Кирил Андоновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 15 јули 1942
Пехчево
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Мистериозниот предмет
Јазол
Тврдокорни
Занимање глумец

Кирил Андоновски (Пехчево, 15 јули 1942) — македонски театарски и филмски глумец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Андоновски е роден во Пехчево на 15 јули 1942 година. Основно образование завршил во Пехчево, гимназија во Прилеп и Струмица. Академија за театар, филм радио и телевизија завршил во Белград во класата на Мата Милошевиќ. Како Студент остварил студиски престој во Прага за латерна магика врз делото „Пергинт”. Во организација на МНТ кај професор од Франција завршил курс по Лебан техника.Во 1967 се вработил во кумановскиот театар, од 1969 до денот кога заминал во пензија во 2007 бил во Македонскиот Народен Театар, каде што се уште е активен во репертоарот. Добитник е на наградата за животно дело oд собранието на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп во 2008 година[1].

Филмографија[уреди | уреди извор]

За време на својот 40 –годишен професионален стаж на сцените во театрите низ Македонија има одиграно над 2937 престави во над 150 премиери, од кои на матичната сцена 97.

Година Филм Улога Белешка
1970 Ветар во кутија кибрит
1973 Смилевскиот конгрес
1975 Волшебното самарче
1982 Илинден
1982 Едно лето
1983 Премиера
1984 Белото циганче Рамо
1985 Јазол
1987 Случки од животот
1988-1989 Тврдокорни
1990 Трст виа Скопје
1990 До, ре, ми
1991 Елелига Пепелига
1991 Поштар Професор
1991 Опстанок
1991 Ангели на отпад
1995 Во светот на бајките
1988-1999 Македонски народни приказни
2000 Погрешно време Сокол
2006 Нави Татко Коста
2006 Мост Митре
2010-2015 Македонски народни приказни
2013-2014 Тврдокорни

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]