Прејди на содржината

Мето Јовановски (писател)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мето Јовановски
Роден 26 октомври 1928
Брајчино, Кралство Југославија
Починал 23 декември 2016(2016-12-23) (возр. 88)
Скопје, Македонија
Деца Борјан Јовановски (син)

Мето Јовановски (26 октомври 1928 , Брајчино23 декември 2016 , Скопје) — македонски раскажувач и романописец и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа негов почесен претседател.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Мато Јовановски е роден во преспанското село Брајчино, на 5 октомври 1928 година. Средното образование го завршил во Битола, а во Скопје ја завршил Вишата педагошка школа, како вонреден студент. Работел како учител во ресенските села и во Пиринска Македонија, а потоа се вработил во Скопје, каде работел во Главниот одбор на Културно-просветните организации. Неколку години бил соработник на весникот „Нова Македонија“, а потоа бил професионален уредник на книжевниот весник „Хоризонт“. Исто така, учествувал и во уредувањето на списнаијата „Млада литература“, „Современост“, „Културен живот“ и „Книжевна трибина“.[2]

Јовановски, бил претседател на македонскиот ПЕН Центар. На 9 ноември 2006 година заедно со Слаѓана Тасева ја основал невладината организација за борба против корупцијата „Транспарентност - нулта корупција“. Исто така, бил дел од уредничките тимови на списанијата „Современост“ и „Хоризонт“.

Мето Јовановски бил погребан во неговото родно село Брајчино.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Јовановски почнал да објавува раскази во 1951 година, а во 1956 година ја објавил збирката раскази „Јадреш“. Следната година ја објавил сатирично-хумористичната повест „Хајка на пеперутки“, која е првата книга од тој род во македонската книжевност. Во 1954 година се појавил неговиот роман за деца „Луман арамијата“ кој доживеал повеќе изданија, а во 1959 година ја објавил втората збирка раскази, „Мени на мојата месечина“. Во 1960 година бил објавен на словенечки јазик избор од неговите раскази, со наслов „Натежнати ѕвезди“. Покрај тоа, во текот на 1956 година ги објавил романот „Земја и тегоба“ и повеста „Слана во цутот на бадемите“, додека во 1970 година се појавил романот „Сведоци“.[3]

Јовановски најчесто обработува теми и мотиви од обновата и изградбата на Македонија во периодот по Втората светска војна, а понекогаш и од НОБ. Раскажува реалистично и мошне живо.[4]

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Збирките раскази

[уреди | уреди извор]
  • „Јадреш“, 1956
  • „Мени на мојата месечина“, 1959
  • „Првите човекови умирања“, 1971
  • „Патот до осамата“, 1978
  • „Крстопат кон спокојот“, 1987
  • „Љубовта на Грифонот“, 2005.
  • „Хајка на пеперутки“, 1957
  • „Слана во цутот на бадемите“, 1965
  • „Земја и тегоба“, 1968
  • „Сведоци“, 1970
  • „Будалетинки“, 1973
  • „Орловата долина“, 1979
  • „Крлежи“, 1984 и
  • „Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992.

Книги за деца

[уреди | уреди извор]

Автор е и на патописот „Клучевите на Манхатан“, 1983, а има напишано и радио и тв-драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“ (1978) и на лексиконите „Кој е кој, што е што“ (1963) и „Мал литературен лексикон“ (1971).[5] Негови дела, особено расказите, се објавени на повеќе светски јазици. Преведува од англиски и руски јазик.

  1. 1 2 „Почина Мето Јовановски“. Макфакс. Скопје. 24 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-12-25. Посетено на 24 декември 2016.
  2. „Мето Јовановски: Луман арамијата“, во: Мето Јовановски, Луман арамијата. Култура, Скопје, 1974, стр. 63.
  3. „Мето Јовановски: Луман арамијата“, во: Мето Јовановски, Луман арамијата. Култура, Скопје, 1974, стр. 63.
  4. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 91.
  5. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 109.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]