Прејди на содржината

Трка околу Полска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трка околу Полска
За трката
Датумавгуст
РегионПолска
Месно имеWyścig Dookoła Polski (полски)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
Директор на тркатаЧеслав Ланг
Историја
Прво одржување1928 (1928)
Одржувања77 (до 2020)
Прв победник Феликс Вичек (ПОЛ)
Најмногу победи3 победи:
 Дариуш Барановски (ПОЛ)
 Маријан Вјенцковски (ПОЛ)
Неодамнешен победник Ремко Евенепул (БЕЛ)
Групата на Трката околу Полска 2004.

Трката околу Полска (француски: Tour de Pologne, полски: Wyścig Dookoła Polski) — друмска велосипедска етапна трка. Се состои од седум или осум етапи и обично се вози на растојание од 1.200 километри во должина. Трката била првпат одржана во 1928 година. До 1952 година трката била одржувана повремено, но оттогаш е одржувана како годишна трка. До почетокот на 1993 година трката била отворена само за аматерски велосипедисти и најмногу од победниците доаѓале од Полска.

Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) оваа трка ја вброил како дел од UCI ProTour во 2005 година и дел од календарот на Светскиот ранкинг во 2009 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првичната замисла на Трката околу Полска како повеќеетапна трка била правена по популарниот Тур де Франс. Предлогот за организирање на трката бил објавен од велосипедското здружение Варшава и спортскиот весник Пжеглад Спортови, издаван во Краков. Благодарение на нивната иницијатива, трката била одржана во летото на 1928. Историското прво издание на трката се случило од 7 до 11 септември 1928. 71 велосипедист се тркале на околу 1.500 километри - победник бил Феликс Вичек од велосипедскиот клуб Бидгошч.

До почетокот на Втората светска војна, трката била одржана четирипати, два од нив - во годините 1937 и 1939 - биле освоени од „тигарот на патиштата“ - Болеслав Напјерала.

Првите трки значајно се разликувале од денешните. Етапите биле многу подолги (чести на растојанија од 300 километри) и возачите постојано се здобивале со дупнати гуми на калдрмата и правеле паузи кај локалните ресторани.

По војната, идејата за велосипедско натпреварување околу Полска била повторно обновена. Во 1947, благодарение на соработката на полскиот велосипедистички сојуз, новинско-издавачката куќа „Чителник“ и група на новинари, трката била повторно активирана по осумгодишна пауза. Победник по само четири етапи и околу 606 километри (најкратката патека во историјата на трката) бил Станислав Гжелак (Трамвајарз Лоѓ). До 1993 не им успевало на организаторите на трката да добијат соодветен ранг за нивната трка. Ова било поради официјалниот став на властите и давањето предност на друга велосипедска трка - Мировната трка. Значајни моменти од тој временски период: триумфите на странските велосипедисти - Франческо Локатели (1949), Роџер Диркен (1960), Хосе Виехо (1972) и Андре Делкроа (од 1974), најдолгото издание на трката - 2.311 километри и 13 етапи (во 1953) и трикратниот победник Маријан Вјенцковски (1954–56), рекордот е постигнат и од Дариуш Барановски (1991–93).

Од 1993, Чеслав Ланг, сребрениот велосипедски медалист од Летните олимписки игри 1980 и победникот на Трката околу Полска 1980, ја преземал функцијата дикретор на трката. Благодарение на неговите постојани напор, трката сега е дел од календарот на Светскиот ранкинг.

Во 1997, во текот на конгресот на UCI во Сан Себастијан, трката била унапредена од професионалната категорија 2.4 и сега била класификувана како „национална трка“ (прва од таков вид во државите од Средна и Источна Европа).

На Светските првенства 1999 во Веројна, техничката комисија на UCI ја унапредил трката во класа 2.3. На 12 октомври 2001, на трката ѝ била доделена категоријата 2.2.

Во 2005 со одлука на UCI, Трката била вклучена во елитата на велосипедските трка - UCI ProTour. Составот на натпреварувањето биле три Гранд Тур: Џиро д’Италиа, Тур де Франс, Вуелта а Еспања, класичниот Светски куп, етапните трки од категорија 2.HC (н.п. Париз-Ница, Тур де Свис), класиците 1.HC (н.п. Флеш Валон) и Трката околу Полска, која била унапредена во 2 категории.

