Прејди на содржината

Робин Худ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Робин Худ
Лик од англискиот фолклор
„Робин се натпреварува во стрелање со Гај Гисборн“ (илустрација од Л. Рид, 1912)
Информации
Полмашки
Занимањеблагороден разбојник
НационалностАнглосаксонец

Робин Худархетипски лик од британскиот средновековен фолклор, одметник кој краде од богатите за да им даде на сиромасите. Главно оружје му е долг лак и стрела, кое му служи и како средство за ловокрадство.

„Веселата дружина“ на Робин Худ живее во Шервудската Шума, во близина на градот Нотингем во Англија. Робин најчесто е претставен како одметнат англосаксонски благородник (Робин од Локсли) кој го заштитува населението од корумпираните норманските благородници. Шерифот од Нотингем и принцот Џон кои го користатат отсуството на кралот Ричард Лавовско Срце да ја узурпираат и злоупотребуваат власта.

Статула на Робин Худ во близина на Замокот Нотингем направена од Џејмс Вудфорд, во 1951

Позитивните ликови поврзани со Робин Худ се Леди Маријана, Малиот Џон, Фратарот Так и трубадурот Вил Скарлет.

Легендата за Робин Худ е често искористувана како основа за холивудски филмови, од кои најпознати се оние во кои неговиот лик го играат Ерол Флин (1938) и Кевин Костнер (1991). Забележителна е и пародичната анимирана верзија од продукцијата на Волт Дизни (1973).