Бен Кинг (велосипедист)
Кинг на Трката околу Алберта 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Бенџамин Кинг | ||
Роден | 22 март 1989 Норт Гарден, Вирџинија, САД | ||
Висина | 1,82 м | ||
Маса | 68 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Хјуман Пауеред Хелт | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | сцецијалист за искачување помошник | ||
Аматерски клубови | |||
2004–2005 2006–2007 2009 | Шарлотсвил Рејсинг Клуб ХотТјубс Џуниор Дивилопмент Флај Ви Австралија | ||
Професионални клубови | |||
2008 2009–2010 2011 2012–2013 2014–2016 2017-2020 2021 2022 | Кели Бенефит Стратеџис–Медифаст Хагенс Берман Аксеон Тим РадиоШек РадиоШек-Нисан Гармин-Шарп Тим Дименжн Дата Рели Сајклинг Хјуман Пауеред Хелт | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 3 ноември 2022 |
Бенџамин „Бен“ Кинг (англиски: Benjamin "Ben" King; р. 22 март 1989) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за Хјуман Пауеред Хелт.[1][2] Кинг станал професионалец во 2008 година.[3]
Кариера
[уреди | уреди извор]Кинг возел за континенталната екипа Кели Бенефит Стратеџис–Медифаст во 2008 година.[4][5] Кинг возел со континенталната екипа Хагенс Берман Аксеон во сезоните 2009 и 2010.[6][7] Во септември 2010 година го освоил националното друмско првенство.[8]
Откако го освоил елитното велосипедско првенство потпишал за Тим РадиоШек за 2011.[8][9] Во 2012, Кинг со неколку други возачи од поранешната екипа Леопард Трек се преместил за да го создадат РадиоШек-Нисан.[10] Во 2013, Кинг го напуштил РадиоШек-Леопард и му се приклучил на Гармин-Шарп за сезоните 2014 и 2015.[11][12]
Во март 2015 година, Кинг ја освоил првата етапа на Критериум Интернасионал.[13][14] Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Вуелта а Еспања 2015.[15]
По сезоната 2016 во која освоил етапа на Трката околу Калифорнија, во септември било потврдено дека Кинг ќе се приклучи на Тим Дименжн Дата за 2017 година со поддршка како предводник и ментор на помладите членови за искачување во екипата.[16]
Во мај 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018, каде завршил на 44. место во генералниот пласман од 149 возачи.[17]
Во август 2018 година ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка во неговата кариера на Вуелта а Еспања[18] и тоа го повторил со уште една победа на деветтата етапа. Ја завршил трката на 24. место.
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2009
- 3. Национално друмско првенство под 23 години
- 8. Краен пласман Унивест Гран При
- 2010
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 3. Куп де насионс Вил Сакене
- 6. Париз-Рубе за младинци
- 7. Краен пласман Гран при Нејчр Вали
- Панамерикански друмски првенства
- 9. Хронометар
- 10. Друмска трка
- 9. Краен пласман Велосипедски класик Каскад
- 2011
- 1. Пласман за млад возач Трка околу Пекинг
- 5. Национално друмско првенство
- 2013
- 1. Шенандо 100
- 1. Најборбен возач САД Про Сајклинг Челинџ
- 2014
- 8. ГП Мигел Индураин
- 2015
- 1. Етапа 1 Критериум Интернасионал
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2016
- 1. Етапа 2 Трка околу Калифорнија
- 2018
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 9
- 1. Планински пласман Волта ао Алгарве
- 5. Национално друмско првенство
- 2020
- 8. Класик Фон-Ардеш
- 2021
- 1. Етапа 6 Волта а Португал
- 8. Вуелта а Кастилја и Леон
- 2022
- 1. Планински пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 4. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | 44 | — |
Тур | 53 | — | — | — | — | 62 |
Вуелта | — | 75 | 46 | СО | 24 | 38 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Rally Cycling“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на January 6, 2021. Посетено на January 6, 2021.
- ↑ Dreier, Fred (November 19, 2020). „Ben King is headed to Rally Cycling for 2021. Here's why“. VeloNews. Pocket Outdoor Media. Посетено на November 19, 2020.
- ↑ „Ben King“. Гармин-Шарп. Slipstream Sports LLC. Архивирано од изворникот на January 3, 2017. Посетено на January 27, 2014.
- ↑ Сузан Вестемајер (15 декември 2011). „Kelly Benefit Strategies/Medifast adds five for 2008“. Cyclingnews.com. Англија: Future plc. Посетено на 2 декември 2014.
- ↑ Нил Роџерс (2 февруари 2008). „Road Warriors: Kelly Benefit Strategies-Medifast prepares for California debut“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2 декември 2012.
- ↑ „Trek-Livestrong strengthens in Solvang“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 јануари 2010. Посетено на 19 декември 2014.
- ↑ „Continental team rosters for 2010“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 24 декември 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 19 декември 2014.
- ↑ 8,0 8,1 Брајан Холкомб (19 септември 2010). „Бен Кинг сам до американската друмска титула и на Трек-Лајвстронг во Гринвил“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-09-25. Посетено на 17 јануари 2012.
- ↑ Sprint Finish (20 август 2012). „Ben King (RadioShack-Nissan-Trek) speaks to us from the USA Pro Challenge“. Cycling Illustrated. Cycling Illustrated, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-12-25. Посетено на 17 јануари 2013.
- ↑ „РадиоШек-Нисан-Трек ги објави возачите за 2012“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 5 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-08. Посетено на 17 јануари 2012.
- ↑ „Тим Гармин-Шарп го додаде Американецот Бен Кинг“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 12 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-17. Посетено на 16 септември 2013.
- ↑ Најџел Вин (13 септември 2013). „Бен Кинг потпиша за Гармин за 2014“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 16 септември 2013.
- ↑ „Criterium International stage 1: Ben King wins Cannondale's first race of 2015“. Cyclingnews.com. Future plc. 28 март 2015. Архивирано од изворникот на 2015-03-30. Посетено на 28 март 2015.
- ↑ „Ben King opens Criterium International with victory“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 28 март 2015. Архивирано од изворникот на 2016-02-08. Посетено на 29 март 2015.
- ↑ „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
- ↑ О’Ши, Садб (29 септември 2016). „King, Thwaites and Morton join Dimension Data for 2017“. cyclingnews.com. Посетено на 29 септември 2016.
- ↑ „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 3 мај 2018.
- ↑ „2018 Vuelta a España Stage 4“. velonews. Архивирано од изворникот на 2018-08-29. Посетено на 28 август 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бен Кинг“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Бен Кинг“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Бен Кинг“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Бен Кинг“. ProCycling.
- Бен Кинг на Cycling Base Архивирано на 25 декември 2013 г.
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Џорџ Хинкапи |
Национален друмски првак 2010 |
Наследник Метју Буше |
|