Луд, збунет, нормален

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Луд, Збунет, Нормален
Lud Zbunjen Normalan.png
Логото на серијата
Формат Ситком
Создадена од Феџа Исовиќ (сценарист)
Елмир Јукиќ (режисер)
Настапуваат Мустафа Надаревиќ
Сехад Башиќ
Моамер Касумовиќ
Земја на потекло  Босна и Херцеговина
Број на сезони 6 (досега)
Број на епизоди 144 (досега)
Продукција
Времетраење 30–40 минути
Емитување
Емитување 2 септември, 20077 април, 2013
Официјална Веб-страница

Луд, Збунет, Нормален е босанска хумористична серија која започна со прикажување во почетокот на сепрември 2007. Од својот почеток, исто така се покажува и во Хрватска (Нова ТВ), Македонија на A1, а подоцна на Kанал 5, во Србија (на RTS од септември 2008) и Црна Гора (на РТВ Вести).


ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН

Луд, збунет, нормален е босанска хумористична серија која започна со емитување во почетокот на септември 2007 година. Од својот почеток се емитуваше во Хрватска (ТВ Нова), Република Македонија на А1, а потоа на Канал 5, Србија (на РТС од септември 2008 година) и Црна Горна (на РТВ Вести).

КОНЦЕПТ

Три генерации (oд четвртата сезона, четри генерации) од семејството Фазлиновиќ живеат во стан во Сараево. Најстариот во фамилијата е Изет Фазлиновиќ. Изет има син Фарук, кој исто така има син Дамир. Во четвртата сезона, се раѓа синот на Дамир, Џема. Насловот на серијата се однесува на тројцата главни актери, Изет (луд), Фарук (збунет) и Дамир (нормален). Целата серија е заснована на хумористични ситуации што им се случуваат на семејството Фазлиновиќ, нивните пријатели и соработници.

РАЗВОЈ УЛОГИ

Луд, збунет, нормален вработува група на актери. Трите генерации од семејството Фазлиновиќ живеат во стан во Сараево. Најстариот член во фамилијата е Изет Фазлиновиќ (Мустафа Надаревиќ). Изет има син Фарук (Сенад Башиќ) кој има син Дамир (Моамер Касумовиќ). Насловот на серијата се однесува на тројцата главни актери, Изет (Луд), Фарук (Збунет) и Дамир (Нормален). Целата серија е заснова на хумористични ситуации што им се случуваат на семејството Фазлиновиќ, нивните пријатели и соработници. Серијата исто така вклучи како главни улоги и голем број на гости – ѕвезди. Оваа сезона го вклучија Енес Бешлагиќ како Џенис Џенис, познат рокер. Оваа сезона, исто така, го претстави Самир Фазлиновиќ, внукот на Изет од неговиот починат брат, одглумен од познат актер, Емир Хаџихафизбеговиќ министер за спорт и култура во Сараево, кој стана постојан во серијата. Тифа – Тифа одглуми лично, дојде да снима песна кај Фарук. Оваа сезона исто така го вклучија Сејо Сексон (Давор Сучиќ) член на рок групата „Забрањено пушење“, добар пријател на Фарук. Нагиб (Златан Зухриќ - Зухра) – дојде да снима песна кај Фарук. Нина Бадриќ, дојде кај Изет да снима песна. Ал Дино пеач. УКИНУВАЊЕ На 7 април 2013 година Федералната телевизија објави дека серијата Луд, збунет, нормален е прекината поради финасиски проблеми. Во последната епизода, Изет, Фарук и Дамир се на аеородром во Стокхолм. Авионот паѓа и мислат дека тие се мртви. Сепак, три патника кои имаа резервација задоцнија за летот и се претпоставува дека тројцата патници се Изет, Фарук и Дамир. Само сценаристот Феџа Исовиќ знае дали серијата ќе продолжи. На 26 август 2013, беше објавено дека серијата ќе продолжи во 2014 година. УЛОГИ И ЛИКОВИ

