Волшебнички (ТВ-серија)
Волшебнички Charmed | |
---|---|
Жанр | натприродна драма |
Создадена од | Констанс М. Бург |
Улоги | Холи Мари Коумс Алиса Милано Роуз Мекгауан (2001-2006) Шанен Доерти (1998-2001) Брајан Крос Доријан Грегори (1998-2005) Џулијан Мекмен (2000-2005) Дру Фулер (2003-2004) Кејли Куоко (2005-2006) Тед Кинг (1998-1999) |
Воведна тема | „How Soon Is Now?“ од Love Spit Love |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | Англиски |
Бр. на сезони | 8 |
Бр. на епизоди | 178 (список на епизоди) |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Бред Крн Констанс М. Бург Арон Спелинг Е. Дјук Винсент |
Времетраење | 40-45 мин. |
Прикажување | |
Првична мрежа | The WB |
Првично прикажување | 7 октомври, 1998 – 21 мај, 2006 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | tntdrama.com/shows/charmed |
Волшебнички (англиски: Charmed) — американска телевизиска серија што се емитувала во осум сезони на телевизијата WB, продуцирана од Арон Спелинг. Во Македонија се прикажуваше на А1 телевизија. Се работи за три сестри кои се најмоќните добри вештерки во светот, во натприродната заедница познати како „Волшебничките“ (The Charmed Ones), но за сите други познати како Халивелови. Секој сестра поседува уникатни магични моќи коишто растат и се развиваат за време на нивните животи. Волшебничките живеат заедно во куќа што ја нарекуваат „поседот“ и ги користат своите натприродни моќи во борба против вештери, демони и други злобни сили што живеат во Сан Франциско, Калифорнија.
Во почетокот, оваа серија имала најголем рејтинг на гледаност на таа телевизија, додека не почнала да се емитувала серијата Смолвил, чијашто премиера ја гледале 8,4 милиони гледачи, додека премиерата на Волшебнички ја гледале 7,7 милиони гледачи. Серијата заврши со емитување на 21 мај 2006, кога ја гледале 4,9 милиони гледачи.
Вовед
[уреди | уреди извор]Приказната за Волшебничките започнува кога трите сестри Халивел — Пруденс (Prudence), Пајпер (Piper) и Фиби (Phoebe) — се смируваат и повторно се соединуваат како сестри со враќањето на Фиби од Њујорк 6 месеци по смрта на нивната баба. Истата ноќ, љубопитноста ја убедува Фиби да види што се крие на таванот (без разлика што сестрите ѝ кажуваат дека бесполезно ќе си го губи времето). Таму Фиби открива една стара дебела книга со чуден знак на дебелите правливи корици. Нејзината љубопитност го победува стравот дека може да се случи нешто лошо и ја отвора книгата. Читајќи еден мал текст од книгата, Фиби ненајдено изрекува магија која исполнува едно пророштво и благодарение на ова пророштво всушност сестрите дознаваат дека се волшебнички. Книгата се нарекува Книга на сенките (The Book of Shadows).
Тие откриваат дека поседуваат натприродни моќи, но и дека потекнуваат од познати вештерки. Првата од ова колено на вештерки, Мелинда Ворен, поседувала три моќи: моќта да помрднува предмети со својот ум (телекинеза), да го запира времето и да гледа во иднината. Но, за жал, Мелинда подоцна била убиена, т.е. изгорена. Како и да е, пред да умре, Мелинда предвидела дека секоја идна генерација на Ворен (подоцна Халивел) ќе станува сѐ посилна и посилна, сѐ до крајот додека не дојдат трите сестри - најмоќните добри вештерки што некој некогаш ги има видено. Тие три сестри ќе го исполнат древното пророштво и ќе се создаде т.н. „Моќ на трите“, најсилната волшебна сила што некогаш се родила.
Пру Халивел, најстарата сестра, ја добива моќта на телекинеза и може да помрднува предмети со нејзиниот ум. Вообичаено нејзината моќ е контролирана од лутина и на почетокот ја контролира преку очите. Но наскоро ќе може и преку рацете, како и нејзината баба (таа првпат го изведува ова во првата сезона во епизодата „Out of Sight“). Пру подоцна ја добива моќта на астрална проекција, со што може да направи нејзина „копија“ и таа копија да се појави каде што сака, заедно со нејзината свесност, додека физички нејзиното тело стои во место без свест. Моќта на астрална проекција се развива (во втората сезона во епизодата, „Ms. Hellfire“) од нејзината потреба да биде на две места одеднаш. Додека е во астрална проекција, таа не може да користи телекинеза. Во третата сезона, во епизодата „Primrose Empath“, каде што и последен пат ја користи оваа моќ, успева да направи копија и на двете места да остане свесна.
