Прејди на содржината

Сашо Ордановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сашо Ордановски
Роден(а)11 јули 1964(1964-07-11)(60 г.)
Скопје,  СР Македонија
НационалностМакедонија Македонец
ДржавјанствоМакедонија Македонија
ЗанимањеНовинар, политички аналитичар
Страница
civilmedia.mk
slobodenpecat.mk

Сашо Ордановски (р. 11 јули 1964 во Скопје) — македонски новинар и политички аналитичар. Завршил студии по новинарство на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со новинарство почнал да се занимава во почетокот на 1980–тите, а првиот новинарски текст го објавил 1984 во „Млад борец“.[1] По згаснување на „Млад борец“ во раните 1990-ти, Ордановски преминал во неделникот „Пулс“. Во својата професионална кариера бил директор и главен уредник на МТВ (1994–1996),[2] главен уредник на списанието „Форум“ (1997–2007),[3] како и директор на телевизијата Алсат М (2008–2011).[4] Одредено време бил и претседател на невладината организација „Транспарентност Македонија".[5] Има направено интервјуа со повеќе светски политичари, меѓу кои и американскиот претседател Бил Клинтон. Бил еден од продуцентите на холивудскиот филм „Миротворец“ од 1997 со Џорџ Клуни и Никол Кидман во главните улоги. Од 2018 до 2019 година работел во 1ТВ како водител и уредник. Во период (2019-2022) бил главен и одговорен уредник на емисијата "Утрински брифинг" и Слободен печат. Од 2023 година, заедно со својот колега новинарот "Борјан Јовановски" се уредници на емисијата "Политиканти".мк која прва и втора сезона се емитувале на "Слободна ТВ", а од трета сезона се прикажува на Инфомакс.

  1. „Трибина „Студентските медиуми". Култура. 26 март 2013. Посетено на 14 октомври 2013.
  2. Македонска енциклопедија (втор том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1081
  3. „Сашо Ордановски нов директор на Транспарентност Македонија“. ИдиВиди. 14 септември 2006. Посетено на 14 октомври 2013.
  4. „Канал 5 остана без главен и одговорен уредник“. Кајгана. 3 јули 2008. Посетено на 14 октомври 2013.
  5. „Сашо Ордановски нов претседател на „Транспарентност Македонија". Утрински Весник. 16 октомври 2006. Посетено на 14 октомври 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]