• Изет Фазлиновиќ (Мустафа Надаревиќ) – е вдовец во неговите шеесети години, кој беше сираче како дете. Тој е предан комунист со наклонетост кон Титоизмот, како што секогаш го прашува Тито за помош додека гледа во неговата слика, покрај се тој е алчен и нема голема воља да работи за пари, претпочита да работи со измами. Изет често пати се заканува на луѓето дека ќе ги убие „како зајаци“ (што го направи кога по грешка мислеше дека Дамир е хомосексуалец или кога Фарук ја истури неговата ценета и мошне алкохолизирана ракија - максузија). Изет постојано вика и ги застрашува сите околу него преку неговиот голем комичен ефект. Освен тоа, тој прави нечуени тврдења (за неговиот минат љубовен живот и борбата против Германците за време на Втората светска војна, која се случила додека тој бил бебе). Се смета дека е избивен лик во серијата. Ликот е пародија на локален стереотип на постар граѓанин, кој е носталгичен по Југословенската ера.

• Фарук Фазлиновиќ (Сенад Башиќ) – е син единец на Изет. Тој работи како музички продуцент и е сопственик на новонастанатото студио во кое работи. Ликот е пародија на друг стереотипен остаток од Југословенската ера што ја претставува генерацијата на урбаната младина која се вртеше околу рок сцената што напредуваше, која што е сега на работ на своето постоење во повоеното Југословенско општество каде што само турбо-фолк музичарите имаат намера да бидат добро исплатени. Вклучувањето на Фарук на сцената често е нагласено со славни личности на рок музичари кои се чини дека го знаат Фарук од порано. Главна шега во серијата е неговата тенденција да спие по цел ден и да е буден цела ноќ. Тој мора да се соочува со сите неврози на неговиот татко.

• Дамир Фазлиновиќ (Моамер Касумовиќ) – е син единец на Фарук како и внук единец на Изет. Тој е резултат на само една ноќ што се случи во тоалетот на кафе барот Сан Ремо на отворањето во 1985 год. Неговата мајка го оставила со фамилијата Фазлиновиќ и накратко се врати во 2008. И покрај ова, тој е единствениот нормален и добро урамнотежен член на семејството како и медицински студент на Универзитетот во Сараево. Тој ја претставува државната младина или поконкретно студентите, фатени во лудилото на конфликтните општествени збиднувања. Главна шега во серијата е неговиот обид да води нормален живот и покрај неговите ненормални роднини.

• Џема Бранко Фазлиновиќ (Ивор Шпаравало) – е син на Дамир и Барбара, внук на Фарук и правнук на Изет. Не сака да оди во училиште и првпат отиде со неговиот прадедо. Тој веќе ги надминал своите врсници.

ДРУГИ УЛОГИ И ЛИКОВИ

• Чомбе (Мирај Грбиќ) - тој е интелектуално оспорен (многу глупав), но многу пријатен и љубезен лик. Има многу идеи но никогаш не ги исполнува вистински. Чомбе е страсен музичар, но секогаш кога свира на гитара и пее тоа го прави многу лошо, што секој си ја брка својата работа. По секоја сезона, Чомбе ја завршува епизодата или со неговото неподносливо пеење или со своите бесмислени ТВ-шоуа или радио емисии (тој дури еднаш направи шоу со скриена камера на радиото. Тој зборуваше што прават луѓето и која шега ја прави).

• Барара Фазлиновиќ (Марија Омаљев) – поранешната жена на Дамир. Актерка која ја става кариерата на прво место (но факт е дека таа нема кариера). Таа е арогантна и его-центрична, не се грижи многу за другите луѓе. Ликот е пародија на регионалните нови млади кариеристи.

• Самир Фазлиновиќ (Емир Хаџихафизбеговиќ) – е внукот на Изет од неговиот починат брат. Озлогласен измамник кој секогаш ги мами луѓето со кои склучува некаква работа. Тој е пародија на босанските стереотипни, бескурпулозни, микро-бизнисмени. Главна шега во серијата е фактот дека секогаш кога Изет, Фарук или Дамир имаат работа со него се измамени.