Пајпер, на почетокот како средна сестра, но подоцна најстара, ја добива моќта да го сопира времето, односно да замрзнува некој предмет или човек (молекуларно здрвување) и запирање на времето (моментно стопирање на времето). На почетокот Пајпер нема голема контрола врз нејзините моќи. Времето за коешто може да остави човек или предмет замрзнат е многу кратко, а запирањето на времето е само неколку минути и само времето и настанот што се случува околу неа. Како што поминува времето, нејзината моќ расте. Таа почнува да замрзнува цели соби, или да замрзне специфично некој човек или предмет без да замрзне нешто околу нив. Подоцна може и да замрзне некој демон или човек и да одмрзне само некој дел од нив, како на пример само главата, што како резултат е добро кога ги испрашува. Пајпер исто така подоцна ќе може да замрзне нешто за многу долго време без да биде во собата и да го „задржува“ замрзнувањето. Подоцна се открива дека нејзината моќ работи на молекуларно ниво, што значи дека може да ги забави молекулите на местото каде што ја упатува моќта. Оваа моќ подоцна се развива со тоа што наместо да ги забави молекулите, односно да замрзне, таа се оспособува да ги забрза молекулите, правејќи предметите (и демоните) да експлодираат. Оваа моќ е наречена молекулско согорување. Нејзината замрзнувачка моќ е контролирана од страв, паника и изненадување, додека нејзината експлодирачка моќ (додека не стекне целосна контрола) е контролирана од страна на лутина.
Фиби, најмладата сестра, ја добива моќта на визија, што ѝ дозволува да гледа во иднината. Нејзината моќ дејствува допирајќи предмети или луѓе (или ако физички останало нешто на местото каде што се наоѓа, на пример, некоја соба). На почетокот, нејзините визии се сметаат за неактивна моќ, но кога ќе научи повеќе за нив, на некој начин добива целосна контрола и како што оваа моќ расте, се смета за активна. Од време на време, нејзината моќ за визиите расте на повеќе начини. Оваа моќ расте, со тоа што таа добиваа можност да ги чувствува работите во своите визии, на пример чувствува како нејзината мајка се дави кога добива визија за минатото во втората сезона во епизодата, „P3 H2O“. Оваа можност да ги чувствува визиите ѝ послужува подоцна кога ќе ги добие емпатичките моќи. Во петтата сезона во епизодата, „The Eyes Have It“, откако не мајќи визии веќе подолго време поради премногу стрес и преку работно време, бара помош од Циганка да ѝ ги одблокира нејзините моќи. Таму таа добива „супер визија“ во која астрално се проектира. Нејзината моќ расте на тој начин што кога е повредена во некоја визија, таа и физички се повредува. Иако овој вид на визии е многу редок, таа добива можност астрално да се проектира во иднината и да разговара со Фиби од иднината. Фиби исто така може да ги дели визиите со некој што има дарба да гледа во иднината, како на пример некои гатачки. Некаде во третата сезона, Фиби ја добива моќта на левитација, која ѝ служи добро во комбинација со нејзините боречки вештини. Нејзините емпатички моќи, кои ги добива во шестата сезона, ѝ дозволуваат да ги чита туѓите чувства. Може да ја канализира својата моќ, така што може да ги рефлектира нападите на демоните, како на пример на Валкирите, како во „Valhalley of the Dolls (2. дел)“. Но поради некои проблеми и договори на сестрите за да донесат повеќе правда, Фиби ги губи моќите и успева да ја врати само моќта на визиите и мал дел од левитацијата.
