А1-телевизија
А1-телевизија | |
---|---|
Отпочната | 22 јануари 1993 |
Прекината | 31 јули 2011 |
Сопственик | Велија Рамковски |
Формат на слика | 4:3 (576i, SDTV) |
Држава | Скопје, Македонија |
Јазик | македонски |
Област на емитување | Македонија |
Седиште | Ул. Перо Наков бб 1000, Скопје |
Сестрински канал(и) | А2-телевизија |
А1-телевизија или само А1 — поранешен приватен електронски медиум во Република Македонија. Иако првите новинари биле дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создала свој кадар, кој се одликувал со препознатлив репортерски стил. Првиот сигнал во телевизијата го добила на 22 јануари 1993 година, а национална концесија добила во 2001 година. А1-телевизија пред нејзиното затворање била една од најгледаните телевизии во Република Македонија. Во 2012 година започна со работа и интернет верзијата на А1, А1он.мк
А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на Конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.
По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престана да емитува програма на 31 јули 2011 год. поради одлука на АЕК. Директорот на АЕК донел решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1-телевизија ДООЕЛ — Скопје има отворено стечајна постапка. Дел од македонските експерти сметаат дека ова е пресметка на владејачката партија со А1-телевизија која известувала од опозициска страна. Сопственикот на А1-телевизија и уште неколку негови соработници во исто време се во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок. На 1 јули 2008 година, во рамките на А1-телевизија била оформена и нова А2-телевизија.
Награди
[уреди | уреди извор]- 2000 година — награда за објективно информирање 2000 за А1 Информативна програма од Здружението на новинарите на Македонија;
- 2003 година — Наградата за граѓанско општество и демократија за долгогодишен придонес.
Новинари
[уреди | уреди извор]Значајни новинари во А1
- Младен Чадиковски
- Наташа Стојановска
- Ацо Кабранов
- Александар Чомовски
- Борјан Јовановски
- Јанко Илковски
- Горан Петрески
- Сашка Цветковска
Странска програма
[уреди | уреди извор]
Серии
[уреди | уреди извор]- 24 (24)
- Валкани секси пари (Dirty Sexy Money)
- Виза за во иднина (Viza za budućnost )
- Вовед во анатомија (Grey's Anatomy)
- Вокер, ренџерот од Тексас (Walker, Texas Ranger)
- Волшебнички (Charmed)
- Вујко од Америка
- Два и пол мажи (Two and a half men)
- Девојките од бутикот 2 (Commesse 2)
- Еџмонт (Edgemont)
- Жена како пријател (Una Donna per Amico)
- Изгубени (Lost)
- Како ќе каже Џим (According to Jim)
- Комесарот Рекс (Kommissar Rex)
- Луд, збунет, нормален (Lud, Zbunjen, Normalan)
- Луд по тебе (Mad about you)
- Лудиот град (Spin City)
- Нашата мала клиника (Nasa mala klinika)
- Не давај се, Нина (Ne daj se, Nina)
- Неш Бриџис (Nash Brigdes))
- Округот Оринџ (The OC)
- Оливер Бин (Oliver Beene)
- Очајни домаќинки (Desperate Housewives)
- Патот за Авонли (Road to Avonlea)
- Пријатели (Friends)
- Семејно богатство (Porodicno blago)
- Серанови (Los Serrano)
- Сопранови (The Sopranos)
- Судот на Ејми (Judging Amy)
- Терористичка ќелија (Sleeper Cell)
- Ќе се вратат штрковите (Vratice se rode)
- Ургентен центар (ER)
- Хана Монтана (Hannah Montana)
- ЦСИ Лас Вегас (CSI: Crime scene investigation)
- ЦСИ Мајами (CSI: Miami)
- ЦСИ Њујорк (CSI: NY)
- Сечи докторе
- Покемон (Pokémon)
- Куќичката на Мики Маус (Mickey Mouse Clubhouse)
- Мали Ајнштајни (Little Einsteins)
- Пингвините од Мадагаскар (The Penguins of Madagascar)
- Сунѓерот Боб Панталоновски (SpongeBob SquarePants)
- Јужен Парк (South park)
Теленовели / Сапуници
[уреди | уреди извор]- Под среќна ѕвезда (Pod sretnom zvijezdom)
- Сите мои деца (Butun Cocuklarim)
- Поинакви времиња (Genis Zamanlar)
- Од мене татко не бидува (Benden Baba Olmaz)
- Солзи на есента (Son Bahar)
- Имотот на дамата (Hanimin Ciftligi)
- ИЗА (Isa TKM)
- Долина на волците (Kurtlar vadisi pusu)
- 1001 ноќ (Binbir Gece)
- Америка (América)
- Анастасија (Estrambótica Anastasia)
- Ангели (Casi Ángeles)
- Антонела (Antonella)
- Барајќи го тато (Amarte Así)
- Богати и славни (Ricos y Famosos)
- Девет месеци (Nueve lunas)
- Дивиот ангел (Muñeca Brava)
- Долина на сонцето (Dolina Sunca)
- Забранета љубов (Zabranjena Ljubav)
- Заклетва (El Juramento)
- Извор (El manantial)
- Јелена (Jelena)
- Качора (Kachorra)
- Клон (O Clone)
- Кога ќе бидеш моја (Cuando seas mía)
- Кога лисјата паѓаат (ТВ Серија) (Yaprak Dökümü)
- Кралот на сточарите (O rei do gado)
- Љубов и презир (El desprecio)
- Љубов и омраза (Entre el amor y el odio)
- Магепсани (Incantesimo)
- Машка чест (Hombres de Honor)
- Млади бунтовници (Rebelde Way)
- Мојата роднина Чела (Mi prima Ciela)
- Научи ме да сакам (Te voy a enseñar a querer)
- Нескротливи срца (Corazones al límite)
- Одмаздници (Los Plateados)
- Патишта на љубовта (Las vías del amor)
- Повторно вљубени (Amar otra vez)
- Посилни од судбината (Contra viento y marea)
- Право на љубов (El privilegio de amar)
- Пристаниште на чудата (Porto dos milagres)
- Руби (Rubí)
- Саломе (Salomé)
- Сѐ ќе биде добро (Sve ce biti dobro)
- Семејни интриги (Laços de família)
- Скриени страсти (Pasión de gavilanes)
- Соледад (Soledad)
- ФМ.04 (Frecuencia 04)
- Циганки (Gitanas)
Квизови
[уреди | уреди извор]Домашна програма
[уреди | уреди извор]- Македонски народни приказни
- Еднооки
- К-15
- Цимери
- Штаб
- Опуштено
- Македонски идол
- А1 Ексклузив
- На рапорт со Јофе
|