Телевизија Алфа
Алфа ТВ | |
---|---|
![]() | |
Држава | ![]() |
Седиште | Качанички пат б.б. 1000 Скопје |
Веб-страна | [1] |
Алфа ТВ е приватна национална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на трети јуни 2008 година во Скопје и во посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од Јуни 2013 Алфа стана национален телевизиски канал.[1] Програмата може да се следи и преку македонските интернет телевизии Zulu.mk [2] и MaxTV [3], како и на официјалниот веб портал на Телевизија Алфа.
Организација[уреди | уреди извор]
Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно 137 луѓе.
Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии во регионот[2]. Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Заснована е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови. Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери. Во техничкиот оддел на Алфа телевизија работат 11 монтажери, 12 сниматели, 6 режисери, 6 реализатори, 8 видео миксери и 8 тон мајстори.[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Телевизијата од своето основање во 90-тите години беше локална скопска телевизија која го носеше името ТВ Скопје. Потоа беше купена од страна на познатиот грчки медиумски магнат Димитрис Кондоминас. Поради тоа што телевизијата не доби национална концесија, Грците набрзо ја продадоа телевизијата, со што нови сопственици постанаа Французи, но и тие немаа успех со работата на телевизијата, па во 2008 сопственик стана познатиот македонски стопанственик Штерјо Наков. Зделката била вредна половина милион евра[4]. Во 2012 ТВ Алфа е повторно продадена.[5]
Серии[уреди | уреди извор]
- Тајна (Tajne)
- Првата Дама (Primera Dama)
- K-15 (K-15)
- Торчвуд - Децата на планетата земја (Torchwood)
- Шерлок (Sherlock)
- Измамници(Hustle)
- Момците од Медисон (Madmen)
- Книга од џунглата (Jungle Book)
- Моби Дик (Moby-Dick)
- Пет и Стен (Pet and Sten)
- Моите Џебни Миленичиња (Puppy In My Pocket)
- Смрт во рајот (Death in Paradise)
- Помпеја (Pompeya)
- Дистрикт (District)
- Бројки (Numbers)
- Робин Худ (Robin Hood)
- Отворено нон стоп (Arrwright)
- Љубовници и тајни (Sospetti)
- Миле против транзицијата (Mile vs Tranzicija)
- Бакуган (Bakugan)
- Гром во рајот (Thunder in Paradise)
- Слепа правда (Blind Justice)
- Речиси совршена (Almos perfect)
- Цимери[6]
Емисии/Реалити Шоуа[уреди | уреди извор]
- Необјавени приказни [7]
- Семејни тајни [7]
- Моето ново јас [8]
- Пеколна Кујна [9]
- Алфа Акција [10]
- ДНК Анализа [11]
- Работна Акција [7]
- Куќа од срце [12]
- Невозможна мисија
- Домаќине,ожени се
- ПМ магазин
- Еден бакнеж
- Еден на Еден
- Вкусот на традицијата
- Високи октани
- Супер ѕвезда
- Европанорама
- Пресинг
- Пола-Пола
- „Пулс“ со Ана Јовковска
- 5 до 7
- Врати време
- Портик
- Зајди - Зајди
- Фактор здравје
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Официјално мрежно место на Алфа
- ↑ Алфа ќе внесе квалитет и свежина во етерот!
- ↑ Алфа ТВ
- ↑ Штерјо Наков ја купи „Алфа“ телевизија
- ↑ Еве кој ја купил ТВ Алфа
- ↑ „Новиот македонски ситком „Цимери" од понеделник на Алфа“. ТВ Пакет (англиски). Посетено на 2020-11-29.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 http://alfa.mk/ProgramskiDel.aspx?id=272
- ↑ http://alfa.mk/ProgramskiDel.aspx?id=330
- ↑ http://tvpaket.com.mk/tv/3936-27-12-2014-10-14
- ↑ http://alfa.mk/ProgramskiDel.aspx?id=276
- ↑ http://tvpaket.com.mk/tv/3387-2014-03-11-14-07-56
- ↑ http://tvpaket.com.mk/tv/3755-2014-11-02-11-03-15
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
|