По трагичната и неочекувана смрт на Пру, Пајпер и Фиби дознаваат дека имаат помлада полусестра по име Пејџ (Paige), родена од страна на мајка ѝ, Пати, и Сем, нејзиниот белосветец. Бидејќи ваквиот вид на врска била забранета и невидена во тоа време, Пати и Сем ја оставаат Пејџ пред портите на една црква и подоцна семејството Метјуз ја посвојува. Нејзините биолошки родители побарале само нејзиното име да почнува на буквата П, за да се продолжи традицијата на Халивел. Од нејзиниот белосветец татко, Пејџ ја наследува моќта да се телепортира како белосветец. На почетокот, Пејџ може да се телепортира за миг и да се појави на истото место. Тоа е контролирано од страв и изненадување. Таа брзо ја добива моќта да се телепоритира целосно како вистински белосветец. Според пророштвото за трите сестри Волшебнички со трите посебни моќи, третата сестра ја има моќта на телекинеза. Тоа што Пејџ е полувештерка, полубелосветец, влијае на моќите на Пејџ коишто ги наследила од Пати. Затоа, наместо телекинезата што ја имаше Пру, Пејџ може да помести предмет со тоа што ќе го повика, предметот подоцна се телепортира во нејзините раце или на било кое друго место. Ова моќ е наречена телепортирачка телекинеза. Во петтата сезона, Пејџ открива дека има и други белосветечки моќи, како што е „гламуринг“ (моќ којашто е доста слична со моќта за промена на обликот и којашто најчесто ја користат демоните за да се преправат во некој и со тоа да ги излажат сестрите). Галмурингот е моќ којашто само го менува изгледот на некоја личност за некои гледачи да мислат дека тоа е моќта на „телепортирање во некој“, но тоа не е така. Разликата помеѓу овие две моќи е тоа што кога се користи моќта на „телепортирање во некој“, тогаш белосветецот се телепортира во некоја личност и се обидува да му ги контролира емоциите и некои други работи, додека галмурингот прави некој да изгледа, и само да изгледа како некој друг, но сѐ друго останува исто. Галмурингот може да се активира преку магија или напивка. Но сепак, родена моќ е на белосветците и во овој случај на Пејџ. Некаде во осмата сезона, белосветечката моќ на Пејџ се развива скоро целосно, кога се оспособува да ги лечи претпоставените и да ги лоцира заштитниците со тоа што ги чувствува.
Серијата е централизирана околу борбата на сестрите да ги балансираат своите нормални животи со своите натприродни одговорности. Тешкотијата да ја чуваат својата тајна надвор од светот причинува тензија кај нивните другарства, работни места и романтични врски. Само некои ја знаат нивната тајна и се обидуваат да ја чуваат безбедно. Најважен е Лео Вајат, белосветец пратен од старешините да ги води и заштитува сестрите. Лео им значи многу на сестрите и професионално и лично: тој ги лечи кога е потребно, ги советува за што и да е и медитира помеѓу нив и здодевните старешини. Тој исто така станува и љубовта на животот на Пајпер, нејзин сопруг и татко на нејзините деца. Други кои ја чуваат тајната на сестрите низ годините се: полициските инспектори Енди Трудо и Дерил Морис, променливиот полудемон Кол Тарнер, мистериозниот патувач низ времето Крис Пери, сестрите Кристи и Били Џенкис, сопругот на Пејџ, Хенри Мичел, и уште многу други суштества од волшебното општество.
Улоги
[уреди | уреди извор]Главни
[уреди | уреди извор]- Пруденс „Пру“ Халивел – (Шанен Доерти) (сезони 1–3)
- Родена е на 28 октомври, 1970 и е најстарата сестра меѓу Халивелови. Родена е со моќта на телекинеза, а подоцна ја усовршува и моќта на астрална проекција. Полна е со воља, храброст, енергија и интелигенција, секогаш наоѓа решение за проблемот и секогаш е премногу грижлива кога станува збор за нејзините две сестри, Пајпер и Фиби. Поминувајќи го своето детство грижејќи се за своите две помали сестри по смрта на нивната мајка, таа станува одговорна, со целосна одлучност за тоа што ќе го направи, вклучувајќи ја борбата со демоните. Оваа одговорност најчесто доведува до конфликти со поослободената Фиби. Како и да е, Фиби и Пру се зближуваат сѐ повеќе и повеќе како што напредува серијата. Понекогаш Пру дозволува нејзината гордост да реши некои работи, но никогаш не дозволува нејзиниот личен живот да се помеша со работниот живот. Пру во првата сезона работи во една фирма за лицитација, но подоцна дава отказ за да може да го следи своето срце. Некое време е без работа и е во потрага по нејзината идејална работа којашто ќе ја доведе до тоа да стане фотограф. На 17 мај 2001, таа е убиена од страна на Шакс, демонски убиец испратен од Изворот.
- Пајпер е родена 1973 и е средно дете. По смрта на Пру, ја добива улогата на најстара сестра. Нејзини моќи се замрзнувањето односно сопирање на времето и експлодирање над кои има целосна контрола. Таа е единствена од сестрите која цело време сака да има нормален живот, и отсекогаш имала лошо мислење за животот како волшебничка. Кога првпат станува волшебничка, таа е смирена и претпазлива, и често има задача да ги смирува Пру и Фиби. Како што напредува серијата, таа станува посилна личност и добива повеќе авторитет по смрта на Пру. Таа подоцна станува мајка на два сина (Вајат и Крис) и ќерка (Мелинда) со нејзиниот сопруг Лео, и ќе направи се за да ги заштити своите деца. Уште од мала добива желба да готви и и помага на баба и во кујната што и раѓа желба да се вработи во ресторан. Нејзината желба кон готвењето ја доведува и да си отвори свој клуп Р3, и е откриено во последната епизода свој ресторан.
