Велија Рамковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Велија Рамковски (Дебреште, прилепско, 4 февруари 1947) е македонски бизнисмен и политичар[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Рамковски е роден во прилепското село Дебреште на 4 февруари 1947 година. Неговото семејство се преселило во Битола во 1952 година, каде што завршил средно економско училиште, а потоа дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1970 година. Работел во неколку општествени претпријатија во Скопје од 1972 до 1990 година, а потоа ја формирал најголемата приватна фирма во СФРЈ „Унипроком“ во Скопје, 1990, која за своето успешно работење ја добила сојузната награда на Стопанската комора на Југославија. Наскоро потоа ја формирал и првата приватна и една од водечките национални телевизии во Македонија Телевизија А1 (1992). Мошне успешен е и новоформираниот синџир продавници „Хедис“ (формиран 2006) со достигнато ниво од над 30% учество на пазарот (податоци од 2007). Спаѓа меѓу најуспешните стопанственици во Македонија во последната деценија. Основач е на Партијата за економска обнова[2] во 2006 и на Фондацијата „Рамковски“ во 2006 со цел да ги афирмира и популаризира духовните вредности на Македонија, со низа афирмативни национални проекти од областа на историското минато, ликовната уметност и книжевноста: за националниот деец Димитрија Чуповски, писателот Петре М. Андреевски, вајарот Боро Митриќески, сликарите Владимир Георгиевски и Новица Трајковски и други македонски современици. Посебно го популаризира Крсте Мисирков со мултимедијален проект во 28 општини, со подарување на 40.000 примероци од книгата „За македонцките работи“, организирање на „Месец на Мисирков“ на Универзитетот ФОН, поставување споменик на плоштадот Пела во центарот на Скопје (дело на вајарот Боро Митриќески) и востановување на наградата „Крсте Петков Мисирков“, со вкупен фонд од 50.000 евра (пет награди: за наука, за уметност, за економија, за спорт и за животно дело). Ги објави и првите книги од конкурсот за роман, збирка раскази и збирка песни.

Во декември 2010 година бил уапсен и задржан во притвор. Обвинет е за перење пари, за злосторничко здружување, затајување данок и злоупотреба на позицијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Македонска енциклопедија. II (прво издание). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2. 
  2. Тодоровска В., Весна. „Формирана нова - Партија за економска обнова“ (на македонски). А1. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=53966. конс. 3 ноември 2009 г. 

Поврзано[уреди | уреди извор]