Судот на Ејми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Judging Amy
Податотека:Judging Amy.jpg
Екранска снимка од најавната шпица
Создадена одЕјми Бренеман
Бил Д’Елија
Џон Тинкер
УлогиЕјми Бренеман
Ден Футерман
Тајн Дели
Кевин Рам
Ричард Т. Џоунс
Маркус Џиамати
Џесика Так
Карли Ворен
Џилијан Арменанте
Тимоти Омундсон
Земја на потекло САД
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди138
Продукција
Времетраење60 минути
Прикажување
Првична мрежаCBS
Првично прикажување19 септември 1999 – 3 мај 2005

Судот на Ејми е американска телевизиска серија емитувана на каналот CBS од 1999 до 2005 година, со вкупно шест сезони. Серијата го следи животот на Ејми Греј, 35-годишна самохрана мајка која ја напушта својата кариера на адвокат во Њујорк и се враќа во своето родно место Хартфорд, каде станува судија за семејни случаи. Таа е разведена и сама ја одгледува ќерка си Лорен. Во Харфорд живее со својата доминантна мајка, Максин, поранешен социјален работник.

Сценариото е засновано врз вистинскиот живот на мајката на главната глумица, Ејми Бренеман, и е приказна за три генерации жени кои живеат заедно и кои се соочуваат со лични и професионални дилеми во својот променлив живот.

Во Македонија, Судот на Ејми се емитуваше на А1 телевизија.