- Фиби, родена на 2 ноември, 1975 е типично „бебе“ на семејството и е многу природна, слободна млада жена. Моќ со која е родена се визиите, што се развива доволно да и дозволи да гледа не само во иднината туку и во минатото. Што подоцна на некој начин и овозможува да се префрла во нејзините визии. Фиби подоцна ја добива моќта на левитацијата, што често ја комбинира со своите боречки вештини и моќта на емпатијата но подоцна ја губи. Таа е романтична, и подоцна станува успешна колумнистка и автор. Во раните години а и потоа таа има проблеми со сестра и Пру, но по смрта на Пру таа всушност ги смирува Пајпер и Пејџ. Најдолгата врска и е со полу демонот Кол Тарнер, и со Куп. Во 2006 ангелот на судбината ги венча Фиби и Куп, како што е видено на крајот на серијата, и имаат 3 ќерки. Таа продожува да работи во Бај Мирор и пишува книга за наоѓање љубов.
- Пејџ Метјуз – (Роуз Мекгауан) (сезони 4–8)
- Родена е на 2 август, 1977. По тајната љубовна врска со нејзиниот белосветец Самуел Вилдер, мајката на волшебничките, Пети Халивел, се пораѓа со четврта ќерка. Тие ја оставаат Пејџ пред портите на една црква бидејќи нивната љубов била забранета. Таа била посвоена уште како дете, и пораснала како единствено дете на некоја млада двојка. Додека одела на училиште Пејџ често запаѓала во невољи. Таа е цврста и темпераментна додавајќи и нова динамика на серијата од четвртата сезона и натаму. Родената моќ на Пејџ е телекинезата, но бидејќи е пола белосветец оваа моќ комбинирана со моќта на телепортирањето станува телепортирачка телекинеза. Таа брзо ги совладува вештерските вештини и помага во уништувањето на Изворот. Во осмата сезона ја добива моќта на лечење на поблиските и на тие што ги сака како на пример за првпат го лечи Хенри. Давала секогаш се од себе за да стане професионална вештерка и отсекогаш имала проблем наоѓајки работа. По смрта на Гидеон, Пејџ ги убедува старешините да го остават отворено училиштето за магија. Тие се согласуваат само ако Пејџ стане директорка и им овозможи на учениците целосна заштита. Пејџ се венча со полицаецот Хенри Мичел и добиваат две ќерки близначки и син, Хенри Џуниор.
Споредни
[уреди | уреди извор]- Енди Трудо — (Тед Кинг) (сезона 1)
- Енди е пријател од детството на сестрите и првата љувов на Пру. Тој им служи на сестрите како прикривач на тоа што го прават од страна на полицијата (која отсекогаш им правела проблеми на сестрите покрај демоните) кога веќе дознава за тајната на сестрите. Демонот Родригес со помош на демонот Темпус го убива Енди обидувајќи се да ги заштити сестрите во финалната епизода од првата сезона.
- Дерил Морис — (Доријан Грегори) (сезони 1–7)
- Дерил, кој е полициски партнер на Енди, ја зема улогата како „Халивел поврзаност со полицијата“ по трагичната смрт на Енди. Тој вистински почнува да ги штити сестрите кога веќе ја дознава нивната тајна, дури и по многуте проблеми кој ги добива од страна на сестрите кој доведуваат до за малку да ја изгуби работата, проблеми во бракот и многу други работи. Во почетокот на осмата сезона се дознава дека е преселен во друга држава под иницијатива на жена му.
- Лео Вајат — (Брајан Крос) (споредна улога во сезона 1; сезони 2–8)
- Лео е белосветецот на сестрите на почетокот, но наскоро се заљубува во Пајпер. Волшебните унапредувања на Лео даваат еден портрет на успешен човек и човек кој води борба помеѓу работниот и љубовниот живот. Неговата врска со Пајпер е еден од многуте конфликти помеѓу Халивел сестрите и Старешините.
- Ден Гордон — (Грег Вон) (сезона 2)
- Ден се преселува во соседната куќа од таа на Волшебничките со својата внука, Џени и брзо се заљубува во Пајпер. Извесно време тие излегуваат заедно поради што се создава љубовниот триаголник помеѓу Пајпер, Ден и Лео, но ова трае сè додека Ден не сфати дека не може да ја замени првата вистинска љубов на Пајпер, Лео. Тој подоцна си заминува, на крајот од втората сезона.