• Шефика (Јасна Жалица) – куќна помошничка која работи за фамилијата Фазлиновиќ. Нејзината работа е искомплицирана поради нефункционалноста на фамилијата, особено поради постојаното сексулано малтретирање на Изет и неговиот обид да и ја намали платата. Беше заменета со Рабија во нејзината прва епизода од втората сезона со својата последна појава во 40-та епизода.

• Енес Хаџиетхемчумуровиќ (Жан Маролт) – тој е прв сосед на семејството Фазлиновиќ. Ликот е пародија на корумпираните и слаткозвучни политичари. Неговото презиме исто така е пародија на пост-комунистичките политичари во Босна, бидејќи е долго, има нејасно потекло и верски призвук. Тој прави бројни референции на неименуваната политичка партија на која тој е истакнат член. Тој често своите трошоци ги наплаќа на сметка на партијата (како што се мебелот во неговиот дом и подароците за Шефика), тој го покрал семејството Фазлиновиќ во најмалку една прилика. Партијата му „помогна“ за да ја заработи дипломата по право во 2007 год., иако ретко наоѓа време да ја спроведе во пракса. Енес имаше романтична врска со Шефика и тој го вработи Изет во неговата партија во обид да ги намами постарите гласачи. Обидот не им успеа, поради секс-скандалот предизвикан од Изет. Изет го нарекува дугоња (во преносно значење: многу висок) поради неговиот висок раст. Актерот почина во јули 2009 год., и немаше нови актери да го заменат во 3-та сезона. Неговиот последен настап беше во 71 епизода.

• Др. Џиџимиловиќ (Вања Драч) - тој е психијатар и долгогодишен пријател на Изет. Многу пати е повикан од Изет за да им помогне поради семејните проблеми кои се од медицински и личен карактер. Главна шега во серијата е фактот дека многу од медицинските проблеми за кои др.Џиџимиловиќ е повикан да ги реши се погрешно дијагностицирани пред неговото доаѓање, па тој завршува со издавање на совети за проблеми кои не постојат, како што се бруталноста на Фарук и импотенцијата на Дамир. Актерот почина во септември 2009год., и немаше нови актери да го заменат во 3-та сезона. Неговиот последен настап беше во 72 епизода.

• Ивана (Гордана Бобан) – секретарка во музичкото студио на Фарук. Повеќе или помалку таа ја води работата во студиото. Актерката ја напушти серијата со нејзиниот последен настап во 55-та епизода.

• Дино (на Мехмед) Мујќиќ (Милан Павловиќ) – тонец во студиото. Дебел и глупав. Прикажан е како глупав дури и при купување на Фолскваген Бубата на Изет од 1969 год. за 4900КМ и му исплаќа неколку илјади на Самир за возачка дозвола што има име и слика на некој друг. Актерот ја напушти серијата, со неговиот последен настап во 63 епизода. Првата епизода од третата сезона беше неговиот погреб.

• Стјепан (Стипе) (Саша Петровиќ) – поранешниот сопстевеник на кафулето Сан Ремо кое е популарно место за собирање на ликовите од серијата. Тој се обиде да го саботира Сан Ремо со Самир, но не успешно. Неговиот последен настап беше во 69 епизода објаснет преку неговите последици со сопругата Марија.

• Марија (Татјана Шојиќ) – поранешната жена на Стипе која исто така работеше во кафулето. По многуте години брак Марија планира да се разведе од Стипе и да преземе контрола на сите негови имоти. За да го постигне ова, таа ангажира адвокат/ љубовник и Енес да го застапува Стипе во постапката развод со договор кога тој ќе го изгуби случајот.

• Селма (Зана Марјановиќ) – келнерка во кафулето Сан Ремо. По завршувањето на факултет, стана секретарка во студиото на Фарук откако Ивана замина во Германија.

• Рабија Бубич „Буба“ (Белма Лизде-Курт) – новата куќна помошничка на фамилијата (од втората сезона) која Изет сам ја избра.

• Др.Џуро Убипарип (Боро Стјепановиќ) – гинеколог и долгогодишен пријател на Изет од Белград.

