Форум (магазин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Форум
Тип Приватна
Oснована 1997
Седиште Скопје, Македонија
Клучни личности Бојан Неделковски, Директор
Дејност Списанија
Производи Вести
Портал www.forum.com.mk

Неделниот магазин Форум, во Република Македонија е бренд кој од 1997 година е препознатлив по својот квалитет и кредибилитет. Во 2007 година, Форум влегува во состав на групација Сeaвус и ја продолжува својата успешна приказна. Во ново руво, со нови сопственици и уредници, Форум се претставува како еден од водечките македонски политички магазини.

Влијанието на магазинот се мери не само според завидниот тираж, туку и според одгласите кои секојдневно доаѓаат во Редакцијата и наоѓаат свое место во секое ново издание на Форум.

Форум е поделен на автономни, а сепак обединети целини. Почнувајќи со политичката карикатура, како единствен, во Македонија, графички коментар, сосема ослободен од меѓите на зборот. Просторот посветен на политиката доминира, но сепак е во хармонија се делот осмислен како култура и живот. Помеѓу е рубриката свет со сите свои турбуленции видена од дописниците во Москва и Вашингтон, соседството, од нашите растрчани соработници. Но, тука е и она најважното - парите, бизнисот, економијата.

Форум е повеќе од хроника, многу повеќе од дневен записничар. Форум во чекор со светските трендови додава уште два нови медиума, порталот www.forum.com.mk и месечникот на англиски јазик Free Time Guide Macedonia.

Порталот www.forum.com.mk со својата свежина, продорност и оригиналност е постојано во нагорна линија на посетеноста. Веб-порталот го нуди истиот квалитет на содржините како и магазинот, ги следи светските стандарди и најновите трендови.

Free Time Guide Macedonia е месечен магазин на англиски јазик, посветен на богатството на Македонија, нејзините убавини, обичаи и луѓето. Неговата главна цел е да ги претстави убавините на Македонија и да ја пренесе ведрината на нејзината душа, но и да понуди нешто ново и несекојдневно на секој странец во Република Македонија.