- Џени Гордон — (Карис Пејџ Брајант) (сезона 2)
- Џени е внуката на Ден и глумеше во серијата сè додека не беше ненајдено отфрлена.
- Кол Тарнер — (Џулијан Мекмен) (сезони 3–5, гостин во сезона 7)
- Кол е првиот сопруг на Фиби, тој е полудемон, што предизвикува судири помеѓу сестрите. Оригинално всушност тој е моќен злосторник, а подоцна неговата моќ расте и станува повеќе од обичен демон. По неговото последно уништување од страна на сестрите, тој продолжува да ја надгледува Фиби, тивко и скриено.
- Крис Пери Халивел — (Дру Фулер) (сезона 6, се има појавено во сезона 5, 7 и 8)
- Неродениот син на Пајпер и Лео, Крис Халивел (знаен и како Крис Пери), престојува кај сестрите година и половина, доаѓа од иднината за да помогне да ги победат Титаните и да го спаси младиот Вајат да се преобрати во зол. Неговата возрасна форма умира од страна на Гидеон, токму пред да се роди. Подоцна се појавува уште двапати, еднаш во Someone to Witch Over Me и повторно во последната епизода.
- Били Џенкис — (Кејли Куоко) (сезона 8)
- Били е штитеничка на Пејџ. Иако на прв поглед изгледа преуверена во своите способности, таа всушност станува ученичка на сестрите, помагајќи им да го живеат својот живот без демони. Иако сестра и Кристи ја убедува да ги предаде сестрите Халивел, Били на крајот останува со сестрите и им помага како вистински пријател со благодарност за тоа што ја научиле.
Ликови кои се појавуваат во текот на серијата
[уреди | уреди извор]- Пенелопи „Пени“ Халивел (баба) — (Џенифер Роудс)
- Патриша „Пати“ Халивел (мама) — (Финола Хјуз – сезони 1–5, 7 и 8)
- Виктор Бенет– (Тони Денисон — сезона 1) (Џејмс Рид – сезони 3-8)
- Сем Вајлдер– (Скот Јејк — сезони 2, 5 & 8)
- Малиот Вајат Метју Халивел — (Џејсон и Кристофер Симонс – сезони 6–8)
- Постариот Вајат Метју Халивел — (Вес Ремзи – сезони 6–8)
- Малиот Крис Халивел (сезони 7 & 8)
- Шила Морис– (Сандра Проспер — сезони 5–7)
- Елис Ротман– (Ребека Болдинг — сезони 4–8)
Измена во најавната шпица
[уреди | уреди извор]Во првите пет епизоди, глумците се прелистуваат вака: Шанен Доерти, Холи Мари Коумс, Тед Кинг, Доријан Грегори и Алиса Милано. Почнувајќи од шестата епизода, глумиците кои ги глумат волшебничките секогаш се прелистуваат први. По нив доаѓаат кои било од споредните глумци кои глумат во одредената сезона. Ако некој од споредните ликови не се појавува во некоја епизода, неговото/нејзиното име не се појавува во најавната шпица. Втората епизода од втората сезона „Morality Bites“, е единствената епизода во којашто само сестрите се појавуваат во најавната шпица.
Од првата до третата сезона, главните глумци се прелистуваат по нивната возраст: Шанен Доерти, Холи Мари Коумс и Алиса Милано. По заминувањето на Шанен Доерти, останатите две главни глумици се појавуваат како прва и како последна со новата глумица во средината: Алиса Милано, Роуз Мекгауан и Холи Мари Коумс како „Пајпер“. Брајан Крос, кој станува редовен член на серијата на половина од втората сезона, е прикажан како четврт од сезона 3 до сезона 7. Како и да е, во осмата сезона, Кејли Куоко го зазема четвртото место.
