Циганки (ТВ серија)
Циганки | |
---|---|
Жанр | драма, теленовела |
Создадена од | Серхио Браво |
Улоги | Ана де ла Регера Маноло Кардона Саул Лисазо Долорес Хередија |
Воведна тема | "Ay Gitana, Mia" |
Земја на потекло | Мексико / САД |
Првичен јазик | шпански |
Бр. на епизоди | 162 |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Телемундо Аргос Продукција |
Циганки е романтична теленовела која го раскажува животот на циганите. Оваа теленовела со својот шарм освои многу гледачи низ целиот свет. Серијата премиерно со прикажување во САД започнала во 2004 година, а по неколку месеци, веднаш се појавила и на меѓународниот пазар. Оваа теленовела е римејк на теленовела "Romane". Од продукцијата на Телемундо и мексиканската Аргос Продукција ја одбраа одличната глумечка екипа, и одличните локации во оваа теленовела. Серијата е снимена во 2004 година, а насловната нумера ја пее Давид Бустаменте.Серијата има 162 епизоди, а режијата е на Хорxе Фонс. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на А1 Телевизија во 18:00 часот.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Циганите ги предвои Вања, кој сака да воспостави пријателски односи со жителите, а во тоа му помага отецот Хуан Домингез, кој е негов долгогодишен пријател. Хуан се запознава со Јованка, ќерката на Вања, која пред дваесет години имала љубовна врска со Рафаел Домингез, братот на Хуан, со што го предизвикала гневот на нејзиниот татко. Поради забранетата љубов, Јованка го напуштила племето и по дваесет години се враќа со трите ќерки Марија Саломе, Марија Сашенка и Марија Магдалена. Таа крие дека само една од ќерките е од врската со Рафаел и наследничка на имотот на семејството Домингез. Повторната средба на Рафаел со Јованка ќе предизвика опасни ситуации, кои ќе резултираат со немири во градот. Рафаел е во врска со Сандра, но стариот љубовен пламен повторно ќе го опседне, но конкуренција ќе му биде неговиот роден брат. Но, на повидок е нова љубов, која претендира да го повтори гревот на Јованка. Нејзината ќерка Марија Саломе се вљубува во Себастијан Домингез, синот на Рафаел, а на тоа жестоко ќе се спротвстави Викторија, мајката на Рафаел и Хуан. За Јованка ќе биде шокантно откритие кога ќе дознае дека Хуан е брат на Рафаел и дека е свештеник, што ќе ја стави на ново искушение. Дали да и се препушти на новата љубов и да ризикува повторно да биде избркана од својот народ?
Емитирање на Балканот
[уреди | уреди извор]Македонија: А1 Телевизија
Србија: 3K, ДМ Сат, локалне телевизије
Босна и Херцеговина: НТВ Хајат
Хрватска: НоваТВ
Бугарија: бТВ
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сериалс.ру Архивирано на 8 јули 2007 г.
- A1 Телевизија