Владимир Георгиевски
Владимир Георгиевски | |
---|---|
Роден(а) | 1 јуни 1942 Скопје, Царство Бугарија |
Починал(а) | 25 мај 2017 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Занимање | ликовен уметник |
Владимир Георгиевски (Скопје, 1 јуни 1942 — Скопје, 25 мај 2017) — македонски сликар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Георгиевски е роден е на 1 јуни 1942 во Скопје, од татко Ефтим и мајка Фотка. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Постдипломските студии ги завршил на истата Академија во класата на професор Младен Србиновиќ.
Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Починал на 25 мај 2017 во Скопје.
Творештво
[уреди | уреди извор]Во целокупното творештво на Владимир Георгиевски, човекот и неговата судбина се постојана тема, естетска провокација и креативна преокупација. Георгиевски има поминато низ неклку фази на уметничко изразување, но секогаш успешно сочувувајќи ја нагласената оригиналност. Во неговите слики, цртежи, релјефи, скулптури, театарски костимографии и сценографии се редат глумци од сите слоеви на цивилизацијата: шпанскиот благородник Дон Кихот, Достоевски, Бах, Бетовен. Адам и Ева се исто така живи во опусот на Георгиевски, како и светото тројоство, драмата на распнувањето и оплакувањето. Мотивите на старите чевли, лебот, камењата, сувите лисја потсетуваат на трагите на човековото постоење.
Владимир Георгиевски исто така создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.
Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.
Самостојни излагања имал во Скопје, Белград, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Софија и Санкт Петербург.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место
- Cooltura.mk: Интервју со Владимир Георгиевски[мртва врска] (македонски)
- Изложба 'Страдањата на Дон Кихот' во Музејот на Град Скопје, 2016[мртва врска] (македонски)
- Во музејот на Достоевски претставена изложба на уметникот Владимир Георгиевски (руски)
- Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (бугарски)
- Изложба на Георгиевски во Софија (бугарски)
- М-р Владимир ГЕОРГИЕВСКИ (1942), сценограф, костимограф, академски сликар и педагог Архивирано на 13 ноември 2018 г.