4 февруари
Изглед
Предлошка:Февруари 2026 4 февруари — 35-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 330 денови до крајот на годината (331 во престапна).
Настани:
| 211 | По смртта на царот Септимиј Север, властапреоѓа на неговите двајца раскарани синови Каракала и Гета. |
| 1789 | Џорџ Вашингтон е избран за претседател на САД. |
| 1859 | Во манастирот „Св. Катерина“ на Синајската Гора во Египет, германскиот теолог Константин фон Тишендорф го открил Синајскиот кодекс — грчки ракопис на Библијата од IV век. |
| 1944 | Во селото Никодин (прилепско) бугарската полиција и единиците од прилепскиот гарнизон ја нападнале Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада која марширала кон областа Азот. Бригадата со противнапад го повратила селото нанесувајќи му на непријателот губитоци од околу 20 мртви. |
Родени:
| 1495 | Франческо II Сфорца — милански војвода. |
| 1761 | Блазиус Мерем — германски зоолог. |
| 1815 | Јосип Јурај Штросмајер — римокатолички епископ, добродетел и политичар од Хрватска. |
| 1820 | Божена Немцова — чешка писателка. |
| 1872 | Гоце Делчев — македонски револуционер и македонски национален јунак, идеолог на Македонското народноослободително револуционерно движење. |
| 1873 | Радое Домановиќ — српски писател. |
| 1900 | Жак Превер — француски поет и сценарист (†1977). |
| 1908 | Предраг Милосављевиќ — српски и југословенски сликар, дипломат и писател. |
| 1913 | Роза Паркс — афроамериканска активистка. |
| 1918 | Ида Лупино — англиско-американска глумица, режисерка и продуцентка. |
| 1926 | Ѓула Грошич — унгарски фудбалер. |
| 1930 | Борислав Пекиќ — српски писател. |
| 1931 | Благоја Иванов — македонски писател. |
| 1947 | Велија Рамковски — македонски стопанственик и политичар. |
| 1948 | Алис Купер — американски рок-пејач. |
| 1956 | Џудит Батлер — американска теоретичарка. |
| 1963 | Пирмин Цурбриген — швајцарски скијач. |
| 1975 . | Натали Имбруља — австралиска кантавторка, модел и глумица. |
| 1981 | Јохан Вансумерен — белгиски велосипедист. |
| 1989 | Јон Изагире — шпански велосипедист. |
| 1990 | Наиро Кинтана — колумбиски велосипедист. |
Починале:
| 211 | Септимиј Север — римски цар. |
| 708 | Сисиниј — римски папа. |
| 1894 | Адолф Сакс — белгиски зработувач на инструменти, „татко“ на саксофонот. |
| 1980 | Стојан Аралица — српски и југословенски сликар. |
| 2001 | Џеј Џеј Џонсон — американски џез-музичар. |
| 2004 | Стево Црвенковски — македонски политичар. |
| 2016 | Морис Вајт — американски музичар. |
| 2018 | Џон Махони — британско-американски глумец. |
| 2022 | Марко Брецељ — словенечки глумец, продуцент и музичар. |