Епизоди
[уреди | уреди извор]Рејтинзи
[уреди | уреди извор]Сезона | Премиера на сезоната | Крај на сезоната | ТВ-сезона | Viewer Rank (#) | Network Rank (#) | Гледачи (во милиони) |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 10 октомври, 1998 | 26 мај, 1999 | 1998 — 1999 | 118[1] | 2 | 5.4 |
2 | 30 септември, 1999 | 18 мај, 2000 | 1999 — 2000 | 120[2] | 2 | 5.2 |
3 | 5 октомври, 2000 | 17 мај, 2001 | 2000 — 2001 | 117[3] | 2 | 4.9 |
4 | 4 октомври, 2001 | 16 мај, 2002 | 2001 — 2002 | 129[4] | 6 | 4.2 |
5 | 22 септември, 2002 | 11 мај, 2003 | 2002 — 2003 | 128[5] | 6 | 4.5 |
6 | 28 септември, 2003 | 16 мај, 2004 | 2003 — 2004 | 154[6] | 5 | 4.3 |
7 | 12 септември, 2004 | 22 мај, 2005 | 2004 — 2005 | 132[7] | 7 | 3.5 |
8 | 25 септември, 2005 | 21 мај, 2006 | 2005 — 2006 | 132[8] | 7 | 3.5 |
Теми на серијата
[уреди | уреди извор]Борбите во животот на ликовите
[уреди | уреди извор]Серијата е секогаш „се врти“ околу животот на главните ликови и нивните подеми и падови, и секој лик има еден постојан проблем кој останува и кој е всушност главен проблем без разлика на сите други проблеми кој ќе се јават. Како жени во своите доцни дваесетти и рани триесетти, сестрите консантно се борат да ги балансираат своите волшебни животи со своите секојдневни, професионални животи (професионалната кариера на Пру, студиите на Фиби и подоцна нејзината работа(и), сопствеништвото на Пајпер кон клупот и подоцна нејзината улога како мајка, и прифаќањето на Пејџ на магијата како еден од главните делови од животот). Уште еден проблем на сестрите кој ги следи насекаде се љубовните животи, и проблемите кој се создаваат поради тоа што сестрите мораат да кријат важен дел од нивните животи за да им успеат човечките врски, и криењето на забранетите врски со членови на волшебното опшество од останатото волшебно опшество: Конфликтот на Пајпер и Лео со старешините и љубовта на Фиби кон полу демонот Кол.
Смрт на главните ликови
[уреди | уреди извор]Како што сестрите мораат да се борат со разни мрачни сили, смрта е „вообичаен“ настан во нивните животи. Секоја сестра има умрено на поинаков начин во текот на серијата, со тоа што Пајпер и Фиби посебно умираат 9 пати, Пејџ умира 7 пати и Пру умира 3 пати. Исклучувајќи ја смрта на Пру на крајот од третата сезона, секогаш на некој начин успеваат да останат живи.
Како и да е, не секоја смрт во „Волшебнички“ е вратена во живот; така што неколку споредни улоги умираат без да бидат оживеани, како што се: Енди, Кол (вториот пат), Кајл Броди и возрасниот Крис. Иако, Крис, Кајл и Кол се појавуваат во епизоди по нивната смрт, никој од нив не е оживеан: Кајл и открива на Пејџ дека станал белосветец, Кол станува лимбо (ја чува Фиби скриено и тивко) и Крис се појавува со тоа што доаѓа од друга иднина.
Откривање и штитење на магијата
[уреди | уреди извор]Во светот на Волшебничките, постоењето на магијата како и добрите и лошите сили остануваат скриени од страна на човечкото општество. Како главен проблем на сестрите во текот на серијата е наоѓањето начин да се борат со силите на злото без да откријат дека се волшебни суштества. Во текот на серијата, сценаристите пишуваат епизоди во кој детално можеме да видиме кој се последиците ако магијата е откриена. Приметливо е во втората сезона во епизодата "Morality Bites", каде се гледа погубувањето на Фиби во алтернативна иднина; во финалето на третата сезона "All Hell Breaks Loose", што доведува до смрта на Пру; и финалето на седмата сезона "Something Wicca This Way Goes", доведува да сестрите па и Лео да ја изглумат нивната смрт и да заземат нови идентитети.
Епизодата од шестата сезона "Forget Me... Not" не запознава со „Чистачите“, група на волшебни суштества кој се способни да ја изменат реалноста и да создадат некаков свет од илузија само да се заштити светот на магијата од откривање. Иако одредени специјално да „чистат“ по волшебничките, сестрите сами си ги покриваат трагите. Откако се претставени, никогаш не е објаснето зошто не се покажани за време на настаните во "All Hell Breaks Loose".
