Јохан Вансумерен
Вансумерен на Критериум ди Дофине 2011 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Јохан Вансумерен | ||
Прекар | Суми[1] | ||
Роден | 4 февруари 1981 Ломел, Белгија | ||
Висина | 1,97 м | ||
Маса | 76 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2002 2003 | Домо-Фарм Фритес (стажант) Квик Степ-Давитамон-Латекско | ||
Професионални клубови | |||
2004 2005–2009 2010–2014 2015-2016 | Релакс-Бодисол Давитамон-Лото Гармин-Транзишанс Аг2р-Ла Мондијал | ||
Значајни победи | |||
|
Јохан Вансумерен (холандски: Johan Vansummeren; р. 4 февруари 1981 во Ломел) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Вансумерен е роден, пораснал и живее во Ломел, Фландрија, Белгија.[3] Со 1,97 метри, Вансумерен е меѓу највисоките велосипедисти во групата.
По две сезони во аматерските води, Вансумерен станал професионалец со екипата Релакс-Бодисол во 2004 година.[3]
Улогата на Вансумерен е главно како помошник, меѓутоа на класиците настапува самостојно и како предводник на својата екипа.[4] Во 2011, Вансумерен ја освоил најголемата трка во неговата кариера со победата на Париз-Рубе. Вансумерен го направил победничкиот потег по одвојувањето од другите тројца возачи на 15 километри пред крајот, одржувајќи ја разликата на 19 секунди на велодромот во Рубе.[5][6] Ја освоил трката и покрај тоа што завршните пет километри од трката ги поминал со дупната задна гума.[5]
Вансумерен потпишал со Аг2р-Ла Мондијал за сезоните 2015 и 2016.[7]
Во јуни 2016 година го објавил своето повлекување од спортот откако му бил пронајден проблем со срцето, кој бил откриен во февруари на Трката околу Оман 2016, што предизвикало да ја пропушти целата сезона на класици.[8]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2003
- 1. Лиеж-Бастон-Лиеж за под 23 години
- 2. Светско друмско првенство за под 23 години
- 3. Краен пласман Бевербек Класик
- 2004
- 10. ГП Еди Меркс
- 2005
- 4. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2006
- 1. Бодовен пласман Трка околу Британија
- 2007
- 1. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 1б (ТТТ) Сетимана Сиклистика Интернационале Копи-Бартали
- 2008
- 8. Париз-Рубе
- 17. Амстел Голд Рејс
- 2009
- 5. Париз-Рубе
- 12. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2011
- 1. Париз-Рубе
- 1. Дуо Норман (со Томас Декер)
- 2012
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
- 9. Париз-Рубе
- 10. Страде Бјанке
- 2014
- 10. Курне-Брисел-Курне
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | — | 136 | 109 | 62 | 86 | 90 | 29 | — | 147 | — | 74 | СО | — |
Вуелта | 35 | — | — | — | — | — | — | 70 | 79 | 88 | 118 | 121 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Декалуве, Брехт (10 април 2011). „Двојна прослава за Вансумерен на Париз-Рубе“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 11 април 2011.
- ↑ „АГ2Р Ла Мондијал (ALM) – ФРА“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-01-01. Посетено на 1 јануари 2015.
- ↑ 3,0 3,1 „Профил на Јохан Вансумерен“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-12-23. Посетено на 6 јануари 2013.
- ↑ Декалуве, Брехт (10 април 2011). „Двојна прослава за Ван Сумерен на Париз-Рубе“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 11 април 2011.
- ↑ 5,0 5,1 „Вансумерен го освои Париз-Рубе“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Ројтерс. 10 април 2011. Посетено на 11 април 2011.
- ↑ Меклери, Џон (10 април 2011). „Јохан Вансумерен победи пред Фабијан Канчелара“. Дејли Телеграф. Telegraph Media Group. Посетено на 11 април 2011.
- ↑ „Извештај: Вансумерен во Аг2р-Ла Мондијал“. Cyclingnews.com. Future plc. 26 септември 2014. Посетено на 26 септември 2014.
- ↑ Вин, Најџел (29 јуни 2016). „Johan Vansummeren announces retirement from pro cycling after heart problem“. Cycling Weekly. Посетено на 2 јули 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јохан Вансумерен“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Јохан Вансумерен“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Јохан Вансумерен“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Јохан Вансумерен“. ProCycling.
- Јохан Вансумерен на Trap-Friis.dk
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 15 февруари 2012 г. (француски)
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Штефан Шумахер |
Трка околу Полска 2007 |
Наследник Јенс Фогт |
Претходник Фабијан Канчелара |
Победник на Париз-Рубе 2011 |
Наследник Том Бонен |