Низ претходните години - Чеслав Ланг, аматерската трка Коларска, позната главно во комунистичките земји, била трансформирана во добро организирана професионална трка. Ова ја довело трката во светот на врвните професионални трки со настапи на врвните ѕвезди во професионалниот велосипедизам, како Данило ди Лука (победник на ProTour 2005), Лорен Брошар (професионален светски првак од 1997), Оскар Фреир (светски првак 1999, 2001 и 2004), Романс Вајнштајнс (светски првак од 2000), Вјачеслав Екимов (олимписки првак 2000), Џанлука Бортолами (победник на Светскиот куп 1994), Ерик Декер (победник на Светскиот куп 2001), Стефано Гарцели (победник на Џиро д’Италиа 2000) или одличните спринтери: Андрус Ауга, Баден Кук и Даниеле Бенати.

Трката околу Полска четирипати била добитник на наградата „најдобар спортски натпревар на годината“, доделувана од весникот Пжеглад Спортови во 1995, 1996, 2004 и 2008.

Победници

[уреди | уреди извор]
ГодинаПобедникНационалностЕтапиРастојание
2020Ремко Евенепул Белгија5911,4 км
2019Павел Сиваков Полска61.036,2 км
2018Михал Квјатковски Полска71.014 км
2017Дилан Тенс Белгија71.122 км
2016Тим Веленс Белгија6996 км
2015Јон Изагире Шпанија71.076 км
2014Рафал Мајка Полска71.255 км
2013Питер Венинг Холандија71.238 км
2012Морено Мозер Италија71.231,6 км
2011Петер Саган Словачка71.113,3 км
2010Даниел Мартин Ирска71.256,5 км
2009Алесандро Балан Италија71.158 км
2008Јенс Фогт Германија71.258,6 км
2007Јохан Вансумерен Белгија71.224 км
2006Штефан Шумахер Германија71.226 км
2005Ким Кирхен Луксембург81.246 км
2004Ондреј Сосенка Чешка81.264 км
2003Чезари Замана Полска81.133 км
2002Лорен Брошар Франција81.273 км
2001Ондреј Сосенка Чешка81.249 км
2000Пјотр Пжиѓал Полска71.164 км
1999Томаш Брозина Полска71.164 км
1998Сергеј Иванов Русија81.434 км
1997Ролф Јерман Швајцарија81.499 км
1996Вјачеслав Джаванијан Русија81.346 км
1995Збигњев Шпрух Полска71.254 км
1994Маурицио Фондрист Италија71.110 км
1993Дариуш Барановски Полска121.794 км
1992Дариуш Барановски Полска81.149 км
1991Дариуш Барановски Полска81.222 км
1990Мјечислав Карлович Полска91.207 км
1989Марек Врона Полска81.271 км
1988Анджеј Мјежејевски Полска71.016 км
1987Збигњев Пјонтек Полска81.162 км
1986Марек Кулас Полска101.490 км
1985Марек Лешњевски Полска101.224 км
1984Анджеј Мјежејевски Полска91.219 км
1983Тадеуш Кравчик Полска91.147 км
1982Анджеј Мјежејевски Полска8892 км
1981Јан Бжезни Полска91.195 км
1980Чеслав Ланг Полска101.282 км
1979Хенрик Чаруки Полска91.335 км
1978Јан Бжезни Полска111.415 км
1977Леснослав Михалак Полска101.460 км
1976Јануш Ковалски Полска101.499 км
1975Тадеуш Митник Полска101.440 км
1974Андре Делкроа Белгија111.593 км
1973Луцјан Лис Полска121.512 км
1972Хосе Луис Виехо Шпанија101.194 км
1971Станислав Шозда Полска121.291 км
1970Јан Стахура Полска121.611 км
1969Војќех Матузијак Полска131.795 км
1968Јан Кудра Полска121.757 км
1967Анджеј Блавѓин Полска111.682 км
1966Јузеф Гавличек Полска101.272 км
1965Јузеф Бекер Полска91.318 км
1964Рајмунд Зјелињски Полска101.394 км
1963Станислав Газда Полска81.482 км
1962Јан Кудра Полска81.278 км
1961Хенрик Ковалски Полска81329 км
1960Роџер Диркен Белгија81.336 км
1959Вислав Подобас Полска111.621 км
1958Богуслав Форналчик Полска112.038 км
1957Хенрик Ковалски Полска111.968 км
1956Маријан Вјенцковски Полска81.221 км
1955Маријан Вјенцковски Полска101.563 км
1954Маријан Вјенцковски Полска121.925 км
1953Мјечислав Вилчевски Полска132.311 км
1952Вацлав Вујцик Полска111.959 км
1949Франческо Локатели Италија121.994 км
1948Вацлав Вујцик Полска111.963 км
1947Станислав Гжелак Полска4606 км
1939Болеслав Напјерала Полска81.291 км
1937Болеслав Напјерала Полска91.336 км
1933Јежи Липињски Полска91.721 км
1929Јузеф Стефањски Полска122.250 км
1928Феликс Вјенќек Полска81.491 км

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]