Крадење и замена на моќите
[уреди | уреди извор]Во текот на серијата моќите на сестрите често беа крадени или заменети од страна на демоните. Во првата сезона во епизодата "Love Hurts", Пајпер изрекува магија за да ја замени својата моќ да го запира времето со моќта на Лео да лечи за да може да го излечи од убод на стрела на Темносветец. Магијата беше наменета да ги смени само нивните моќи, но предизвика Фиби да се здобие со телекинеза каде што Пру се здобива со визиите. Во првата сезона во епизодата "Wicca Envy", Пру е наместена од страна на нејзиниот шеф Рех бидејќи украла круна. За да не оди во затвор, сестрите се принудени да ги отстранат своите моќи и да ѓи стават во тегла. Кога се потготвени да ги предадат на Рех, Лео "ја лечи" книгата на сенките со што сестрите повторно се здобиваат со моќи. Подоцна во оваа епизода, сестрите се договараат да ја поништат магијата и да си ги задржат моќите засекогаш.
Во втората сезона во епизодата "How to Make a Quilt Out of Americans", стара другарка на бабата на сестрите, Гејл Алтмен, и нејзините две другарки изрекуваат една магија од книгата на сенките да ги даде нивните моќи на демонот по име Крито во замена да станат малди. Но кога тој ја прави само Гејл млада а ги убива другите, им ја кажува на сестрите магијата што тие ја искористиле и тие си ги враќаат моќите.
Во седмата сезона во епизодата "Ordinary Witches", Фиби е убедена дека Пајпер мора да ја види визијата на светот без демони кој го ветуваат аватарите. Но додека ја кажува магијата моќите летаат низ прозорецот и влегуваат во двајца обични луѓе. На почетокот овие луѓе се исплашени но потоа уживаат во моќите и одрекуваат да им ги вратат на сестрите. Кога Фиби им ја покажува визијата тие им ги враќаат моќите и се останува одлично. Во седмата сезона во "Something Wicca This Way Goes", Занку фрла напивка за да и ги украде моќите на Фиби, напивка да и ги украде моќите на Пајпер, но за среќа Пејџ успева да си ги задржи моќите со тоа што напивката Занку ја фрла на астралната Пејџ. Подоцна го убиваат Занку заедно со нексусот и допуштаат да сите мислат дека тие се мртви но тие само ги лажираат индетитетите за да водат живот без демони далеку од магијата.
Измени во серијата
[уреди | уреди извор]Во овој 8 годишен курс, „Волшебнички“ претрпе многу измени, вклучувајќи и ја оставката на голем дел од кастот и снимачката екипа. Додека се случувале овие измени продуцентот Бред Керн бил присилен да го скрати буџетот, но иако го крател буџетот со што значи дека морал да отпушта некои глумци, направил да јавноста помисли дека се е во ред и дека отставката на повеќето од кастот е намерна и е бидејќи така е сценариото. Ова прави да сите обожаватели помислат дека само серијата станува се подобра.
Потенцијални измени
[уреди | уреди извор]- Оригинално, Лори Ром била одбрана да ја глуми Фиби во неприкажаната прва епизода на Волшебнички. Но кога било време да се пушти првата епизода во јавноста Лори Ром била недостапна. Продуцентот Арон Спелинг ја повикал Алиса Милано, поради нејзиното гостување во Мерлоуз Плејз да ја замени Лори.
- Многу работи во текот на серијата ја менуваа структурата на приказната што создаваше конфликти помеѓу гледачите. Во првите 6 епизоди не беше објаснето дека книгата на сенките е недопирлива од страна на злото, ова се открива тек во 7 епизода. Врската на девојките со татко им се менува многу во текот на серијата, (прво се дознава дека тие немале никаква врска со татко им всушност не ни го познавале, потоа дека тој бил против се тие што прават и уште многу работи.)имињата на мажовите на баба им се менуваат исто така и животот на мајка им.
- Антони Денисон оригинално го игра таткото на девојките во епизодата "Thank You for Not Morphing" во првата сезона. Оваа епизода кажува дека името на татко им е Виктор Халивел, што подоцна довело до тоа да биде Виктор Бенет (со едно "T"). Семејното дрво во "Pardon My Past" го има наведено како Виктор Џонс. На крај, името на овој лик останало Виктор Бенет но овој пат со 2 T.
Измени во структурата на приказната
[уреди | уреди извор]Помеѓу втората и третата, сценаристот и продуцентот Констанс М. Бург ја напушта филмсата екипа и ја дава својата бивша титула на Бред Керн. Бург продолжува да продуцира други серии, но останува како консултат до четвртата сезона. Оставката на Констанс се резултира на серијата со тоа што се менува структурата на приказната на различен начин. Другиот продуцент им дава поголема важност на приватните животи на улогите.
