Гоце Влахов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гоце Влахов
Роден 12 мај 1949
Скопје, Македонија Македонија
Починал 28 јули 2019(2019-07-28) (возр. 70)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Чекор пред времето
Тврдокорни
Андер
Македонски народни приказни
Македонскиот дел од пеколот
Сенки
Оловна бригада
Среќна нова '49
Мајки
Црвениот коњ
Занимање глумец

Гоце Влахов (Скопје, 12 мај 1949 - Скопје, 28 јули 2019) — македонски глумец. Од 1980 година до неговото пензионирање работел во Македонски народен театар - Скопје.

Театарски претстави[уреди | уреди извор]

Животопис[уреди | уреди извор]

Гоце Влахов бил студент на првата генерација глумци на Факултетот за драмска уметност (ФДУ) во Скопје во 1971, заедно со Петре Арсовски, Мајда Тушар, Снежана Киселичка, Соња Каранџуловска, Ѓорѓи Колозов, Кирил Псалтиров.

Од 1980 до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар, иако на оваа сцена играл бројни улоги од 1972. Тој играл и во Драмски театар - Скопје, и во патувачкиот театар Колозов.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Влахов има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Иљо
1972 Истрел ТВ-филм
1975 Јад ТВ-филм
1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија Поп
1977 Нели ти реков ТВ-филм
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1981 Милион Маченици ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија
1983 Записник ТВ-филм
1983 Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм Климент
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1984 Исповед на таксистот ТВ-филм
1984 Нели ти реков ТВ-филм
1984 Случки од животот ТВ-серија
1984-1985 Легенди и преданија ТВ-серија
1984-1985 Македонски народни приказни ТВ-серија
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија
1985 На наш начин ТВ-филм
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм
1985-1986 Крале Марко јунак стана ТВ-серија
1986 Среќна нова '49 ТВ-филм
1986 Климент Охридски ТВ-филм Младиот Селанец
1986-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1987-1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
1987 Македонски балади ТВ-серија
1988-1990 Чук Чук Стојанче ТВ-серија
1988-1992 Тврдокорни ТВ-серија Јордан Пиперката
1989-1993 Еурека ТВ-серија Записничар
1990 Весела математика ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Сценаристот
1990-1991 Опстанок ТВ-серија Милиционер
1991 Поштар ТВ-филм
1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1992 Азбука на Природата ТВ-серија Презентер
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
1992-1995 Македонски народни приказни ТВ-серија
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1996 Батко Гого нема Пари ТВ-филм
1996-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
1996-2000 Во светот на бајките ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија Никола
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија
2001 Прашина ТВ-филм Арнаут
2002 Светот има осум страни ТВ-серија
2002 Заведени ТВ-серија
2003 Чекор пред времето ТВ-филм
2004 Андер ТВ-филм
2004 Под ТВ-филм Ковач
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Селанец 1
2007 Сенки ТВ-филм проф. Кокале
2008 Куќен совет ТВ-серија
2009 Бунило ТВ-филм Полицаец
2010-2014 Македонски народни приказни ТВ-серија
2010 Мајки ТВ-филм Таксистот
2010 Царската е последна ТВ-филм Претставник
2011 Луѓе без земја ТВ-филм Писарот
2011-2012 Македонски Стари Приказни ТВ-серија
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија Курир од југот
2014-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2015 Цимери ТВ-серија Страхил
2019 Врба ТВ-филм Шофер на автобус

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда "11-октомври"
  • Награда за најпопуларно ТВ-лице на "Екран"
  • Награда за најдобро глумечко отсварување во претставата "Среќна нова '49"
  • Награда за животно дело "Војдан Чернодрински"
  • Награда за животно дело "Петре Прличко"

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Goce Vlahov“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]