Тихомир Бачовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тихомир Бачовски
Роден(а)16 февруари 1960
Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал(а)3 септември 2018
Скопје, Македонија Македонија
Националностмакедонец
Занимањережисер

Тихомир Бачовски (Скопје, 16 февруари 1960 - Скопје, 3 септември 2018) — македонски режисер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бачовски е роден во Скопје на 16 февруари 1960 година. Првите контакти на Бачовски со филмот датирале од 1966 година. Како познат кино-аматер веќе во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашна Југославија освојувал повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград. Од 1997 година почнал професионално да се занимава со режија во МРТ, чиј творечки опус траел повеќе од три децении. Режирал различни програми од забавно-музички карактер, реклами, документарни филмови, играна програма, како ТВ драми и ТВ серии, фестивали, манифестации. Бачовски важел за еден од доaјeните и пионерите на снимањето на македонските музички спотови уште во почетокот на 80тите години на 20 век и на еден начин важел за зачетник на овој жанр во Македонија. Ги режирал ТВ сериите: „На наш начин“, „Салон Хармони“, „Ѓоре Шнајдерот“. Починал во Скопје на 3 септември [2018] година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]