Борјан Јовановски
Борјан Јовановски | |
---|---|
Роден(а) | 1969 Скопје |
Националност | Македонец |
Државјанство | Македонија |
Занимање | Новинар |
Активен период | 1991 - сè уште |
Сопружник | Амернис Нокшиќи |
Роднини | Мето Јовановски (татко) |
Страница novatv.mk slobodenpecat.mk |
Борјан Јовановски — македонски новинар од 1991 година. Тој е син на познатиот македонски писател Мето Јовановски.
Кариера
[уреди | уреди извор]Јовановски е новинар од 1991 година. Кариерата ја започна во Радио Скопје, а ја продолжи како ТВ новинар во А1-телевизија. Кон крајот на 90-тите беше дописник од Брисел за МТВ И А1-телевизија. По враќањето од Брисел беше автор и водител на емисијата "Еврозум" која како независна продукција се емитуваше на повеќе телевизиски станици. Со својата продукциска куќа Еуровижн, Јовановски го реализираше серијалот на документарни филмови "Европски приказни". По затворањето на А1-телевизија беше ангажиран од регионалните телевизии Н1 и Ал Џезаира како водител на емисијата "Балкан у Европи". Јовановски беше еден од основачите и главен уредник на порталот Нова ТВ.мк заедно со Биљана Секуловска. Куса пауза со новинарството направи во 2003 година кога беше портпарол на претседателот Борис Трајковски. Одреден период работеше и во телевизиите ТВ Телма и 1ТВ. Од 2020 до 2023 година работи во ТВ 21 како водител и новинар на емисијата Клик плус а потоцна на 21 анализа. Во 2023 година, заедно со неговиот колега Сашо Ордановски, се автори и водители на емисијата "Политиканти" која се емитува на Слободен печат. Сега Борјан делува како независен новинар ангажиран на повеќе проекти. Работи како дописник на Еуроњус од Македонија. Во својата 30 годишка кариера добитник е на наградите Крсте Петков Мисирков и наградата на МИМ за истражувачко новинарство.
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда "Крсте Петков Мисирков"
- Награда "МИМ" за истражувачко новинарство.