Качора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Качора
Жанркомедија, теленовела
Создадена одГуставо Бариос
УлогиНаталија Ореиро
Пабло Раго
Марија Роса Гало
Освалдо Санторо
Хосе Марија Монхе
Воведна тема"Cuesta Ariba, Cuesta Abajo"
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди150
Продукција
Извршен продуцент(и)Габриел Фиеро
МестоположбаБуенос Аирес
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 11 / Телефе
Првично прикажување20 мaj 2002 – 12 декември 2002

Серијата Качора е хумористична аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Буенос Аирес, во текот на 2002 година, со 150 епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, како и кај нас која се емитуваше во утринскиот термин на А1 телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Качора е во основа една голема љубовна приказна. Главниот протагонист е една обична девојка од соседството, сиромашна и со ниско ниво на култура, но со голема внатрешна сила, оптимизам, весела, забавна, способна и снаодлива во секакви ситуации.Со нејзините две момчиња ќе создаде љубовен триаголник исполнет со страст, конфликти и многу караници. Приказната започнува со неа кога се наоѓа во затвор, неправедно обвинета за убиство.Таа бега од затвор и влегува во домот на Моравија, моќно семејство, со лажен идентитет, само за да се заштити од полицијата. Таа живее во куќата, но со постојан страв да не биде откриена. Има многи смешни ситуации кога неискусната и необразована Качора мора да глуми лик на професионална учителка чиј идентитет го носи.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Наталија Ореиро Антонија (Качора) / Росарио
Пабло Рага Бруно
Марија Роса Гало Пиерина
Освалдо Санторо Франциско
Марија Роса Фугазот Елена
Хосе Марија Монхе Херман

Надворешни врски[уреди | уреди извор]