Снежана Киселичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Снежана Киселичка
Роден 8 декември 1948(1948-12-08)(75 г.)
Скопје
Националност Македонка
Познат по улогите во:
Македонски народни приказни
Цимери
Едно лето
До-ре-ми
Занимање глумец
Роднини Пируника Киселички (внука)
Деца Дубравка Киселички (ќерка)

Снежана Киселичка (р. 8 декември 1948 година во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Киселичка ги остварила филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм Партизанка
1975 Прва вечер ТВ-филм
1982 Едно лето ТВ-серија
1982 Јужна патека ТВ-филм Жената
1985-1986 Македонски народни приказни ТВ-серија
1987-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Сосетка 1
1990-1992 Тврдкорни ТВ-серија
1992 Еурека ТВ-серија
1993-1997 Македонски народни приказни ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија Жана
2002 Наше маало ТВ-серија
2006-2009 Македонски народни приказни ТВ-серија
2008 Куќен совет ТВ-серија
2010-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија
2014-2015 Приказни од животот ТВ-серија Вера
2015 Цимери ТВ-серија Цена
2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2016 Исклучиво жолти лалиња ТВ-филм Бабата
2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2018 Мејкинг оф ТВ-филм Билјана
2023-2024 Македонски народни приказни ТВ-серија

Животопис[уреди | уреди извор]

Киселичка дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, како првата генерација дипломирани глумци заедно со: Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска и Петре Арсовски. Во 1973 година се вработува во Македонски народен театар во Скопје и останува се до нејзиното пензионирање во 2010 година. Таа е препознатлив лик од Македонски народни приказни.

Нејзината ќерка Дубравка Киселички, и нејзината внука Пируника Киселички се исто така глумици.

Таа своите пензионерски денови ги поминува и ужива над градот Охрид, во село Велестово.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Snezana Kiselicka“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.