Штерјо Наков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штерјо Наков
Роден 1948
Штип, СФРЈ
Националност Влав
Занимање економист
стопанственик

Штерјо Наков (роден во 1948 година во Штип) — македонски економист и стопанственик од влашко потекло[1][2][3].

Животопис[уреди | уреди извор]

Родителите на Штерјо Наков по потекло се од Крива Паланка, Калин Камен[4]. Во периодот од 1973 до 1983 година бил вработен во Македонски железници, најпрвин како раководител на Одделот за комерцијални работи и подоцна како директор на интерната банка во рамките на Македонските железници. Во 1983 година станал генерален директор и претседател на Управниот одбор на шпедитерската фирма Фершпед АД – Скопје, кога групацијата Фершпед постигнала голем раст и развој, диверсифирајќи ја својата економска активност и во областа на туризмот и угостителството, производството на вино и слично.

Член на бројни бизнис асоцијации. За постигнатите резултати бил прогласен за стопанственик на годината во 1993 година. Во Македонија е сметан за вториот најбогат човек во земјата за 2012 и 2014 година[5][6]. Во 2008 година е добитник на Столна медалја од редот на Светиот македонски крст.

Компании[уреди | уреди извор]

  • Фершпед АД (1995)[7]
  • Хотел „Александар Палас“[8]
  • Хотел Метропол - Охрид (2004) (х. Метропол, х. Белви и х. Турист)
  • Хотел Фершпед - Маврово
  • Фершпед Брокер

Поранешни компании[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Штерјо Наков го зацврстува челното место во Фершпед 26 март 2013 Архивирано на 2 февруари 2017 г. "Vecer", Retrieved 24.01.2017
  2. Топ листа на најголемите македонски акционери 16.10.2006 "Vecer", Retrieved 25.01.2017 (Macedonian)
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Наков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1008. Text "series " ignored (help)
  4. Калин Камен нова туристичка атракција на осоговието 6/28/2008 Архивирано на 2 февруари 2017 г. "Vest", Retrieved 25.01.2017 (Macedonian)
  5. Forbes ги објави петте најбогати во Македонија според акциите на берзата 30.05.2013 "Makfaks", Retrieved 25.01.2017 (Macedonian)
  6. TEN RICHEST MACEDONIANS 08.04.2015 Архивирано на 2 февруари 2017 г. "Maktel", Retrieved 25.01.2017
  7. Fersped Retrieved 25.01.2017
  8. "Фершпед" не смее да го продава хотелот "Александар Палас" 25.09.2007 Архивирано на 2 февруари 2017 г. "Utrinski Vesnik", Retrieved 25.01.2017 (Macedonian)
  9. Историјат Архивирано на 24 мај 2018 г. Retrieved 25.01.2017 (Macedonian)
  10. Кои се најбогатите Македонци според "Форбс" 29.05.2013[мртва врска] "Utrinski Vesnik", Retrieved 25.01.2017 (Macedonian)