МРТ 2 Сат (MRTV - Sat) — вториот сателитски канал на Македонската радиотелевизија. Почна да емитува сателитска програма во октомври 2012 година како втора сателитска програма на Македонската радиотелевизија.
Од 2012 г. со започнувањето на сателитското емитување на МРТ 2 Сат се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик. Емитува 24 часовна програма, за разлика од МТВ 2, која емитува програма од 7 часот наутро до 1:30 по полноќ. Програмата се емитува на сателитите Еутелсат и Галакси, како и во интернет понудата на канали на Т-Мобиле Македонија, Макс ТВ.