Научи ме да сакам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Научи ме да сакам
Жанрдрама, теленовела
Создадена одКарлос Фернандез де Сото
УлогиДана Гарсија
Мигел Варони
Мајкл Браун
Кетрин Сиачокуе
Воведна темаTe Voy a Enseñar a Querer
Земја на потеклоКолумбија / САД
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди129
Продукција
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелемундо
РТИ Колумбија

Научи ме да сакам е романтична теленовела која го раскажува животот за татко и син кои се вљубуваат во иста жена. Оваа теленовела со својот шарм освои многу гледачи низ целиот свет. Серијата премиерно со прикажување во САД започнала во 2004 година, а по неколку месеци, веднаш се појавила и на меѓународниот пазар.

Кај нас, серијата се емитуваше на А1 телевизија. И покрај терминот од 09:00, постигна голема популарност и гледаност. Во тој период, беше најгледаната теленовела со гледаност до 37,5%.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Алехандро Мендез е успешен стопанственик, оженет со Изабела, сопруга која ја обожава и со која има две возрасни деца Пабло и Хелена. Негово хоби е одгледување на бикови на фарма, кои потоа ги продава на коридата. Неговиот бизнис е во центарот на Мексико, но таму постојано се среќава со луѓе кои на секој начин настојуваат да ги преземат акциите од неговата компанија и да му ја земат. Животот на Алехандро драстично ќе се промени, кога неговата сакана сопруга ќе почине. Заминувањето на Изабела го фрла во тешка депресија, почнува да пие, го губи интересот за работата и фармата, а тоа најмногу го користат неговите довчерашни пријатели за да му завртат грб и да се здружат со оние кои сакаат да ја земат компанијата. Од ваквата состојба, Алехандро ќе го извлече познанството со убавата Дијана, која работи како ветеринар. Дијана го запознава Пабло, синот на Алехандро, кој и нуди да работи на фармата и да се грижи за животните. Пабло е опседнат со Дијана и ќе најстојува на сите можни начини да ја освои, но голема мака ќе му зададе сознанието дека неговиот татко е исто така вљубен во убавата ветеринарка. Нивните меѓусебни конфронтации ќе добијат загрижувачки размери, а кога фармата запаѓа во криза, Дијана е личноста која најмногу ќе му помогне на Алехандро да не го загуби имотот. Но, нивната љубов ќе наиде на омраза од Пабло, кој ќе посегне и по сопствениот живот, само за да го привлече вниманието на Дијана, па Алехандро ќе се откаже од желбата повторно да сака во корист на синот. Милисијадес е најголемиот конкурент на Алехандро во бизнисот. Тој е суров човек, кој никогаш не ги покажува чувствата, добро го крие своето минато и единствена цел му да ја земе фармата на Алехандро и тој да биде главен во бизнисот со коридата. Негов соработник во сплетките му е младата Дебора, со чија мајка Руфина, Милисијадес имал љубовна врска во минатото. Дебора ја интересира Алехандро како иден сопруг и можност во иднината да го елиминира и да му го земе богатството. Таа е перфидна лажливка, верува во сопствените лаги и за да му се доближи на Алехандро, се мажи за неговиот партнер Феликс, но потајно се гледа со љубовникот Луис Карлос. Во ова, ја подржува и нејзината мајка, но не и татко и Пабло, кој пред многу години работел со Алехандро и добро знае дека никоја жена да го заземе местото во неговото срце освен Изабела. Но, со подршката кон Алехандро, тој ќе го навлече бесот на Луис Карлос и Дебора, кои ќе се потрудат да го сместат во затвор. Голема мака на Алехандро ќе му зададе и неговата ќерка Хелена, која сака да раководи со фармата, но најголем проблем ќе и биде момчето Салвадор, кој работи на фармата и кого секаде го гледа.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Дана Гарсија Дијанo
Мигел Варони Алехандро
Кетрин Сиачокуе Дебора
Мајкл Браун пабло
Хорхе Као Милсијадес
Ана Лусија Домингез Камила
Мартин Карпан Луис
Шармел Алтамирано Хелена
Конусело Лизардо Руфина
Каролина Лизаразо Флор

Научи ме да сакам на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: А1 Телевизија
Србија: 3К (РТС3)
Босна и Херцеговина: Хајат
Хрватска: НоваТВ
Бугарија: бТВ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]