Питер Венинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Питер Венинг
Лични податоци
Цело имеПитер Венинг
Роден5 април 1981(1981-04-05)(42 г.)
Харкема, Холандија
Висина1,86 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубРомпот-Шарл
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2003 Рабобанк (стажант)
Професионални клубови
2004–2011
2012–2015
2016-
Рабобанк
ГринЕЏ
Ромпот-Оранје Пелотон
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2011, 2014) + 2 ТТТ (2014, 2015)
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2005)

Етапни трки

Трка околу Полска (2013)
Последна промена
21 јануари 2016

Питер Венинг (холандски: Pieter Weening; р. 5 април 1981) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Ромпот-Шарл.

Кариера[уреди | уреди извор]

2005[уреди | уреди извор]

Во 2005 година, Венинг победил на етапа на Тур де Франс. До денес, Венинг е последниот холандски етапен победник на Тур де Франс. По една од најтесните завршници на Тур некогаш, Венинг ја освоил осмата етапа пред Андреас Кледен. Во истата година освоил етапа на Трката околу Полска и завршил втор во генералниот пласман, само пет секунди зад победникот Ким Кирхен. По оваа успешна година бил прогласен за холандски велосипедист на годината.[1][2]

2011[уреди | уреди извор]

Без етапната победа на Трката околу Австрија, Венинг морал да чека шест години на својата следна голема победа. На Џиро д’Италија 2011, само еден ден по неутрализираната етапа поради смртта на Ваутер Вејлант, Венинг победил на етапата 5. Аналитичарите ја оцениле оваа етапа како „мини Џиро ди Ломбардија“.[3] Етапата завршувала на нагорнина и се протегала по неколку неасфалтирани делови (Страде Бјанки). Венинг бил најсилен на крајот од малото бегство и останал напред пред главната група. По етапна победа ја преземал розовата маичка. Освоената маичка добиена на подиумот ја предал на семејството на Ваутер Вејлант.[4]

На 10 август 2011 и по осум сезони со Рабобанк, Венинг ја напуштил екипата и заминал во новата екипа ГринЕЏ во нивната прва сезона во 2012.[5]

2013[уреди | уреди извор]

Во 2013 година, Венинг ја освоил Трката околу Полска откако го започнал хронометарот како петти во генералниот пласман и 27 секунди зад тогашниот предводник. Успеал да го преземе водството со одличен резултат.

2014[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, Венинг повторно освоил етапа на Џиро д’Италија, откако бил дел од екипата која го освоила екипниот хронометар на првата етапа. На деветтата етапа бил дел од главното бегство на денот, заедно со Давиде Малакарне (Тим Јуропкар), успевајќи да остане до крајот на етапата. Го претекнал Малакарне во завршницата, освојувајќи ја третата поединечна етапна победа во кариерата.[6] Венинг исто така го освоил Џиро дела Тоскана 2014 со соло напад.[7]

2015[уреди | уреди извор]

Во август 2015 година било објавено дека Венинг потпишал за Ромпот за сезоната 2016.[8]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2002
2. ГП Вилереву
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
2003
1. Краен пласман Јадранска магистрала
1. Етапа 2
9. Краен пласман Трка околу Австрија
10. Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
2005
1. Етапа 8 Тур де Франс
2. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 6
9. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2006
8. Краен пласман Критериум Интернасионал
2008
7. Краен пласман Реџо-Тур
2009
3. Краен пласман Вуелта а Мурсија
4. Краен пласман Трка околу Полска
6. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 3
2010
2. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Стер Електротур
8. Краен пласман Вуелта а Мурсија
10. Краен пласман Трка околу Австрија
2011
Џиро д’Италија
1. Етапа 5
Ја носел розовата маичка на четири етапи
6. Краен пласман Тур де Романди
2012
10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2013
1. Краен пласман Трка околу Полска
2. Краен пласман Тур де Лангкави
2. ГП Импанис-Ван Петегем
6. Краен пласман Трка околу Баскија
8. Краен пласман Енеко Тур
8. Амстел Голд Рејс
9. Трофео Сера де Трамунтана
2014
Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 9
1. Џиро ди Тоскана
2015
1. Етапа 1 (TTT) Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Џиро 24 45 38 СО 92
Тур 72 93 128 63 72
Вуелта 59 61 44 88

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pieter Weening wielrenner van het jaar (холандски)
  2. Gezocht:opvolger voor Weening[мртва врска] (холандски)
  3. Cycling News (2 мај 2011). „Преглед на етапата 5“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2010-10-27. Посетено на 6 мај 2011.
  4. Cycling News (13 мај 2011). „Погребот на Вејлант закажан за среда“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 мај 2011.
  5. Обри, Џејн (10 август 2011). „Венинг му се приклучи на ГринЕЏ“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 1 јануари 2012.
  6. „Pieter Weening wins Giro d'Italia stage nine after breakaway“. The Guardian. 18 мај 2014. Посетено на 11 август 2015.
  7. „Џиро дела Тоскана 2014 - Класик“. ProCyclingStats. Посетено на 11 август 2015.
  8. „Weening tekent bij ploeg Boogerd“ [Weening signs for Boogerd's team]. De Telegraaf (холандски). 11 август 2015. Посетено на 11 август 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]