Цимери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цимери
Жанркомедија
Напишана одЕфтим Трајчов Ѓаурски
Елена Стојановска
Зоран Бојаровски
Режирана одТихомир Бачовски
УлогиКристина Атанасова Арсова
Снежана Киселичка
Миле Вратеовски
Милорад Ангелов
Ефтим Трајчов Ѓаурски
Бојан Велевски
Гоце Влахов
Кирил Андоновски
Дубравка Киселички
Љупчо Бубо Каров
Крсте Јовановски
Тематски композиторКуку Леле
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Првичен јазикмакедонски
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди40
Производство
Продуцент(и)Пеце Талески
МестоположбаПреспа
Времетраење35 минути
Прикажување
Првична мрежаАлфа (Сезона 1)
Првично прикажување12 октомври 2015 – 4 декември 2015

Цимери - македонска комедија.[1]

На 12 октомври 2015 на телевизија Алфа започнала новата хумористична играна серија „Цимери“. Проектот бил дел од сопствената играна продукција на Алфа содржел 40 епизоди од по 30 минути. Режисер бил Тихомир Бачовски, кој изјавил дека дејството опфаќало реални ситуации од животот со веродостоен игран приод.

Извршен продуцент на серијата бил Тони Ристов, а се работело според идеја на Ефтим Трајчов.

Сценаријата ги напишале Ефтим Трајчов, Елена Стојановска и Зоран Бојаровски. Главните улоги ги толкувале: Кристина Атанасова Арсова, Снежана Киселичка, Миле Вратеовски, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Бојан Велевски и други македонски артисти.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Бојан Велевски Цветко
Миле Вратеовски Митко
Снежана Киселичка Баба Цена
Ефтим Трајчов Ѓаурски Марко
Кристина Атанасова Арсова Финка
Милорад Ангелов Светлозар
Гоце Влахов Страхил
Дубравка Киселички Мајката на Митко
Кирил Андоновски Дедото
Љупчо Бубо Каров Цацко
Крсте Јовановски Глумецот
Јана Пауноска Цеце
Марко Трајковиќ Мирко

Заплет[уреди | уреди извор]

Главните шест лика се Марко, Цветко, Митко, баба Цена, Финка и Свјатло Красимиров, кои ќе го прикажат животот на цимерите во Скопје низ комичните ситуации на нивниот секојдневен живот. Случките низ кои ќе ги градат ликовите се од современото живеење и се проткаени со хумористични и иронични заплети. Темите се актуелни, секојдневни и провокативни, од вработување и градење кариера до вљубување, сексуалност, па се’ до тоа како да се преживее во голем град.

Музика[уреди | уреди извор]

Музичката тема на серијата “Цимери” ја изведуваат Куку Леле, а серијата е снимана во студиото на Алфа и на неколку локации во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Новиот македонски ситком „Цимери" од понеделник на Алфа“. ТВ Пакет (англиски). Посетено на 2020-12-14.