Крујсвајк, додека Молема го изгубил местото на подиумот поради дупната гума. Поради болест, неговото учество на Тур де Франс не било некако успех. Во последната недела, се чувствувал подобри и се обидел со бегство. Бегството му го донело второто место на 17. етапа, веднаш зад Едвалд Боасон Хаген.

Молема се вратил на неговиот трет Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2011. На стрмните врвови на етапите 5 и 8, завршил во првите пет возачи. Тој не заостанувал многу во генералниот пласман во првата недела и бил награден со водство во пласманот за црвената маичка по неговото второ место на етапата 9. Поради неговите послаби хронометарски вештини споредени со другите кандидати за генерален пласман, како Бредли Вигинс, Крис Фрум и Винченцо Нибали, тој ја загубил лидерската маичка еден ден откако ја освоил. Молема возел исклучително силно по хронометарот и се борел за место на подиумот, но Холанѓанецот паднал на четвртото место поради резултататот на Хуан Хосе Кобо на Алто де Л’Англиру. На крај, Молема во Мадрид го освоил бодовниот пласман. Тоа било првпат од 1992, Холанѓанец да освои некој од пласманите во некоја од големите трки, откако тоа го направил Еди Бауман со пласманот за млад возач на Тур де Франс.

2013[уреди | уреди извор]

Молема на Тур де Франс 2013

Во 2013, Молема имал добра форма, завршувајќи втор на Вуелта а Мурсија, трет на Вуелта а Андалусија и четврти на Критериум Интернасионал. На Тур де Свис, Молема ја освоил втората етапа, забележувајќи ја својата прва победа во 2013.[3] Откако добро се покажал на планините, Молема влегол на последниот хронометар на 4. место. Подоцна се поместил на второто место.[4]

Добрата форма на Молема продолжила на Тур де Франс, каде завршил четврти на првата планинска етапа, каде се искачил и на четвртото место и во генералниот пласман. Завршил осми на следната етапа и бил трет во генералниот пласман откако Ричи Порт загубил повеќе од 18 минути. На етапата 13 се искачил на второто место во генералниот пласман, кога Алехандро Валверде загубил скоро 10 минути поради дупната гума на околу 80 километри пред целта, успевајќи исто така да добие и минути во однос на водството на Фрум. Меѓутоа, изгубил време во последната недела поради болест и завршил шести во генералниот пласман.

Молема исто така возел и на Вуелта а Еспања 2013. Ја освоил седумнаесеттата етапа со напад од главната група на 500 метри од целта и се одржал пред групата предводена од Едвалд Боасон Хаген (Тим Скај).[5]

2014[уреди | уреди извор]

Молема на Тур де Франс 2014

На Тур де Франс 2014, Молема завршил седум на крајот од претпоследната етапа, индивидуален хронометар од 54 километри. Меѓутоа, возејќи на новиот Бјанки за прв пат, Молема завршил дури на 140. место и на крајот завршил како десетти во генералниот пласман, 21 минута и 24 секунди зад победникот, Винченцо Нибали.[6]

На крајот на сезоната го напуштил Белкин и се приклучил на Трек Фактори Рејсинг.[7]

2015[уреди | уреди извор]

Молема (десно) со министерот за култура на Алберта, Дејвид Еген, по неговата победа на Трката околу Алберта 2015

Во март 2015 година, Молема завршил втор зад Наиро Кинтана (Мовистар Тим) на Тирено-Адријатико.[8] Меѓутоа, подоцна доживеал повреда на грбот, што го попречило во неговите подготовки за Тур де Франс 2015.[9] Молема завршил седми во генералниот пласман на Тур.

Во септември 2015 година, Молема ја освоил Трката околу Алберта.[10]

2016[уреди | уреди извор]

