Прејди на содржината

Виза за во иднина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виза за во иднина
Позната и какоViza za budućnost
Жанрситком
драмска
Напишана одХасан Џафиќ
Алмир Имширевиќ
Режирана одСулејман Купусовиќ
Војислав Милашевиќ
Неџад Беговиќ
Адмир Гламочак
УлогиНада Ѓуревска
Љубиша Самарџиќ
Јасна Диклиќ
Адмир Гламочак
Мелиха Факиќ
Земја на потекло Босна и Херцеговина
Првичен јазикбосански
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди206
Производство
Извршен продуцент(и)Шухрета Дуда Соколовиќ
Фарук Соколовиќ
Продуцент(и)Јасмин Дураковиќ
МестоположбаСараево
Времетраење35 минути
ДистрибутерМебиус Филм
Прикажување
Првична мрежаБосна и Херцеговина ФТВ
Македонија А1
Србија РТС, Пинк
Словенија РТВ СЛО
Црна Гора РТЦГ, ТВ Вијести
Хрватска Сљеме
Сликов формат480i (SDTV)
Звучен форматстерео
Првично прикажување22 септември, 2002 – 17 април, 2008
Хронологија
СледбеникЛуд, збунет, нормален
Надворешни врски
Мрежна страницаmebiusfilm.com/project/viza-za-buducnost/
Продукциска
мрежна страница
rtvfbih.ba

Виза за во иднина (босански: Viza za budućnost) е босанска хумористична серија која започна со прикажување на сепрември 2002, а заврши во април 2008 година.[1]

Оваа серијата се емитуваше и во Македонија на A1.[2]

Концепт[уреди | уреди извор]

Серијата на хумористичен начин ги отсликува проблемите на жителите на повоено Сараево како и нивната желба да продолжат со нормален тек на животот.

Главен лик во серијата е Србин Милан Голијанин, поранешен дипломат кој по извесно време се враќа од Норвешка во Сараево, заедно со неговата сопругата Даница. Кога Милан и Даница се враќаат во Сараево, во нивниот стан го наоѓаат бошњачко семејството Хусика, чиј стан бил уништен во војната и кои одбиваат да се иселат од станот на Голијанините. Немајќи друг избор, Милан и Даница бараат привремено сместување кај соседите Миро и Сена.

Преку вкупно 206 епизоди, во текот на 6 сезони, гледачите ја следеа судбината на семејството Хусика и семејството Голијанин и беа сведоци на повторното воспоставување на пријателството меѓу нив.

Епизоди[уреди | уреди извор]

Првата епизода на Виза за во иднина се емитуваше на 22 септември 2002 година. Првата сезона има 44 епизоди, втората има 37 епизоди, третата има 19 епизоди, четврата има 42 епизоди, петтата сезона има 34 епизоди, а шестата и последна сезона има 30 епизоди. Последната епизода се емитуваше на 17 април 2008 година на ФТВ.[3] Серијата има вкупно 206 епизоди.

Виза за во иднина стекна голем успех на ФТВ за време својата премиера,[4] а серијата беше прикажана и во други земји од регионот.[5]

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Нада Ѓуревска Мубера Половина
Љубиша Самарџиќ Милан Голијанин
Јасна Диклиќ Даница Голијанин
Адмир Гламочак Суад Хусика
Мелиха Факиќ Алма Хусика
Мирвад Куриќ Риле Половина
Зоран Бечиќ Оскар Прохаска
Амра Капиџиќ Белма Хусика
Изудин Бајровиќ Миро Зврк
Емина Муфтиќ Сена Зврк
Ријад Љутовиќ Тончи
Лејла Звиздиќ Мерима Хусика
Маја Ибрахимпашиќ Нејра Хусика
Жан Маролт Хрвоје Ускок
Санда Крго Сања
Борис Дворник Винко Ускок
Енис Бешлагиќ Зела
Ермин Сијамија Саша Крељо
Тања Бошковиќ Софија Јовиќ
Борислав Стјепановиќ Александар Јовиќ
Марио Дрмаќ Ненад Голијанин
Снежана Марковиќ Сашка Јовиќ
Драго Бука Неро
Сања Буриќ Дијана
Нермин Омиќ Сејо
Факета Салихбеговиќ Авдагиќ Злата
Џенита Имамовиќ Хедија
Раде Чоловиќ Соко
Нарцис Бабиќ Жути
Медиха Муслиовиќ Ранка
Ксенија Јовановиќ Оливера

Наводи[уреди | уреди извор]