Визија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Визија
Визија
Биографски податоци
Потекло Скопје
Жанрови рок
алтернативен рок
Период на активност 2011-
Членови
Марко Џамбазоски
Марко Гапо
Лилјана Јанкова
Синиша Ѓорѓевиќ

Визија е македонска рок група оформена во ноември 2011 година[1][2][3][4] во Скопје.

Музиката која овој бенд ја изведува се заснова на рок жанрот, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Еден од првите настапи на Визија беше на „Т’к – так фест 2012“ во Кавадарци, фестивал посветен на прерано починатата рок легенда Трајко Каров, каде што бендот успеа да биде награден, а веднаш потоа следува настап на престижниот „Таксират“ – Скопје. Првиот настап на бендот надвор од територијата на Македонија е на „Складиште фест“, во Крушчиќ, Србија на 1 јуни 2013 година, а неколку дена подоцна Визија настапи во ревијалниот дел на „Т’к – Так Фест“ во Кавадарци. Еден од најголемите успеси на бендот бил настапот на „Заечарска гитаријада[3] во август 2013, откако биле единствениот македонски бенд кој се најде во најдобрите 12 балкански рок групи кои настапиле пред 30.000 публика. Една година подоцна, Визија настапува на Јелен Демофест во Бања Лука каде што добива одлични критики, а во рамките на програмата „Rock 'n' pop the borders", бендот бележи концерт во бугарскиот град Благоевград. Во декември истата година, Визија настапи на јубилејното 30-то издание на Рок фест, каде што Марко Џамбазоски ја освојува наградата „најдобар гитарист“ на фестивалот. Бендот исто така има настапено на уште дел од поголемите балкански рок фестивали како што се „Миксер“ - Белград, „Лејк Фест“ - Никшиќ, „Пиволенд“ - Скопје итн.

Покрај овие настапи, Визија добива позитивни критики од британската музичка страна „Emerging Indie Bands“, која на нејзината листа од најдобри 90 нови бендови ширум светот за 2014 година, ја поставува Визија на 7-мото место[5], како и американската радио станица „WMBR“, која ја вбројува песната „Гласот на мојата душа“ меѓу најдобрите за 2013 од територијата на поранешна Југославија[6].

Во декември 2016 година, Визија го издаваат нивниот прв студиски албум насловен „Гласно!“ кој брои 9 песни, а концертната промоција на албумот беше одржана во МКЦ - Скопје, на 8 декември 2016. [7][8]

Членови[уреди | уреди извор]

Студиски албуми[уреди | уреди извор]

  • „Гласно!“ (2016)

Синглови[уреди | уреди извор]

  • „Гласот на мојата душа“
  • „Паѓа мрак“
  • „Психопат“[9]
  • „Илузија“
  • „Живеј“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ВИЗИЈА“ ЌЕ ЈА РАЗМРДА РОКЕНРОЛ-СЦЕНАТА http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DE6B44D9A9367A46B2D2BF42881091FD
  2. Млади таленти: Групата „Визија“ до нови успеси на музичката сцена http://www.kukuriku.mk/mladi-talenti-grupata-vizija-do-novi-uspesi-na-muzickata-stsena/
  3. 3,0 3,1 „ВИЗИЈА“ ВО ФИНАЛЕТО НА „ГИТАРИЈАДА“ ВО ЗАЈЕЧАР http://mmm.com.mk/vesti/domasni/1374-vizija-na-gitarijada-vo-zaecar
  4. http://emergingindiebands.com/vizija-alt-rock/
  5. http://emergingindiebands.com/new-year-ninety-2015-10-to-2/
  6. http://pipeline.wmbr.org/late-risers-club-playlist-january-8-2013-best-of-2013-punk-music-from-the-yugosphere/
  7. „Визија“ го промовира деби-албумот „Гласно!“http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%92%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%93%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%BE&id=645cc9e6-6c22-4de4-a8ad-680c5e83fae7
  8. ГЛАСНО! Промовиран првиот албум на „Визија“http://www.mkd.mk/kultura/muzika/glasno-promoviran-prviot-album-na-vizija
  9. „Психопат“ нов сингл на македонската музичка група Визија http://www.timemachinemusic.org/2013/03/%E2%80%9Cpsihopat%E2%80%9D-novi-singl-makedonske-grupe-vizija/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]