На дванаесеттата етапа на Тур де Франс 2016, Молема го неутрализирал нападот на предводникот во трката, Крис Фрум, и Ричи Порт, и бил единствениот кандидат за генералниот пласман, кој успеал во тоа. Меѓутоа, сите тројца возачи биле вклучени во несреќа со мотор откако публиката го принудила моторот да застане. Молема успеал да го оспособи својот велосипед и да продолжи да вози, додека Порт бил попречен и бил поминат од другите кандидати за генералниот пласман, а Фрум го фрлил својот велосипед и продолжил пеш додека не добил замена од екипниот автомобил. Молема ја завршил етапата 1 минута и 40 секунди пред Фрум и првичниот пласман го ставил Молема на второто место зад новиот предводник Адам Јејтс. Меѓутоа, Фрум го добил истото место како Молема по одлуката на жирито и ја задржал жолтата маичка.[11] Новиот пласман исто така го поставиле Наиро Кинтана пред Молема, кој сега бил четврти. Молема го критикувал раководењето на UCI за етапата.[12] На етапата 13, Молема го постигнал како што тоа тој го опишал „најдобриот хронометар во животот“, завршувајќи шести на ридскиот хронометар од 37,5 километри. Завршил 51 секунда зад Фрум, но освоил време пред сите други фаворити и се искачил на второто место во генералниот пласман.[13]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. Етапа 2 Вуелта Сиклиста а Леон
2007
1. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Краен пласман Сиркуито Монтањес
1. Етапа 6
2008
6. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
7. Краен пласман Трка околу Германија
2010
3. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 6
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Џиро дел Пиемонт
2011
2. Џиро дел’Емилија
2. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Комбиниран пласман
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
Ја носел црвената маичка на етапата 9 Jersey red.svg Вуелта а Еспања
Ја носел белата маичка на етапите 9-12 Jersey white.svg Вуелта а Еспања
5. Краен пласман, Тур де Свис
9. Краен пласман, Париз-Ница
10. Краен пласман, Волта а Каталуња
2012
3. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Класика де Сан Себастијан
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Џиро ди Ломбардија
2013
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 2
2. Вуелта а Мурсија
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
4. Краен пласман Критериум Интернасионал
4. Краен пласман Трка околу Норвешка
6. Краен пласман Тур де Франс
6. Краен пласман Медитеранска трка
9. Флеш Валон
9. Класика де Сан Себастијан
10.Амстел Голд Рејс
2014
2. Класика де Сан Себастијан
3. Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Етапа 4
3. Краен пласман Тур де Свис
4. Флеш Валон
6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
7. Амстел Голд Рејс
10. Краен пласман Тур де Франс
10. Гран при Квебек
10. Гран при Монтреал
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Алберта
1. Јапонски куп
2. Вуелта а Мурсија
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
4. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
6. Класика де Сан Себастијан
6. ГП Квебек
7. Краен пласман Тур де Франс
8. Класик Ла Дром
2016
1. Класика де Сан Себастијан
2. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 4 (ITT)
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. ГП Квебек
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
9. Краен пласман Тур де Романди
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
2017
1. Jersey blue.svg Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
Тур де Франс
1. Етапа 15
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 15
3. Класика де Сан Себастијан
4. Краен пласман Трка Абу Даби
7. Краен пласман Џиро д’Италија
9. Краен пласман Тирено-Адријатико

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 12 7
Jersey yellow.svg Тур 70 СО 6 10 7 11 во тек
Jersey red.svg Вуелта 4 28 52

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Бауке Молема“. 
  2. „Трек Фактори Рејсинг (TFR) – САД“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(juhnxycdwbv5tbcixhvnfyby))/Teams/detail/en/ROA/3001. конс. 2 јануари 2015 г. 
  3. Бауке Молема победи на втората етапа на Тур де Свис 2013; Камерон Мајер го одржа водството“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013 г).
  4. Руј Кошта победил на Тур де Свис 2013“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 16 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013 г).
  5. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/24056089
  6. http://www.cyclingquotes.com/news/mollema_i_should_never_have_used_a_new_bike/
  7. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/mollema-joins-trek-belkin-lose-another-star-rider-132199
  8. http://www.cyclingnews.com/blogs/bauke-mollema/bauke-mollema-my-season-review/
  9. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-mollema-over-his-injury-and-dialled-in-for-top-five-ambitions/
  10. http://www.edmontonsun.com/2015/09/07/bauke-mollema-wins-tour-of-alberta
  11. „Tour de France: Chris Froome forced to run up Mont Ventoux after crash“. BBC. http://www.bbc.com/sport/cycling/36797558. 
  12. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-mollema-angered-by-ucis-handling-of-ventoux-crash/
  13. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-mollema-produces-best-time-trial-of-my-life-to-move-to-second-overall/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]