Оставката на Шанен Доерти
[уреди | уреди извор]На крајот од третата сезона, Шанен Доерти ја напушта серијата и ова се резултира со тоа што нејзината улога Пру умира и наместо неа се запознаваме со ликот на Рос МкГовн Пејџ. Иако во епизодата, "Death Takes a Halliwell" ангелот на смрта ја предвидува смрта на Пру, "All Hell Breaks Loose" (финалето на третата сезона) останува како епизода во која Пру умира но како и да е во првата епизода на четвртата сезона смрта на Пру е официјално остварена.
Измена на времегледаноста
[уреди | уреди извор]Кај нас серијата почна да се емитува кога во Америка беше почната 7 сезона. Серијата се емитуваше во 23:00 часот од понеделник до петок. На половина од 1 сезона многу гледачи се бунеа бидејќи серијата е доцна емитувана е не се во можност да ја гледаат, затоа А1 телевизија им овозможи на гледачите репризи секој ден во 14:30. Во текот на третата сезона серијата беше понекогаш емитувана и во сабота а многу ретко и во недела. Кога во Македонија заврши 7 сезона, А1 престана со емитување на серијата. По неколку месеци серијата се врати со последната сезона но овој пат само во среда и тоа во 22:00 часот. Кога серијата ги емитуваше последните епизоди се направи во среда да има по две епизоди ова траеше две три недели кога серијата конечно заврши.
Измени во универзумот на Волшебничките
[уреди | уреди извор]Во првите три сезони, серијата „се врти“ повеќе околу „нексусот“ и работата на сестрите како вештерки т.е. како тие учат сè повеќе за вештерството, и се запознаваме повеќе со суштества како што се Белосветците и Темносветците (нивните соперништва и интриги) исто така и со суштества од митологијата како на пример со Страшилата (суштествата од кој се плашат малите деца кој живеат под креветот или во плакарот на англески: Воogyman) Баншите и Виндигоата.
Во третата сезона, беше откриено дека ако возрасните сакаат да ги видат самовилите, тие мораат да си фрлат магија или да веруваат во самовили и да бидат попрскани со магичен самовилски прав. Како и да е, по ова, сите три сестри може да ги видат самовилите, вклучувајќи ја Пејџ, која никогаш ја немаше кажано магијата ни беше попрскана со магичен прав.
Некаде од четвртата сезона некои работи се менуваат кога станува збор за магичното општество. Почнуваме да се запознаваме со суштества од различна митологија (на пример грчката па и романската). Се запознаваме и со суштества кој ги слушаме и од приказните како што се леприконите и џуџињата. Ова се случува поради недостаток на идеи и затоа единствена идеја на продуцентите била да ја зачинат серијата со работи од различни држави од цел свет.
Скратување на буџетот
[уреди | уреди извор]Скратувањето на буџетот доведува до многу мали и помалку големи измени во серијата кај некои сезони.
- Скратувањата на буџетот предизвика демоните да станат односно да личат повеќе на луѓе а не на чудовишта во скапи костуми и со есклузивна шминка (вакви демони се појавуваа во целата прва сезона и почетокот на втората, вакви демони се појавуваат и подоцна, но сепак демоните со човечки изглед е најчестиот лик на демоните).
- Еден од најприметливите скратувања на буџетот беше одлуката на WB да ги исклучат Брајан Краус и Дориан Џорџ од осмата сезона. Како што Бред Керн кажа во повеќе интервјуа, тој морал да го реконструира буџетот за да го вклучи Краус во 12 епизоди и за да ја избегне дури и помислата да ја заврши приказната за ликот на Брајан. Доволно пари беа зачувани за да може Брајан да учествува во последните две епизоди. Како и да е, ликот на Дориан беше отфрлен комплетно и засекогаш, со тоа што неговото последно појавување било во финалето на 7 сезона.
- Во едно интервују во списанието „Волшебнички“ за време на осмата сезона, Бред Керн открива дека во осмата сезона, продуцентите Арон Спелинг и E. Дјук Винсент и некои од филмската екипа одлучиле да си ги смалат платите само за да се одржи квалитетот на серијата, со тоа буџетот беше намален за 20 проценти.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „TV Winners & Losers: Numbers Racket A Final Tally Of The Season's Show (from Nielsen Media Research)“. Entertainment Weekly. 4 јуни 1999.
- ↑ „TV Ratings 1999-2000“.
- ↑ „TV Ratings 2000-2001“.
- ↑ „How did your favorite show rate? (2001-02)“. USA Today. 2002-05-28. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „2002-03 Ratings“.
- ↑ „2003-04 Ratings“. ABC Medianet.
- ↑ „2004-05 Primetime Wrap“. Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 2005-12-26. Посетено на 2008-04-19.
- ↑ „2005-06 Primetime Wrap“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот 2006-12-08. Посетено на 2008-04-19.
|