• Бечир (Драган Маринковиќ) – геј поп пејач. Тој дојде од Загреб во Сараево поради лични причини. Прва појава е во 78 епизода.

• Ментор Косова (Илир Тафа) – е ко-сопственик на видео продукцијата на Фарук.

НАСТАПИ КОИ СЕ ПОВТОРУВААТ

• Мариофил (Мирвад Куриќ) – новиот љубовник на Марија. Адвокат. Прва појава во 52 епизода.

• Споменка (Милена Дравиќ) – сосетка и повремена љубовница на Изет.

• Сенка (Сека Саблиќ) – ја чува куќата на Споменка додека таа не е во земјата. Таа е исто така вплеткана со Изет.

• Ана (Халима Мушиќ) – новата девојка на Изет, откако Сенка и Споменка го напуштија.

• Алма – првата девојка на Дамир. Неа ја запозна во библиотека во 2 епизода.

• Инес (Ива Шулентиќ) – поранешната девојка на Дамир.

• Мирна (Алма Терзиќ) – новата девојка на Дамир. Таа го напушти поради недоразбирање во 71 епизода.

• Тања (Слаџана Букејловиќ) – поранешна девојка на Фарук.

• Сенада (Сенжана Марковиќ) – откако раскина со Тања, таа му стана нова девојка. Фарук се ожени со неа. Таа го напушти.

• Џидо Мова (Александар Сексан) – детектив кој Фарук го задолжува да ја истражува новата врска на Сенада.

• Реуфик-Рефко (на Мехмед) Мујкич (Горан Најовец)– братот на Дино, претставен во првата епизода од 3-та сезона.

НАСТАПИ ПО ЕПИЗОДИ

• Џенис Џенис (Енис Бешлагиќ) – тој е познат рокер кој дојде кај Фарук два пати да снима хит. Изет се вмеша и неговиот план пропадна.

• Стефанел (Марио Дрмаќ) –пејач кој дојде еднаш кај Фарук да снима албум.

• Ранка – е починатата жена на Изет. Таа има животна заштеда која ја сокрила. Наречена е „црн фонд“.

• Невена (Медиха Муслиовиќ) – мајката на Дамир која го напуштила кога тој бил бебе.

• Мурга (Изудин Бајровиќ) – полициски инспектор.

• Нада (Ведрана Сексан) – професорка на Дамир.

НАСТАПИ НА СЛАВНИ ЛИЧНОСТИ

• Ханка Палдум – дојде кај Фарук да снима песна во сонот на Изет.

• Нина Бадриќ– дојде кај Изет да снима песна.

• Елвир Лаковиќ Лака – дојде кај Фарук да снима песна.

• Тифа – дојде кај Фарук да снима песна, тој лично глумеше.

• Сејо Сексон – член на рок групата „Забрањено пушење“ , тој е добар пријател со Фарук.

• Нагиб (Златан Зухриќ - Зухра) – дојде кај Фарук да снима песна.

• Ал Дино – пеач. Тој лично глумеше.

• Deen (Дин) – дојде кај Фарук да снима албум.

• Рамбо Амадеус – лично.

• Бакир Хаџиомеровиќ – лично.

ЕПИЗОДИ

Првата епизода на Луд Збунет Нормален се емитуваше на 2 септември 2007 година. Првата сезона има 40 епизоди, втората има 32 епизоди, а третата и четврата имаат по 24 епизоди. Петата сезона, што се емитување во 2012 год., има 16 епизоди и шестата има 9 епизоди пред укинувањето на серијата од Федерална телевизија.

ПОЛЕМИКА

Епизодите 76 и 77 навлекоа некои несогласувања од Муслиманската зедница и некои други организации кои не се со целост Муслимани. Темата на епизодата е побожен Муслимански пејач кој дојде во студиото на Фарук да сними неколку верски песни (со Фарук и другите ликови кои се преправаа дека ги делат истите верски стремежи како и пејачот за да го придобијат поради работата) и пејачот речиси јадеше свинско кое беше послужено како мисиркино месо.